Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Гомна Мерино Мартинели малиот Скели си ги заборавил мадината дома едно додавање према напред не направи Хаверц стандард ветрушка се на се катастрофална утакмица најлоша оваа сезона.Артета исто катастрофален го вади Рајс а го остава Мерино кој беше тотално отсутен го вади Одегард на сметка на дете додеа Језус кога и да влегол како да играме со играч помалце и сеуште му дава шанса.
 
Ич не ми се допаѓа како играме, без идеја, без драж, без ништо.
Артета сака да има дефанзивна стабилност, ама не може тактиката да ти се сведе на гол од прекин или крилата да направат некоја магија против 3ца противници.
И лани и оваа сезона повеќето тимови ни играат бункер, зошто мора да имаме два инвертирани бекови во средниот ред кога може барем еден од бековите да напаѓа и да му даде опција на Сака или Мартинели да може да проиграат некоја комбинација или пак да му одвлече еден од противничките играчи.
Левата страна не функционира од кога си замина Џака, десно Одегард го гуши Сака, ќе му подаде топка и го гледа ко теле овој се мачи против тројца маркери, Тимбер непотрено кисне во среден ред место да втрчува позади Сака или пак Одегард да направи некое динамично движење.
Мора нешто да менува Артета.
Стерлинг па за кој кур го земавме кога не му се дава шанса.
 
Без Сака во најтешкиот период :mad:
Сезонава ништо не иде од рака.
 
Лоша е играта, џабе цела иницијатива кога на крај нема никаква креирана шанса. Мартинели и Одегард беа доста лоши во најголем дел од натпреварот, грешеа пасови, на прием им се одбиваше топка, креирани шанси преслабо, првиот не знам ни играч дали помина. Поголема е шансата преку Рајс и Скели да создадеме шанса. Со отсуството на Сака процентот на шутеви од раб на шеснаесетник ќе се намали за 50%. Тросард и Хаверц може се планирани како играчи за ротација, но цело време се активираат кога сме мртви во напад и не вадат со битни голови. Сепак далеку е ова од доволно ако сакаме да дадеме бар отпор на Ливерпул.
 
Има време до крај, ама голов што го примија :facepalm:
 
Нападов многу лош не знам како си дозволија да дојдат до ова ниво Мартинели катастрофа цела сезона Језус ветрушка не е за напаѓач Нуванери сеуште е дете а нема некоја конкретна најава за квалитетно засилување тешко ќе даваме голови овај период.
 
Па редно беше Мартинели да покаже нешто сезонава.
 
Same old, same old. Ако некој менаџер е во криза, тука е Арсенал да му ја спаси кариерата. :facepalm: Па мрш, на умрен јунајтед ваква игра.
 
Барем една да погодеше Каи..
 
Пет пати му шутираат на исто место, кретенот земал се на другата страна се фрла...
 
Жива катастрофа цела утакмица потребни се играчи во напад не знам што чекаат ако го чекаат Исак тогаш бадијала чекањето настрана што Нукасл ќе бараат 150м а овај е ветрушка исто како Хаветц со малку подобра техника. Нас потребен ни е еден Осмех или па и Влахович би го зел некој кој знае да се загради да постигне гол со глава а ги бидува и со нога за Ѓокереш не знам слабо игра со глава не знам колку ќе одговара на нашиов сиатем на играње.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom