Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам не си сериозен со ова. Отвори и види како котира Интер моментално од аспект на финансии. Ќе лапа и Шкринијар нов договор од Интер летово 1000%, така да муабетов за Вотфорд ти е смешен. Инаку за Арсенал се заебавав, можат они да му понудат добар договор али нема теорија да си оди од Интер, нарочито не во Арсенал.

Нема шанси да оди Шкринијар од Интер во Арсенал,ради 100 причини меѓу која е и дека Интер е појак од Арсенал.:kafence:
Пепе у Арсенал таман како за нас гревовите,на чело со Кроенке матер у пичка.
 
Се надевам не си сериозен со ова. Отвори и види како котира Интер моментално од аспект на финансии. Ќе лапа и Шкринијар нов договор од Интер летово 1000%, така да муабетов за Вотфорд ти е смешен. Инаку за Арсенал се заебавав, можат они да му понудат добар договор али нема теорија да си оди од Интер, нарочито не во Арсенал.
Колку е најмногу по сезона што би зимал, во најдобра варијанта?
 
Колку е најмногу по сезона што би зимал, во најдобра варијанта?
ако се точни информациите по нетов, моментално Шкринијар зема 1.5м евра годишно, тоа се околу 30к евра неделно, кај нас толку зема Митланд-Најлс, Габриел Паулиста ко анонимец донесен од Виљареал земаше 70к фунти.
 
Колку е најмногу по сезона што би зимал, во најдобра варијанта?
Уф не знам, мислам дека првичните шпекулации беа дека со новиот договор ќе зима околу 4.5-5 милиони по сезона, ама ова земи го со резерва зашо не сум 100% сигурен. Инаку пред да ме нападне некој дека Дини од Ватфорд зима 200 милиони месечно Интер има друга политика со платите, а и со новата управа нема да се оди на продавање на клучните играчи него на подобрување на тимот. Пример Икарди ќе потпише деновиве нов договор со кој ќе зима 7+ милиони по сезона, што е ништо за играч од негов калибар, но поради ФФП и ред други работи Интер тера вакви политики на плати. Верувам дека имаат милион клаузули и 300 глупости во договорите... И најбитно од се е што по сезонава завршува договорот на Интер со ФФП по што ќе може послободно да се троши и да не се стискаме ко до сега.

Пошо многу веројатно е дека ќе играме ЛШ и следна сезона тешко да си оди Шкринијар од Интер, а Арсенал ако не обезбеди ЛШ, а има добри шанси за тоа, не гледам како би имале шанси да го земат.[DOUBLEPOST=1545089736][/DOUBLEPOST]
ако се точни информациите по нетов, моментално Шкринијар зема 1.5м евра годишно, тоа се околу 30к евра неделно, кај нас толку зема Митланд-Најлс, Габриел Паулиста ко анонимец донесен од Виљареал земаше 70к фунти.
Толку треба да е, ама рачунај Шкринијар лани дојде како тотален анонимус, колку плата да му дадат? :D Башка како што реков различна е политиката на плати во Англија и во Италија.
 
А даноците ? :) Во Англија ти ја сметаат платата пред даноци, во Италија после даноци колку што знам. Така да, ако во Англија зема 100.000 фунти неделно, 5.2 милион фунти годишно, 45% данок останува со нешто под 3 милиони фунти, што ако е вистина муабетот за 1.5 евра годишно, а му се спрема нов договор, сигурно ќе се дуплира и ќе зема горе долу исто.

Е сега тука имаш други фактори во игра како колку е маркетабилен играчот во Италија а колку во Англија. Каде и колку спонзорства ќе успее да привлечи, која експонираност ќе ја има, животниот стил итн итн.
Али ако гледа стриктно на амбиции на клубот и каде има по реални шанси да освои титула ( домашна или европска, небитно ) и историја на клубот тогаш во моментов сигурно дека Интер е подобра варијанта.
 
Бреј да ти ебам гомното шпанско,види го што состав вади.Џака пак штопер,Лаказет на клупа.Мики и Ивоби аман од нив,што побрзо се купи крило,толку поарно.
И што бидна со Колашинац,пак ли повреда?
Интересно...
 
Па играј го Медели бе, матер ти ебам, Џака стопер не може да игра, става играч кој е катастрофа во одбрана и често губи концентрација да игра ЦД против Кејн. ај ГГ.


Најдобро ќе биде Арсенал и Озил да се спогодат во Јануари да му се раксине договорт и ко слободен играч нека оди каде сака.
 
Не знам до кога Емери ќе се вади на тој план Б со уфрлање на Лаказет кога имаме негативен резултат. Не му беше доволен шамарот од Саутемптон, па продолжува со истото темпо. Посакувам да грешам со проценката, ќе видиме за кратко.
 
Имам некое чувство дека Озил нема да го гледаме после јануари веќе, а ако го гледаме, сме се заебале јако со 350.000 неделно за играч кој нема да игра.

Чудни потези вади Емери во последно време, не ми се свиѓа работава.
 
Оваа утката на Мики после пасот на Ремзи е нешто што не смее да се промаши...Скоро на средина си, имаш тотална прегледност, кој сакаш агол можеш да го бираш и ти праќаш нешто измеѓу мека топка, тука Лаказет ќе откорнеше мрежа. И добро овој Ивоби брат близнак на Велбек ли е, па да не се изглупираше немаше да примиме гол, што е со пасот до голманот. Голов примен чист офсајд
 
Џака и не е толку лош :D Али да, и првичната моја реакција беше јадење гомна. Фан на Арсенал јбг[DOUBLEPOST=1545252074][/DOUBLEPOST]Ивоби и Мики се за греови.[DOUBLEPOST=1545252369][/DOUBLEPOST]
Бреј да ти ебам гомното шпанско

Де бе, што толку те изреволтирал до сега Емери па што се вреѓа волку?
 
Последно уредено:
Не е наша вечер, статива гаѓаме два пати, они од две контри два гола, нема потреба зборови да се трошат за одбраната, Косиелни во неполни два утакмици е договорен за четири гола.
 
Де бе, што толку те изреволтирал до сега Емери па што се вреѓа волку?
Ќе почнеме уште од стартот на сезоната,со неиграњето на Тореира месец и пол,потоа со неиграњето на Лаказет не знам колку време веќе.Форсирање без врска со 3ца у одбрана.Најголемиот форс беше неќна,кога имавме само еден штопер на располагање и тоа енос се врати од повреда после 77месеци он повторно игра со 3ца у одбрана.
Мора заедно у тим да ги инкорпорира Лаказет и Обамејанг.
Капак на се што поради тактички причини Озил не е ни на клупа,а поради тактички причини Ивоби и Микитаријан стартуваат 2месеци утакмици заедно.Микитаријан и Ивоби нема да бидат подобри фудбалери ниту од кремиран Озил.Немам ништо против да го прати на трибини Озил,ама мора тие што ќе играат на негово место да орат,а не да бидат такви какви што се.
Далеку од тоа дека плукам по Емери,клубов нема да мрдне никаде додека не се инвестира саламски.
Косиелни во неполни два утакмици е договорен за четири гола.
Кај ги виде четири бе другар или леновката му ја препишуваш нему?
 
Кај ги виде четири бе другар или леновката му ја препишуваш нему?

Триипол тогаш, леновката пола е на Кос.

И јас исто не ја разбирам оваа опсесија со тројца позади последниве недели и тоа баш кога немаме никакви дефанзивци.
У недела имаме „добитна“ утакмица, ама ќе повратам ако пак видам тројца позади[DOUBLEPOST=1545258805][/DOUBLEPOST]И за Озил да кажам збор-два.

Не знаеме што, но нешто се случува помеѓу Емери и Озил, и тоа не е добро, кога менаџерот ќе влезе во конфликт со ѕвездата, најплатениот и маркетиншки највредниот играч тогаш настануваат големи турбуленции. Еден од Емери или Озил ќе замине од клубот заради тој конфликт, но тоа нема да биде одлука на Емери туку на тие над него. Ја видовме истата ситуација во Јунајтед со Мурињо и Погба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom