Европска Лига 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата acermk
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто на вчерашниот меч имаше судии покрај голот ?
 
Шо мислете за начино на кој отпадна Ливерпул? Заради гол примен дома у судиско продолжение 2х15... поточно, шо мислете за правилото? :)
 
Зошто на вчерашниот меч имаше судии покрај голот ?

Цела сезона во Лига Европа има 6 судии. Еден главен, двајца од по страните, двајца позади головите, и тој што покажува продолжение. Е сега не знам дали им е пробно ова и дали ќе воведат и во останатите натпреварувања вака, останува да видиме.
 
Шо мислете за начино на кој отпадна Ливерпул? Заради гол примен дома у судиско продолжение 2х15... поточно, шо мислете за правилото? :)

Супер си е правилото, така треба да остане, што има врска дали е во регуларно време или 2х15 пак треба да важи правилото гол на гости, башка тоа 5 пати е подобро од златен гол.
 
Малце правилото е заебано оти му оди во корист само на едниот тим.Треба или да го променат или пак во реванш натпревари да нема продолженија туку директно на пенали.
 
Јас мислам дека барем во продолженијата да биде укинат голот на гости.Пак ќе кажам во денешниов фудбал не е како порано.Играчите се веќе навикнати на секакви терени и големи натпревари.Некој ќе даде некој гол на гости на среќа па дома ќе се брани и ќе го води резултатот како сака.Поарно си беше златниот гол,ќе те стресеше некој инфаркт барем :pos:
 
Мислам дека подобро би било доколку не се смета голот на гости и во продолжениата.
Значи да се почне како од 0-0 во продолжението, вака гостинот има голема предност во случај да даде гол, а домаќинот нема повеќе од 30 минути да го поправи тоа... :nesvest:
 
И јас помислив на истото вчера. Стварно е нефер да важи гостинскиот гол во продолженијата. Па Ливерпул не е крив што го игра реваншот на домашен терен. Тоа е работа на веројатност. Ждрепката одлучила реваншот да биде на Енфилд. Е сега Атлетико си тепа за првите 90 мин. со 1-0, така? Во реваншот Ливерпул возвраќа ос иста мера и рез. е нерешен. Што к** има сега и во продолжение да важо гостинскиот гол? И продолженијата исто завршија нерешено 1-1, значи натпреварот беше најнерешен што може. Најреално беше со пенали на крај али :toe:
 
Фала Богу, на тва мислеех и јас, таква дискусија сакаах да предизвикам. Заебано е малко тва правило а и верувам тешко е да се смене или воопшто да се одлуче за некоо друго. 1-0 првио дуел, 1-0 вторио, сосема израмнено, тие 30мин екстра време треба да се сметат как "трет"-решавачки дуел. Од една страна Атл.Мадрид играа у госте и се соочуват со поголем притосок, па треба да им се важе гол у госте, а од друга страна ај да замислеме да не се важе гол у госте на Атлетико, после 90мин 1-0 за Ливерпул, после 120мин 2-1 за них и се оде на пенале, кој ќе биде притисоко врз фудбалеерто на Атлетико шо ќе шутират пенал? Незнам, ного голема филозофија е тва, има и други факторе шо влијаат на резултато и на екипата шо треба да оде понатам, ама мислам оти така е малко глупо и треба да се преиспита тва правило и другите потенцијални варијанти... we care about football :)
 
Неможе да гледаме така. Ливерпул е оштетен што добива 30 минути плус да прими гол. Ама од друга страна , добива +30 минути да се реши двомечот и тоа на домашен терен.
 
И јас сум помислил на тоа ама ако гледаме така тогаш треба продолженијата да се играат по 15 минути дома кај едниот и кај другиот противник. Точно е дека домаќинот е под закана да го прими тој гол во 30те минути ама цело продолжение го игра дома и тоа му е предноста:toe:
 
Нее исто да ја имаш можноста да дадеш еден гол и да си го ладеш, да се бранеш цело време и да играаш на домашен терен и да напаѓаш а у меѓувреме и твојоо гол добро да го пазеш. И двете работи си имат свои предности и недостатоци, ама неможеме да споредуваме и мереме баби со жаби. И јас тва го мислам, по 15мин и там и там, најарно, ама се знаа оти тва неможе да се случе у никој случај па треба да се размислува за др. решение ако воопшто го има. :)
 
Шо мислете за начино на кој отпадна Ливерпул? Заради гол примен дома у судиско продолжение 2х15... поточно, шо мислете за правилото? :)

Прашање на место е ова, имајќи во предвид колку фудбалот станува се попрофеионален и попрофесионален, играчите „се исклучуваат“ за време на натпреварите, не знам дали вреди ова правило. :toe:
 
Абе зошто толку рано финалето? (утре е)

Еве гледам и менаџерот на Фулам се буни нешто. Многу рано оваа година, лани беше на 20 мај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom