FA & Capital One Cup

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.788
стварно му пееле прееска "Fuck off/you mourinho" ?
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Има смисла неговата поента за хуморот на двајцава безнадежни другари,но сериозно,сериозно луѓе,без тронка сарказам потребна му е помош од стручно лице.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Junajted kolku dosaden fudbal igraat, morav da pustam Lens - Shosho da ne zaspijam pred 11 sat:LOL:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.386
Бреј, верувам дека конечно ќе го јаде мисиров од ФА.
Жалам што ке те разочарам во силното ти верување, ама му свирнаа тука фаул на Хазард, а кога судијата ке свирне фаул, не може има ретроспективна казна, ЈЕР судијата го видел инцидентот.

Ова сакав да го пишам. Баш пред црвениот го викна судијата капитенот за да си го смири тимот затоа што очигледно одеа на остри стартови цело време, посебно на Хазард. И после тоа ти зимаш и правиш фаул за чист жолт, кога веќе имаш еден. Заслужен црвен.

Грешката беше вадењето на Мики одма после тоа, единствениот играч што може да ти направи нешто напред.
He could have killed him. Aко барате оштри стартови, ја би кажал дека она на Валенсија беше за црвен, ама ебана компензиција, зашто се погуби голобрадиов Оливер на утакмицава.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Жалам што ке те разочарам во силното ти верување, ама му свирнаа тука фаул на Хазард, а кога судијата ке свирне фаул, не може има ретроспективна казна, ЈЕР судијата го видел инцидентот.
Можеби свирнал фаул за стартот кој претходеше а за ова (газењето) ќе се изјасни дека не го видел.

#КојЕСегаРазочаран
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.386
Можеби свирнал фаул за стартот кој претходеше а за ова (газењето) ќе се изјасни дека не го видел.

#КојЕСегаРазочаран
Какво ти е ова Сител објаснување? o_O
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Какво ти е ова Сител објаснување? o_O
Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.386
Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.
Газењето се случи 1 секунда по падот, така да, може Оливер да глуми лудило колку сака.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Па не, сериозно, фаулот е свирнат за пред да падне Азар, кога добива „удар“ од позади во подколеница а нагазнувањето можно е и да не го видел. Не мора да значи ама постои можност, тоа сакам да ти кажам.
Хазард повеќе беше на земја отколку што играше утакмицава. Паѓа како да го уништил некој со остар старт уште недопрен од противничкиот играч.
Судиските грешки, во последниве години како никогаш досега се во прв план на фудбалските терени. И не е Премиер Лига само исклучок. Секое коло, во секоја лига, има еден тон спорни ситуации. Тенденцијата на уништување на фудбалот од овој аспект е видлива. Тоа сите го гледаме и знаеме. Арно ама, честопати и претеруваме. Секој досуден пенал, слободен удар, жолт/црвен картон го негираме, го коментираме, оспоруваме. Вечерашниов меч е уште еден показател за тоа.

Јас разбирам се. Пристрасност, фанови сме, океј. Ама малку, малку бе објективност само. Нема да штети никому.
Челзи добил подарок од Оливер, Јунајтед бил оштетен. Како, како?

Прелесен црвен картон, читам. Небаре директен му даде за вториот фаул на Ерера, па ваква констатација.
Првиот жолт, оправдан. Класичен бодичек, на тој дел од теренот, дваесеттина метри оддалечен од голот на Де Геа, таков старт се класифицира како прекршок и директен жолт картон. Од вчера ли гледате фудбал, па сега ново ви е?
Вториот, ништо спорно. Го собра од позади. Не беше којзнае колку силен и остар старт, но не беше ниту пак многу наивен, како што некои фанови на Јунајтед се обидуваат да го прикажат. Втор жолт - исклучување.

Значи, Оливер по ,,книга'' е чист ко солза. За вториот картон, можеби можеше и да прогледа низ прсти. Судиско убедување, нели. Но и опцијата да го прати во соблекувална порано Ерера, исто така е сосема коректна. Впрочем, претходно во неколку наврати го предупреди Џонс за слични фаули над Хазард (Џонс, кој не доби картон). Им даде до знаење дека следен прекршок, ќе биде санкциониран.

Според мене Оливер има преодна оценка за натпреварот. Дури, дури, мислам дека ако веќе зборуваме за оштетена страна, ние фановите на Челзи и те како можеме да се побуниме и да го поставиме прашањето ,,како Валенсија за оној старт, не доби ниту жолт картон''? Старт со две нозе, во 90 проценти од случаите е директен црвен картон, без размислување. Без разлика дали имаше контакт или не. Интенцијата се санкционира. Не е првпат ниту тоа.
А тоа дека Хазард симулирал е најсмешното нешто што го имам прочитано во последно време. Било кој друг да наведеше, можеше да помине. Ама Хазард. Човекот во просек по 20 пати го убиваат на натпревар, милион ситуации имало каде што баш поради фер-плејот останал на нозе, а можел слободно да се фрли ала Суарез и да добие одлука во негова корист.

Е сега, имам нешто друго напамет. Навивачите на Манчестер, барем добар дел од нив, во изминативе неколку сезони додека Ван Гал беше тренер, дрва и камења фрлаа по него и по неговата формација со тројца дефанзивци во последната линија. 3-4-3 или 3-5-2. Сега, Мурињо излегува со истата формација, реакција никаква.
Исто така, интересно ми е тоа што истите фанови на Јунајтед со дрва и камења фрлаа по формациите на Челзи во меѓусебните дуели и ,,паркирањето автобус'', сезонава откако тоа стана за нив пракса, на гостинските натпревари особено во дерби дуелите, реакција никаква.

Треќо, мечов беше како создаден за Мурињо. И неговите, веќе смешни алиби изговори. Отсуството на Ибра, Руни и Марсијал, недоволно оздравениот Рашфорд, густиот распоред и новиот натпревар против Ростов за два дена, мислиш само Манчестер игра на повеќе фронтови, сега и ,,спорната ситуацијата'' и контроверзната одлука на Оливер.
Одлично. Нема да зборува никој за бледата игра, за уште еден во низата слаби натпревари на Погба, за уште еден пропуштен потенцијален трофеј. Ќe го искористи Мурињо моментов и ќе ја замајува фан-базата уште некое време, до следниот неуспех, најверојатно. Тогаш ќе се најде некој друг судија, теренот нема да чини, ветар ќе дува, топката ќе биде премногу мека и слично.

Поентата ми беше, Јунајтед е фудбалска големина. Во светски рамки. Ставот на многумина овде беше дека големиот Манчестер Јунајтед нема да се прилагодува на ниту еден друг тренер после Фергусон и дека Манчестер Јунајтед ќе си го задржи идентитетот и својата препознатливост надвор и внатре во теренот. Реалноста да ти била поинаква. Сега, Јунајтед со Мурињо е алиби клуб. Пред да се залета некој, ова не го кажувам со намера да испровоцирам нешто и некого. Туку само го изнесувам очигледното.
А она говноно ваше Коста требаше да добие два жолти картони или не?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Хазард повеќе беше на земја отколку што играше утакмицава. Паѓа како да го уништил некој со остар старт уште недопрен од противничкиот играч.
Грев е да зборите вака за Хазард. Али добро, ако ви е полесно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom