FA & Capital One Cup

Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Азар е играч кој не паѓа лесно, дефинитивно. Не е Нејмар или Суарез тип на играч, барем јас имам таков впечаток добиено за него од тоа што сум го гледал низ годините.
Ама кога виде дека Ерера му е зад грб и имаше минимален контакт над него, на земја падна како покосен за да добие друг жолт. :icon_lol:
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Aбе батали го коментаторот од Спортклуб, кој по секоја цена се обидуваше да го исклучи Коста.
Ова говно е интересно. Ибрахимовиќ е Бог кога дели лакти, удира, тепа, игра агресивно. Тогаш остава срце на терен, игра за тимот. Коста кога го прави истото, плус по некое патетично дајвање, тогаш е говно. Патем, не негирам дека честопати се однесува говнарски.

Да видиме што беше спорно со Коста. Стартот за кој доби жолт картон, заслужен. Фаулот над Де Геа. Коста беше во воздушен дуел со Смолинг, се туркаа двајцата, а овој се заби во Де Геа. Во воздушен дуел не можеш да ги контролираш и рацете и нозете, се случува раката/ногата да заврши во дел од телото на противничкиот играч. А и самиот знаеш дека Коста воопшто немаше ниту намера да го удри Де Геа. Затоа и чмаеше 5 минути над него, кога овој лежеше на земја и чекаше да стане за да му се извини.

За ,,дајвот'' во шеснаесетник. Рохо му ја одзеде чисто топката со клизач, ама исто така и имаше физички контакт после тоа, прво топката, па и Коста. Ајде да немаше никаков контакт, а овој да се фрли на земја и да бара пенал, добро. Тогаш заслужува без размислување жолт. Но ова не беше глумење, Коста падна, едноставно крена рака во обид да издејствува нешто повеќе, не доби, тоа е тоа.

Муабетов за Хазард, не заебавај. Прелесно паѓал. Па тактиката на Мурињо беше базирана врз ,,удри по Хазард како знаеш и умееш''. Беше опколен од двајца играчи на Манчестер, после секој допир со топката. Од кој еден веднаш правеше фаул над него.
Треба да му ги закачи некој крампоните во глава или да му искрши две нозе, па тогаш овој да падне на земја, иначе другово не се признава?
Кажав и вчера, можете за сите други играчи на Челзи, повеќе или помалку, да кажете дека некогаш изглумиле или дека прелесно паѓаат. Ама за Хазард, јок.
Контакт кога Рохо ебено чисто ја одзеде немаше а за тоа што крена рака да побара пенал по книга се добива жолт картон. Тоа што лакта Ибрахимович никој од нас не го оправдува па затоа и не се буниме што има три меча суспензија иако знаеме како ги доби.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ама кога виде дека Ерера му е зад грб и имаше минимален контакт над него, на земја падна како покосен за да добие друг жолт. :icon_lol:
Да си прочитал страна-две поназад...

Пред да му даде црвен на Ерера, имаше фаул од Џонс.Судијата му рече на Смолинг дека следниот таков фаул е жолт. Enter Herera.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
Ерера не го пушта Хазард во игра

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Заборавив пред утакмицава да пишам па ај сега :D

Хајп! :vozbud:
Дефинитивно еден од најинтересните 1/2 финалиња во ФА куп историјата релано...Топ3 екипите се тука + екипа што е најредовен претставник на Англија во ЛШ во последните...колку и да се години. Плус последниве години и Арсенал-Сити си ствараат ривалитет своевиден, така да стварно дерби утакмици ќе гледаме викендов.

Тотенхем ни се незгоден противник ептен....типувам на 2-2 ова дека ќе биде после 90, па после што биде нека биде.

Исто и утре мислам Арсенал би можел да ги елиминира Сити, али што знам, нереален оптимизам имам за Арсенал изгледа јас, не знам зошто..
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Алонсо дваесет фаула напраи до сега и уште нема картон.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
ДЕБИЛЕН фаул, де-би-лен:facepalm::facepalm::facepalm:
Чиста глума од Мозес, се фрли но не го ни допре Сон. Наседна судијата.

Одличен фудбал гледаме прво полувреме, Тотенхем за нијанса подобар иако губи.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Еве конкретно за играта со рака на Лорис надвор од шеснаесетникот на судијата добро би му дошла технологија, односно преглед на настанот бидејќи во живо е претешко да се утврди што и како.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom