Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека не беше очекувано, Сити се страшни, темпираа форма за крај, за ЛШ за ПЛ.
Ние издишавме.

Плус Салиба ни е можеби најбитен играч за играта од позади, Холдинг ги праи сите 5 позади послаби.
Мислам дека тоа е тоа сезонава, не верувам Сити да испушти вакво нешто, имаат премногу искуство и квалитет.

Сега само паметно да се изигра летово.
 
Ова е данок на тоа неискуство на тимот и на Артета, мое лично мислење.
Ги уби од играње истите играчи, не му беше тешко на Гвардиола да се припреми кога сите знаевме каков тим ќе истрча на терен.
Ја мислам дека грешка е на Артета што не ротираше повеќе со играчите, и тој се изгуби самиот себе во ова трка за титула.
Со зор убавина не бидува велат старите.
Требаше повеќе шанса да добијат и другите играчи, шанса не е 10 минути у три месеци.
Рамсдејл, Габриел, Сака, Џака, Одегард, Мартинели и Бен Вај сите имаат над 2617 минути минимум изиграно, односно највеќе имаат Рамсдејл и Габриел по 2970 и 2966 минути а најмалку од горенабројаните Бен Вајт 2617 минути.
На пример Халанд им 2320 минути изиграно, а Де Брујне 2266 минути..
Како да немаме други играчи, пад на концетрација, замор и притисок се од тоа што форсираше исти играчи..

Али тоа е, он е тренер и најдобро си знае, а ја се надевам ќе ја анализира убаво ова сезона, пред се самиот себе, последниве месец ипол.

Со кој да ротира бе брат ? Еве го ротираше со Холдинг, од немај каде, добра е ротацијата ? Или со Тирни ?

Кој да го клај на местото на Одегард ? Среќа повредите не избегнаа, колку толку.

Едноставно немаме екипа за ваков маратон. Замените на Пеп вчера кој беа, виде ? Фоден, Марез, Алварез, Лапорте ? Уште еден прв тим имаше.
 
Шала на страна али јас никад не би плукал по играчи ко Холдинг, Елнени, едноставно си го знаат својот квалитет и си ја прифаќаат улогата на резервисти, спремни се и 0 натпревари по сезона да играат, чест им е да играат за клубот независно на нивната минутажа и улога. Не е негова вина што Салиба се повреди и немаме други стопери во тимот, уверен сум дека со две раце би потпишал и он самиот да се освои титула и да остане на клупа, него да игра сега и да не освоиме титула. Не би му замерил ништо за вчера, цела наша дефанзива беше тероризирана вклучувајќи го и него, да играат 10 играчи добро убеден сум дека и Холдинг ќе е добар, да играат 10 играчи лошо и да мисли некој дека Холдинг ќе направи разлика и ќе се издвои по квалитет е премногу нереално очекување :D
 
Еве зошто Жезус не ограничува на таа еднодимензионална игра и понекогаш ни треба висок, курпурентен напаѓач, како на пример Жиру што беше во овакви натпревари.

 
Таман мислев ќе им вратиме за 6:0, тоа добрососедски односи ќе негуваат.
 
Си играме со храната. Мора да се исфрли тоа, скапо се плати против Ливерпул и Вест Хем, а и денеска второ полувреме не постоевме. Среќа Челзи се очај, среќа после голот ги заболе за втор гол. :D
 
Еве зошто Жезус не ограничува на таа еднодимензионална игра и понекогаш ни треба висок, курпурентен напаѓач, како на пример Жиру што беше во овакви натпревари.

Мора да се има таков играч што е добар на центаршут и скок игра, рецимо Тони би дошол добро он сега ми се врти во глава ама ги има сигурно повеќе. Едноставно ти се прошируваат опциите кога напаѓаш.
 
Нелсон ја одбил првата понуда за нов договор. Не сака да седи на клупа, нашиве не можат да му ветат поголема минутажа од моменталната, така да најверојатно ќе си замине. Дали има шанси да прерасне во новиот Гнабри или ова сегашното не е далеку од максимумот, останува да видиме.
 
Нелсон ја одбил првата понуда за нов договор. Не сака да седи на клупа, нашиве не можат да му ветат поголема минутажа од моменталната, така да најверојатно ќе си замине. Дали има шанси да прерасне во новиот Гнабри или ова сегашното не е далеку од максимумот, останува да видиме.
Гнабри е очај последните неколку сезони. :D
 
Гнабри е очај последните неколку сезони. :D
Држи и тоа вода, ама пак беше клучен играч во сезоната кога Баерн зема ЛШ, ги силуваше кокошките, и на тоа да остане цела кариера пак стои горчливо чувство што тоа го направил во туѓ дрес, а не во нашиот. :D Ама сепак нема многу простор за жалење, рулет е целата работа, нема многу шанси некој да се докаже, а не секогаш во тие малку шанси може добро да се процени некој играч. Ако запнал Нелсон да си оди, тогаш тоа е тоа, прва постава со вакви крила посекако не е реално да очекува, си оделе и многу поголеми играчи, подобро вака него да држиш некој со сила што не е задоволен, кој останал само поради висока плата.
 
Mene mi e povekje krivo za Charlie Patino sho kje si odi. Nekako mislev vo nego imavme gem. Se nadevam kje stavat buy-back clause.
 
Ако вака играат одбрана тешко да не примат гол. Нека земат таму психолози да им ги средат главите, и да не освојат титула треба да се игра до крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom