Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Скапо го плаќаме играњето исти играјачи 28 кола без ротации. Се надевам летото ќе го закрпат составот со квалитетна клупа, па да се надеваме на подобра сезона (не дека оваа беше лоша... но кога најмногу се очекуваше, потфрлија)
 
Пресметан пораз за да се остави Тотнам без ЛЕ :ROFLMAO:
 
Отепани се играчите и ова шо го прат се со надчовечки напори, и то е то.

2ро место, not bad, ама мора да се купат уште 5 играчи летово.
 
Фановиве што одат на утакмициве се мрши. Го испразнија стадионот за 5 минути, а тимов сезонава остави се и далеку ги надмина очекувањата.

Жал ми е само што сезонава ни заврши со една летаргична партија. Тотална доминација на Брајтон.
 
Фановиве што одат на утакмициве се мрши. Го испразнија стадионот за 5 минути, а тимов сезонава остави се и далеку ги надмина очекувањата.

Жал ми е само што сезонава ни заврши со една летаргична партија. Тотална доминација на Брајтон.
Се слагам, не е срам за клубот да се изгуби 0:3 дома, губеле тимови и по многу повеќе, срамота е да снима камерата редици како напуштаат, празен стадион на минимум 15 минути пред крај на дуелот (заедно со продолженија), а клубот сеуште се бори за титула и треба ти да си му ветер во грб до последна секунда да направи пресврт, да веруваш дека има шанса за пресврт, кога играчите немаат енергија ти да си енергетскиот буст што ќе ги натера со последни сили уште некој шпринт/пресинг да извршат... Притоа тимот има најдобра сезона со најмногу освоени бодови во последни 19 години и игра повторно добар фудбал после 8 години, ајде кога беа очобол имаше алиби за напуштање стадиони, нека е во знак на протест, иако не го поддржувам тоа, ама кога тимот на 3 кола до крај ти е во каква таква битка за титула, ова е неприфатливо и недозволиво, очигледно е до фановите, а не до клубот. Ниеден клуб не победува секогаш, а скоро и да не сум гледал попразни стадиони од нашиот. Притоа оправдувања со гужви од излегување од паркинзи се срамни.

Имаме најскапи билети во лигата, значи претежно бањати луѓе со плава аристократска крв може да си дозволат гледање на натпреварот во живо и сезонски билети, па затоа и вакви тажни слики гледаме.
 
Може да ги видиме ЕСР, Нелсон и Тросард во стартна постава денес, а и против Вулвс, да не влегуваат пак во garbage time и на вакви дуели.
 
Нелсон се разболел, нема среќа човеков
 
Загрижувачка е невидливоста на Сака и Жесус во битни моменти.
Автоматски споено мислење:

Загрижувачко е тоа што играчиве немаат волја, ни жар за борба... Доста разочарувачки крај на една прекрасна сезона.
 
Ова е дефинитивно најслаба партија сезонава, каменизирани се сити, личиме на оној Арсенал до 2021 година кога тимовите што знаеа да играат фудбал не декласираа, а тимовите што беа побоси само не плескаа, евентуално некој да не може гол да даде па 0:0 да заврши, ние посекако не даваме, ова е приказ на тој Арсенал.
Гледајте го само Сака, како да не е истиот играч до март месец, човеков е камен, секој натпревар најслаба карика, нит може прецизен центаршут да упати веќе, нит играч да помине. Пасови во празно, изгубени топки, говор на телото како овчар на кој воз му ги згазил овците, дно допирање.
Искрено стварно сакав да играме овие 2 натпревари со втора постава и да одморат сите играчи, бидејќи колективно се во очајна форма оние од првата, плус да има простор и вториот тим да се покаже, играчи како ЕСР ги снема на мапа а беа најдобри играчи во ланска сезона, а и рака на срце да имаме алиби ако игубиме дека ете со втор тим изгубиме, вака само се посравме на сликата за Арсенал која се градеше цела сезона. Натпревар за заборав и ужасен крај на толку добра сезона.
 
Тоа е тоа.

Лига на Шампиони догодина после долго време.

Следна сезона повеќе - со вистинските засилувања.
 
Разочарувачки крај, исто како лани, одлична сезона и последните неколку кола тотален колапс. :place:

Најискусните играчи потфрлија во клучниот дел од сезоната: Парти, Џака, Хесус, Зинченко, на Сака формата после паузата отиде во надолна линија, тука ќе ги ставиме и повредите на Салиба и Томијасу кои допринесоа најбитната работа во овој систем на Артета да се поремети, а тоа се: изнеусвање на топката од голман до напад по земја, контрола на поседот, играње со висока одбрана.
Цел тим последниве 8 кола ко да отиде во некој паб да се пијанчи, не ги одржаа стандардите што ги поставија во текот на сезоната, се надевам дека ќе се среди овој ментален проблем кај тимот да не премине во "синдром на капитулација" па секоја сезона да го гледаме истиот епилог.

Артета го кривам само за две работи, кои мора да ги научи или подобри за да имаме било каква шанса за титула , а тоа се:
1. Да научи да прави замени, цела сезона генирички измени во 75/80мин, не ме јеби.

2. Да научи да го ротира тимот, со тоа ќе ги одржава свежи да бидат и резервите, а првотимците поодморени, мислам дека сезонава сме тим со најмалце ротации, затоа и многу играчи издишаа при крајот, нека учи од Ферги и Гвардиола како се ротира и темпираа форма за во финишот од сезоната.

Доброто од целава ситуација е што лани се боревме за 4то, колабиравме при крајот, летото со трансфери го подбривме тимов и сезонава се боревме за титула.
Летово очекувам повторно да купиме доста квалитетни играчи па наредна сезона да имаме уште еден POWER UP.

Артета вели дека процесот се уште не е финален и дека со оваа сезона се понапред од проектиранта временска рамка, тоа ми дава некоја надеж дека догодина ќе бидеме уште подобри.

Овој трансфер рок мора да се направат некои клучни одлуки, Артета мора да биде немилосреден кон играчите кои: варираат со форма или се 75% од времето повредени и физички неспремни, не се совпаѓаат во неговиот систем.Продавај се тоа, носи подобри играчи и квалитетни замени, имаме ЛШ за да привлекуваме подобри играчи.

COYG
 
Артета е најмалку крив за формата на играчите. Ова е тежок дефетизам, но разбирливо е после очигледното случување. Не им е лесно нити на играчите да се на чекор до титулата и да ја загубат, па од таму и вакво колективно распаѓање на последните утакмици кои ги играат поради формалност.
За „неуспехот“ се криви раководството на клубот што не запнаа повеќе зимоска да донесат барем уште еден играч. Не може да се лутиме на Артета кога буквално има 13 играчи за игра, ова е максимумот кој можеше да го извади од тој краток ростер. Лично за мене сезонава беше голем исчекор напред во однос на претходните сезони, особено што на терен се претежно млади играчи кои имаат уште многу фудбал во нозете.

Треба уште сега да се мисли на следната сезона и трансфер периодот што следува ќе е клучен. Џака веројатно ќе го напушти клубот што значи дека средината мора да се засилува со најмалку двајца. Не ме чуди и Тирни да замине затоа што сака повеќе минутажа. Ако сакаат да се компетитивни и следната сезона мора да се активни на пазарот и да го искористат моментот што следна сезона играат ЛШ за да привлечат квалитетни играчи.
 
Стрим?
Автоматски споено мислење:

Џака мастерклас на последната утакмица, а ја не глеам...
 
Последно уредено:
Arsenal set a new club record for the most goals ever scored in a 38 game Premier League season, with 88 goals.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom