FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Како не му е срам на Џан и на Шкртел така да го провоцираат Коста ?
Коста мирно дете е, ја го знам, ама овие копитава од Ливерпул го испровоцираа :icon_lol:
 
Ако добие додатна суспензија, нели таа важи само за Купов? Пошто пример, кога добиваат црвен во купов, таа суспензија не им важи за ФА куп/ПЛ.
Првото беше намерно, второто мислам дека не беше.

@Ilumious да оздравеш побрзо. :D
 
Кога Харт пичето му се сипа на Оливер на дербито а овој не му покажа ни жут што сакате :lolzz: Затоа ич нејќам кога суди. Помал е од пола лига што се вели, никаков авторитет нема. Аткинсон на Манчестер Ливерпул можда вадеше картони за фаули али барем наметна авторитет. Боље онаа Мејси да ја унапредат у главен судија, повеќе авторитет има од безмадестиов.

Илузорно е да дискутирате сеа пенал, исклучувања, картони, суспензии, да беше едно ајде де ама како шо кажа Пејо ако фатат да суспендираат од утре ќе треба без пола тимови да се игра. Изгуби контрола и ја заеба супер утакмицава.

иначе извинете шо не дојдов, ви кажа сигурно Пејо, еве само што ми дотече инфузијата па да пишам нешто :D
 
Ако не го казнат Коста, стварно ќе почнам да мислам дека има двојни аршини. Копиле гнасно.

Честита победа, во вториов дуел бевте подобриот тим, иако и ние си ги имавме шансите. НО, кога имаш онаков напаѓач како Балотели, кој и покрај тоа што ги полни противничките мрежи, конечно научи и да покрива во одбрана.
 
Брат, што има Суарез направено, еве сериозно да направиме муабет. Тоа што го гризна Бане да го тргнеме на страна.
Дали ти текнува ЕДНАШ да има отидено со намера некого да повреди? Дали еднаш повредил, нагазил играч. Глумеше, не велам не ама и јадеше ќутек, како магаре. Коста не јаде ќутек, Коста е тој што удира, во секоја прилика...

Така, тоа и јас го мислев. Има и Суарез слични екцеси у кариерата, ама тие мислам дека ги остави во холандска лига. Сите тие работи за кои беше казнет и плукан во Премиер (дури и гризењето на Бане) се нула во споредба со ова вечерва што го направи Коста.
 
Добар меч, мора да се одаде почит кон играта на Ливерпул, убаво играа во одбрана правеа контри и беа доста опасни, полека полека излегоа од лошата форма. Денес во прво полувреме Ливерпул беше подобар противник и го надигра Челзи. Но во второ полувреме улогите се сменија и како одминуваше мечот се повеќе се гледаше разликата помеѓу физичката спремност помеѓу двата тима, и Челзи излезе победнички.

Настрана убавата игра денес мечот можеше да биде уште подобар да не беше грубото понашање на Коста и судењето. Ова е срам за ПЛ, и воопшто не го бранам Коста, се надевам ќе добие казна за понашањето чисто колку да се присобере малце и да се понаша цивилизирано а не како дивјак, мора Мурињо да го стегне малце. А за Мајкл Оливер се надевам дека ова ќе биде последното дерби кое го судел. Ама секако знаеме дека и двете санкции нема да се случат.
 
Има шанси да го казнат Коста за стартот на Емре? Пошто нели ако судијата се изјасни дека не го видел тој старт, ќе следи преглед на случката од ФА и они треба да кажат што понатака?
 
Па да среќа го нема Курињо со некоја изјава,како Коста не го видел се сопнал па го згазнал и слично.
Брат сите се согласуваме дека е за црвен и суспензија ама не го тупи со Мурињо жити се.
 
Брат сите се согласуваме дека е за црвен и суспензија ама не го тупи со Мурињо жити се.
Извини нема да се повтори;),така ми дојде едноставно тоа е посилно од мене,јбг
 
Има шанси да го казнат Коста за стартот на Емре? Пошто нели ако судијата се изјасни дека не го видел тој старт, ќе следи преглед на случката од ФА и они треба да кажат што понатака?
Судијава денес уште од самиот старт не виде ништо и дозволи да отиде мечот во тој степен на тепање. Ако ФА се реши да го казнува Коста на основа дека судијата на видел, тогаш подобро ова нека биде последното судење на Оливер по премиер лигашки меч. Ова е срам за ПЛ и од Коста, и од Оливер.
 
Има шанси да го казнат Коста за стартот на Емре? Пошто нели ако судијата се изјасни дека не го видел тој старт, ќе следи преглед на случката од ФА и они треба да кажат што понатака?

Има. На пример, доколку Оливер го казнеше Коста (да речиме со жолт картон за стартот), тогаш немаше да можи да биде санкциониран пошто веќе одлуката за таа ситуација е донесена.
 
Imas podrska za slucajov, ama sepak navivav da ispadnete. :D

Баш тоа коментиравме. Сите Топџии денес против Мурињо, сите Манчестеровци против Ливерпул :D

Али како и да е, мислам дека беше солидна утакмица, со шанси, возбудувањња, поготово за неутралци :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom