Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе има некој стрим?
Една од малкуте страни што не ја скинаа поради пиратерија е LiveTV, така да таму чекај пред почетокот на натпреварот, јас таму гледав со MLS All Stars пријателската и супер си беше сликата и преносот.
 
Ќе има некој стрим?
Кај нас ги даваат на manutd апликацијата и на manutd.com. Ако не се снајдеш со други страни, пробај таму да ја гледаш. (најверојатно ќе треба да се регистрираш прво)
 
Што експериментира со Томијасу на на лев бек незнам глупости кога си зинченко и Тирни се тука. Не делуваме добро ама има 3ца нови играчи во почетен плус не ме засегаат ниту загрижуваат пријателскиве сепак мислам дека Парти мора да се задржи оваа сезона во тимот барем до зимоска минимум.
 
Таман си е, на пријателски се експириментира, али од експериментиве на Артета за сега ништо корисно не видовме, Хаверц не може да игра на позиција на Џака, Рајс никогаш во живот нема има играно сам во средина со две 10ки пред него( ко Родри,Фабињо или Бускетс).
Имаше добитна комбинација со Парти-Џака-Одегард и да ја уништиш цела динамика во среднот ред нема смилса.
Најдобро сценарио според мене е да се планира Хавертц за ЦФ, да се продадат Нкетиа и Балогун и да се донесе некој класа ЛЦМ.

Фабио Виеира сместа на позајмица во Рио Аве.
 
Таман си е, на пријателски се експириментира, али од експериментиве на Артета за сега ништо корисно не видовме, Хаверц не може да игра на позиција на Џака, Рајс никогаш во живот нема има играно сам во средина со две 10ки пред него( ко Родри,Фабињо или Бускетс).
Имаше добитна комбинација со Парти-Џака-Одегард и да ја уништиш цела динамика во среднот ред нема смилса.
Најдобро сценарио според мене е да се планира Хавертц за ЦФ, да се продадат Нкетиа и Балогун и да се донесе некој класа ЛЦМ.

Фабио Виеира сместа на позајмица во Рио Аве.
Мислам да почневме со ЕСР или Тросард место Хаверц, подобро ќе изгледаше Рајс како осамен дмф дека за разлика од Каи двајцата бараат топка.
Малце ми е криво што кога фрливме 60м на Каи за да игра позиција од Џака можевме да го земеме Мек Алистер али тоа е…
 
Па Хавертц реално на она позиција шо го играт не ни очекувам многу од него. Тросард мислам дека заслужува повеќе шанса а и од кога е дојден јас сум презадоволен од него. Ќе видиме како ќе ја темпираат формата и како ке изгледаат пред се во Комјунити Шилд натпреварот тогаш некој работи ќе се појасни. Има многу ликови што не им е местото во Арсенал и мора да се чистат Нкетија би го продал одма Балогун не добил шанса за разлика од овој утов. Нека го увалат во Форест,Евертон,Борнмут тој му е капацитетот.
 
Сеуште не можам да е замислам улогата на Хавертц во Арсенал како вчера сигурно не можи да игра Рајс е оставен сам назад и лесно е да до исфрлиш од игра да не можи да покрие.Хавертц од што го има гледано најмногу би му лежело 10 ама тука сне покриени со Одегард,Виера,ЕСР тотално непотребен трансфер од моментален поглед за тие пари плус нешто ситно подобро да донесеа некој како Каиседо или пак курпулентен напаѓач како Влахович или Хојлунг се надевам Артета знае што прави и ова не се залудно потрошени пари.
 
Хавертц може да биде добар против послаби екипи кои се напикани во 16-ец и се бранат 90 минути.
Против појак противник како Јунајтед вчера, со еден назад, ќе не отворат како паштета.

Него, Одегард вчера делуваше по дефанзивно од Хавертц.
 
Средината со која ќе се игра е Рајс - Парти и Одегард како амф, според мене одлично би функционирале, Хавертц ќе се пробува од амф, па крила, до најистурен напред, дур не му се најде позицијата, за сето ова време би влагал од клупа. Е сега дали вреди толку пари фрлени за играч кој влага од клупа, веројатно не, ама прво да го видиме придонесот па да судиме. И Артета е свесен дека идеалното би било Хавертц да може да го замени Џака, бидејќи фали играч кој може да е ефикасен на двете страни на теренот и одбрана и напад, затоа и му се пријателските за да види дали е тоа изводливо, ако не, тогаш Хавертц ќе има улога како Тросард лани, односно прв човек кој влага од клупа (ко 6th man во кошарка). Има играно на повеќе позиции, па затоа е и донесен да може секаде да покрие и замени во случај на повреда, ова му се одбројани уткамици на Нкетиа да се види дали може да се наметне, во не дај боже сценарио повреда на Жезус, токму Хавертц би го ставил Артета напред, а не Балогун и Нкетиа (ако останат во клубот).
 
Гледаше некој или сите спиевте?
 
Ова не беше пријателска утакмица, си ебаа мајката прво полувреме, 30 фаула :D

Иначе се познава дека сте многу поише у форма од нас, 4-5 имате пријателски, нас ни е 1ва.
Сака и Одегард ви се ѕверови, а за Парти и Тросард мора да најдете место у прв тим, па и по цена на Мартинели и Хаверц. Искинаа дечките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom