Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Поради тоа што е ден на жалост. Цела недела коментираат сите така.Само мене ми иде на нерви коментаторот?
Како 3 месеци плата да не земал. Без жар коментира, како мртвило да е на теренот. Не знам дали има врска со тоа што е ден на жалост ама...
Болдираново - коментар на кајгана член за автоголотМартинели многу големо фудбалско iq има. Прво пречката што ја погоди, глејте на кој начин проба да го совлада Поуп и како се ослободи од играчот само со движења на телото, почека сам да си излета противничкиот играч во празно и да си направи простор за шут. Не е она типичното да ја тупи бразилски, самба да игра, секое движење му е промислено. Второ за автоголот, колку беше присебен, не ја пукаше на сила па ако помине - помине, туку одеше странично со лажнаци, збунувајќи 4 противнички играчи иако само еден му оди директно, и да не беше автогол Одегард ја чекаше сам пред гол. А притоа и одличен потег што добро процени колку фор да си даде во дриблингот, за да не му избега во гол-аут, а и за да има доволно сила во нога да упати јак центаршут за да немаат време да пресечат (во случајов автогол да си дадат). Лудило од играч, настрана некои промашени шанси, уште тој аспект не му е идеален (финишот), ама има огромен напредок во споредба со лани и мислам следна година уште толку ќе е подобар.
Браво и за одбраната, точно дека имаа 2 стативи Њукасл, ама одлични стартови имавме, Џака сигурен гол спаси со старт, не беше ова на среќа клин шит, туку со многу пот го изборивме.
Десен бек сме долгорочно решени. Томијасу и Вајт имаат многу слични карактеристики. И не би рекол дека се десен бек, туку подвижен штопер во системот на АртетаДесен бек според мене мора да е приоритет. Вајт ќе покрива на централен. Исто напаѓач од друг тип конкуренција на Жезус.