Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Ви се има случено слика што сте ја ставиле, да ви ја снема од тајмлајн без да чепкате нешто?
Пример ја објавуваш сликава, стои некое време и потоа ја нема повеќе од ѕид, а во фотографии си стои.
Шо можи да е проблемот?
 
Има багови во ФБ. Мене пред некое време еден пријател ми лајкнал слика што ми беше наместено да ја гледам само јас.
 
Дали некако може да се направи да не ми се појавуваат на ФБ на мобилен пораките кои што веќе сум ги прочитал на ФБ на компјутер?
 
Знае некој како се прави текст кој се клика и има анимација?

Приметувам на некој постови во групи и страници пишуват така. Пример ќе пишат честитам или среќен роденден и кога ти ќе кликнеш на тој текст излегува анимација балони или конфети.
 
Автоматски е тоа.
 
ФБ има нов изглед... пуштена е БЕТА верзијата за на десктоп.
fb.png
 
Неколку години наназад Facebook користам само на мобилен и приметувам на некој објави пишува дека има коментар а кога ќе отвориш нема ниеден. Зошто е тоа така?
 
И мене ми се десило и јас сум се прашувал и се уште ме напиња затоа што не знам со сигурност ама па реално и никогаш не се 'згнав вистински да дознаам зошто.
Можни се неколку причини кои ги имам размислено. Коментарот е од некој што си го блокирал, коментарот е некој што те блокирал, коментарот е од некој што влегол у најситен детаљ во privacy options и исклучил можност да му се читаат коментари (ако воопшто постои ова, си нагаѓам) ИЛИ бројачот на Фејсбук е сјебан поради некоја причина, може имало коментар па го избришал корисникот, може коментарот го избришал админот на страната... добредојден сум за некој што ја знае вистинската причина/и, или повеќе идеи како моиве :D
 
Мене фејсбукот комплетно ми е пореметен. Ок сега ми е деактивиран, ама дури го користев нон стоп ми стигаа истите известувања и по неколку пати. Некогаш ќе пишеше 10 известувања, а тоа само едно или обратно. Се случуваше и лајковите да ми се губат. Сум лајкнал одредено меме, после тоа го нема лајкот односно не сум го лајкал :D
За други ситници да не правиме муабет. Месинџерот исто. Сега па се случува кога ќе го отворам да јави бела позадина и така си стои. Мора да го преинсталирам и да го активирам фб за да се најавам :facepalm:
 
Неколку години наназад Facebook користам само на мобилен и приметувам на некој објави пишува дека има коментар а кога ќе отвориш нема ниеден. Зошто е тоа така?
И мене ми се десило и јас сум се прашувал и се уште ме напиња затоа што не знам со сигурност ама па реално и никогаш не се 'згнав вистински да дознаам зошто.
Можни се неколку причини кои ги имам размислено. Коментарот е од некој што си го блокирал, коментарот е некој што те блокирал, коментарот е од некој што влегол у најситен детаљ во privacy options и исклучил можност да му се читаат коментари (ако воопшто постои ова, си нагаѓам) ИЛИ бројачот на Фејсбук е сјебан поради некоја причина, може имало коментар па го избришал корисникот, може коментарот го избришал админот на страната... добредојден сум за некој што ја знае вистинската причина/и, или повеќе идеи како моиве :D

ima tamu most relevant, newest i all coments. Avtomatski sekojpat e namesteno na most relevant mislam, menuvas vo all coments i mislam deka ke e se okej, osven ako nema komentar od nekoj sto vi e vo block.
 
Сум го пробувал тоа и ретко кога „помогнало“.
 
Не искачаат коментарите зошто филтерот на фб ги означува автоматски како спам и ги јавува тие релевантните за него само. Како им функционира алгоритмот само они знаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom