Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто сите?Фаќање сите кревање на клоци. Измеѓу тројца од 18 метри по земја. Мрш!
Тројца беа околу кдб го оставија да прошета, Рамсдејл беше катастрофа, уште од сам старт се осеќа страв во коски дека им е влезен. Катастрофа се припремени сите до еден за денешниот дуел.Зошто сите?
Катастрофална поставеност на Рамсдејл, чиста 0 е за позиционирање, го вади тоа што тук таму спасува зицери.
Холдинг е за во Воска да игра. Страшен проблем излезе повредата на Салиба.
Ова на Габриел е најлоша партија на било кој играч на Арсенал сезонава на било кој натпревар. Како да е играч на Сити, лесни излетувања, аматерски движења, овозможување простор на фудбалери на кои не смееш ни сантим да им оставиш. А и не ја сфаќам тактиката, единствено што ми е логично за ваков дуел е да се игра многу агресивно, да не се остава простор, цврсти дуели, многу фаули, па макар и црвени да висат и да треба да заменуваме играчи во 70та минута, копачи се и Холдинг и Габриел не можат на друг начин со вакви технички потковани фудбалери на Сити. Ама скроз обратно сценарио видовме, како ревијален натпревар, простор колку сакаш оставен, без дуели и фаули, дали се преморени или ментално не се дојдени на дуелот не знам.
Нема Арсенал сеуште добри играчи за ротација се виде тоа во куп натпреварувањава кога менуваше пола од тимот а замените не беа ни приближно добри како првотимците.Ова е данок на тоа неискуство на тимот и на Артета, мое лично мислење.
Ги уби од играње истите играчи, не му беше тешко на Гвардиола да се припреми кога сите знаевме каков тим ќе истрча на терен.
Ја мислам дека грешка е на Артета што не ротираше повеќе со играчите, и тој се изгуби самиот себе во ова трка за титула.
Со зор убавина не бидува велат старите.
Требаше повеќе шанса да добијат и другите играчи, шанса не е 10 минути у три месеци.
Рамсдејл, Габриел, Сака, Џака, Одегард, Мартинели и Бен Вај сите имаат над 2617 минути минимум изиграно, односно највеќе имаат Рамсдејл и Габриел по 2970 и 2966 минути а најмалку од горенабројаните Бен Вајт 2617 минути.
На пример Халанд им 2320 минути изиграно, а Де Брујне 2266 минути..
Како да немаме други играчи, пад на концетрација, замор и притисок се од тоа што форсираше исти играчи..
Али тоа е, он е тренер и најдобро си знае, а ја се надевам ќе ја анализира убаво ова сезона, пред се самиот себе, последниве месец ипол.