Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
На сите пријателски одбраната ни беше тиња.
 
Рамсдејл изгледа очајно на пријателскиве, со нога не може ништо да погоди, сите у аут ги лупа или на никој.
 
Не е можно ова, сите по иста страна шутнаа на пенал серија :LOL:
Се надевам дека е поради тоа што се пријателски и се игра послободно, инаку Сити во недела има да лупнат петарда ко од шала.
 
Нкетија ако ни е на почеток на сезона првотимец го ебавме ежот според мене. Нема квалитет дечково според мене ни за клупа а сеа со повредата на Жезус ако го исфорсираат ќе се мачиме. Иначе доста проблеми во одбраната имаме некако не е стабилна ич мора да се подобрат во тој сегмент а можеби имполабаво делуваат на пријателскиве сега нареднава со Сити ќе покаже до кај сме во некој сегменти.
 
хаха џабе е со Нкетија...чоекот и да има перфектна утакмица пак ќе се хејта.
 
хаха џабе е со Нкетија...чоекот и да има перфектна утакмица пак ќе се хејта.

Јеп, исто како Џака, без разлика што имаше утакмици кај што ни бил најдобар, цело време беше хејтан.

Не знам што лошо видовте од Нкетиа вчера, да играше напред со Сака/Тросард/Одегард од старт, ќе имаше уште 2 гола.

Не знае човекот да игра комбинации како Жесус, ама вчера беше солиден. Башка пресинг правеше сам (и некогаш со Мартинели), пошто нити Виера, нити ЕСР нити Рајс беа на висина на задачата со пресингот.

Проблемот не ни е проблемот моментално со Еди, проблемот е што цела екипа е исклучена, посебно средината и одбраната. Тоа што очекувате вие Еди да е Халанд е друга работа.
 
Понуди го на пазар па ќе видиме кој ќе се заинтересира за него освен Евертон,Бурнмут,Лутон и Шефилд. Исти Волкот,Бендтнер,Гибс,М Мајлс и слични играчи комбинација од просек кој цел живот ќе го чекаш да го биднит а знајш дека тоа е тоа од него.
 
Понуди го на пазар па ќе видиме кој ќе се заинтересира за него освен Евертон,Бурнмут,Лутон и Шефилд. Исти Волкот,Бендтнер,Гибс,М Мајлс и слични играчи комбинација од просек кој цел живот ќе го чекаш да го биднит а знајш дека тоа е тоа од него.

Ама тоа што ти очекуваш да имаме резервен напаѓач што ќе го бараат Ливерпул, Сити, Челзи и Јунајтед е твој проблем.
Пак да потенцирам, Еди НЕ Е прва опција, Жезус е. Ако се повреди Жезус месец дена не може да фрлиме 60 милиони на нов напаѓач.
 
Кога барате резервен топ играч на секоја позиција немојте да заборавите 2 проблема: ако играчот е толку добар нема да сака да е резерва туку ќе си бара нов клуб каде што ќе е втора постава, ако веќе се задржи со пари и превисока плата тогаш ќе направи дисбаланс во тимот и ќе се побунат сите други за платите, со што би го уценувале и би се создала нова дисхармонија. Најдобро секој да си прима колку заслужува и колку што му е голема улогата во тимот, си има играчи ко Нкетиа, Елнени и Тобијасу што големо достигнување им е што играат во клуб како Арсенал и сфаќаат дека ако Арсенал сака да е шампионски тим они ќе мора да имаат резервна улога. Тие Балогун и останатите што би ги спомнале, не забораајте дека може не сакаат и прифќаат да се резервна улога во тимот, бараат повисоки плати итн итн, се си има своја причина, после долго време јас сум задоволен како е менаџиран клубот. Дно на менаџирање беше 2018 таму некаде, после тоа нагорна линија само одиме.
 
Ама тоа што ти очекуваш да имаме резервен напаѓач што ќе го бараат Ливерпул, Сити, Челзи и Јунајтед е твој проблем.
Пак да потенцирам, Еди НЕ Е прва опција, Жезус е. Ако се повреди Жезус месец дена не може да фрлиме 60 милиони на нов напаѓач.
Очекувам тој втор резервен напаѓач макар да е друг профил на напаѓач а не скоро па ист. Очекувам да е корпулентен,добар во скок игра,дуел итн не очекувам да е Халанд или Мпабе. Нкетија џабе се форсират неколку години исто ко тие шо ги набројав погоре цело време ги чекаш а знајш дека џабе тој им е капацитетот ако имаш шампонски цели мора да имаш и силни резерви,достојни и кои ја прифаќаат таа улога. Балогун може неќе да е резерва и ако неќе нека фаќа пат ама ќе испаднит глупав зашто Жезус ќе си се повредит 2-3 пати годишно тука му е шансата да се наметнит а Нкетија џабе дечково ми давам 2-3 год максимум да останит овде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom