Љубомир Фрчковски денеска беше кај јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Го откри идентитетот на „сведокот“ кој, како што напиша во својата колумната вчера, му кажал дека по барање на некој негов претпоставен од ДБК, тој го сликал возилото - бомба употребено за атентат врз претседателот Глигоров.
Обвинителот Шврговски пред медиумите потврди дека Фрчковски го посочил името и презимето на лицето коешто нему му ги изнело тврдењата за атентатот, „во зависност од тежината на изнесените докази ќе се покрене соодветна постапка“, објаснува обвинителот.
За јавноста останува тајна името на поранешниот припадник на Седмата управа на МВР.
Станува збор за припадник на Седмата управа, кој му се јавил на Фрчковски и му рекол дека сликата на „Ами“ возилото во кое беше поставена бомбата, ја направил тој по барање на претпоставен од ДБК, пред атентатот.
Фрчковски може да биде повикан на службен разговр во МВР
„Кога се појави фотката во весници со објаснение дека е направена од некој Германец, па нашиве уште пратиле екипа да го бара во Германија заедно со нивното БНД, се здрвив. Кај ќе го најдат во Германија, кога тој Германец е овде“, вака го цитираше Фрчкоски во својата колумна, живиот сведок за атентатот.
Сведокот сликата со „Ами-то“ ја предал во МВР. Во исто време тврди дека човекот од фотороботот е службеник на полицијата.
„Професоре, тие што ми наредија ги знам по име и презиме, тој што го купи „Ами-то“ од фотороботот го знам, тој е службеник на ДБК и мој колега, кој се издаде дека купил „Ами“ за негов братучед од Алексинац“, изјавува сведокот.
Вчера портпаролот на МВР, Иво Котевски најави дека е можно поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски да биде повикан на службен разговор во МВР.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99187