Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Преку кур ми е од овие Клоп имитатори што скокаат по терен
 
Беше натпревар што не смее да се дозволи пораз. Сите 3 гола на ист начин примени :tapp:
 
Мора да се тргнува со повеќе енергија од 1ва минута. Некако премногу утакмици на мускули добиваме. И аман од Михтаријан-Ивоби стартен тандем... Мене ми делува како да нема доверба во нив дека може тек на натпревар да сменат, па ги става прва постава.

Пак ни избега 4то место за цела утакмица.

Ако е паметен Емери ќе им пушти победа на Тотенхем во лига куп. Нека им натопорат 2 натпревари плус со солиден противник. Немаме ние доволно ротација.
 
Беше натпревар што не смее да се дозволи пораз. Сите 3 гола на ист начин примени :tapp:
Новиот тренер на Сотон, Ралф Хасенхутл си ја завршил домашната пред натпреварот, виде дека имаме одбрана составена од десен бек, 33 годишен дефанзивец кој се враќа од повреда и играч од среден ред, сите високи по 1.80м, тотално невоиграни, логично беше да бараат гол од нафрлени топки и скок игра.
Дени Ингс два гола ни дава со глава во ситуација 3 в 1 во шеснаесетник.И сепак не би го кривел Емери, со било која комбинација од централни дефанизивци да излезеше денес проблемите ќе беа исти, ни фалат квалитетни играчи и тоа е тоа.
 
Абе на вакви гостувања каде што се креираат малку шанси, мора да се реализираат истите... Вториот гол ни беше тотално среќен. Одбрана катастрофално игравме, дури и Лено не спаси во неколку наврати, поправи грешки на лошо покривање од одбраната, колку и да е директен кривец за третиот гол и поразот... Неизбежен беше поразот денес, Мики испадна себичен во неколку наврати, настрана тоа што дал два гола... Лошо беше ова денес, Обамејанг мора да користи повеќе вакви шанси кога е еден на еден со голман, дали лопче поткопана, дали на полна во поблизок горен агол, шансите мора да се користат, да не си правиме бајрам на мозокот дека на вакви гостувања 15 шанси ќе креираме, па може да си дозволиме да си промашуваме... Глава горе, треба уште многу битки да се водат сезонава, само да не влијае на психата овој пораз
 
И некако не му замерувам на Лено за последниов гол. Ја примети опасноста...уште кога тргна Лонг на центаршут се виде дека никој нема да го проследи Остин. Кош беше тотално изгубен на центаршутеви, али па и него не може да му се замери.
 
Новиот тренер на Сотон, Ралф Хасенхутл си ја завршил домашната пред натпреварот, виде дека имаме одбрана составена од десен бек, 33 годишен дефанзивец кој се враќа од повреда и играч од среден ред, сите високи по 1.80м, тотално невоиграни, логично беше да бараат гол од нафрлени топки и скок игра.
Дени Ингс два гола ни дава со глава во ситуација 3 в 1 во шеснаесетник.И сепак не би го кривел Емери, со било која комбинација од централни дефанизивци да излезеше денес проблемите ќе беа исти, ни фалат квалитетни играчи и тоа е тоа.

Не, денес кривицата е на Емери, настрана што бевме несреќни со повреди и суспензии, но ако немаш дефанзивци не играј со толку дефанзивна формација, играј го Лакзет од старт, играј го Ремзи, почни од прва минута а не од второ полувреме да играш.

И така пак сме 5 место, конкурентите абер немаат да паднат у форма, повреди се множат, буџет никаков, тежок период го чека Емери.

Ама и овие Саутемптеон што противник ни се, немаат победа дома со месеци, во ужасна форма се на дното на табелата ама битно земаа три бода со нас, со тоа нивната мисија оваа сезона е исполнета, можат сега среќни да испаднат од лигата да им ебам гомнарите.

Три гола примени од нафрлени топки, класика Арсенал
 
Исто не знам оти Ремзи не влезе во игра, Озил буквално беше човек помалце, дури третиот гол поради него го примивме.
Под хитно да се продаде во Јануари.
 
Време е Лено да одмори, преку ашима со неговите летања у празно...

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Како и да свртиш, без сериозни инвестиции џабе е се, не може со 50 милиони трансфери да се натрепваруваш со конкурентите, треба ептен среќни коцки да ни се поклопат за тоа да успее. Ливерпул е чист пример како со еден трансфер од 75 милиони се друг тим во одбрана.

Или Џош Кроенке сериозно ќе се посвети на тимот и ќе инвестира или ќе се молиме да не купи некој богат арап па и ние да видиме бел ден.
 
Заслужува Емери да му се дадат пари за да направи сериозен тим од Арсенал. Екипата има потенцијал, со неколку добри трансфери може да се состави врвен тим. И Озил мора да се продаде, тој е рак рана на Арсенал. Исто и за Михтаријан не гледам некоја светла иднина во Арсенал.
 
Лихтштајнер има сериозни проблеми со темпераментот, од натпревар во натпревар е се понервозен. Настрана тоа што денес беше доста лош, што може да се разбере ако се земе предвид тоа што човекот сите натпревари што ги играл во клубот еден не играл на својата позиција, или штопер или лев бек го влечат. Еве денес од десна страна еден центаршут не погоди. Настрана сето тоа, зошто таа нервоза, после секоја топка која ќе завршеше како аут за противникот, тој се дереше, мафташе со рацете. Премногу е искусен и во години, за вакви детски испади да има
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom