Еве го сведокот за атентатот на Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktor22
  • Време на започнување Време на започнување
Во третото продолжение на интервјуто од 2002 г. на Босанецот Осман Ватреш, соговорникот на македонскиот неделник „Национал“, зборува за врските меѓу македонските полицајци, политичарите и нивната соработка со криминалното подземје. Ватреш тврди дека видеолентите со сниманите материјали во кои неговите соговорници зборуваат за атентатот врз Глигоров се во Македонија, но дека се тргнати од архивите на МВР Кои се луѓето кои се снимени на касетите? Кога касетите стигнаа во Скопје од функциите беа сменети Фрчкоски и Величкоски. И Диме Ѓурев настрада. Нему му понудија место во Сараево, но тој не сакаше, а на овие двајцата ништо не им понудија. На касетата беа снимени луѓе од групата. Аслан Нуиши? Да, во таа група е и Аслан Нуиши. А како се викаше пеjачот? Засега нека остане непознат. Но ќе се дознае, сигурно ќе дојде време за тоа. Кажете барем дали е Македонец? Македонец е ..., вистински Македонец. Се’ ќе излезе на виделина. Јас сум задоволен од ова што го завршив, како човек кој не работи во безбедносни служби туку како новинар, завршив една чесна работа. Но, кога касетите со материјалот за атентатот пристигнаа во Скопје, зошто не е затворен случајот? Тоа прашајте го премиерот на македонската влада Бранко Црвенковски. Какви справи Ви нудеше ,,пејачот“? Секакви видови. Експлозивни направи на далечинско управување. Тврдеше... „Го имаме тоа, го чуваме во Прилеп на една локација . . .“,. А што е со Нуиши? Нуиши е во операцијата. Се спомнува ли името на Нуиши на касетите? На касетите има многу детали. Што конкретно? Имиња и детали. Многу имиња од полицијата, но и надвор од неа. На аеродромот во Скопје една полицајка учествувала во извршувањето на задачата. Таа му е жена на тој и тој, кој правел тоа и тоа, ... се стои на касетата. Потоа сопругот на полицајката го уапсија во Грција. И тој призна некои работи. Но, за тоа подобро знае Богоевски. На касетите има се’ за мафијата во Македонија, кој зад кого стои, кој со кого работи... Со име и презиме. Очигледно е дека тие информации ги има и Љубе Бошкоски кој затоа и ја даде таа изјава. Ако тој нема такви аргументи, не би давал такви изјави, за разлика од интервјуто на Величковски кој дава изјави за атентат во кој лично учествувал. Кој е автор на информацијата која се пушти кај нас дека Нуиши го извршил атентатот? Види, јас никогаш не сум рекол дека Нуиши е извршител на атентатот. Но, знам дека е дел од таа група, затоа што подарувањето на „мерцедесот“, доаѓањето пред атентатот во Скопје, под друго име, спиеше во хотел ,, Јадран“ и сите тие случувања. Тој признал и некои работи во Словачка. Тоа се крупни работи кои ќе одат натаму. Вие тврдите дека Нуиши е во затвор, но, тој дава интервју за весници и тврди дека не е во затвор? Фотографијата која е објавена во весниците му е од младоста. Кога сме кај него, чудно е како загина брат му. Зошто брат му го смени презимето кога Нуиши беше уапсен? Кој го смени презимето? Па, брат му на Аслан. Од Нуиши стана Лесковица. По апсењето на брат му. Кој е мотивот на оваа група да го изврши атентатот? Мафијата секогаш има свој мотив. Кој и’ пречи тој мора да замине. На нив им пречеше човекот кој сакаше да се бори против криминалот. Неговата полиција, не му беше верна да го чува. Сетете се што се случи со автомобилот. Кога се понудија да помогнат сите полиции, министерот требаше да им дозволи на странските полиции целосно испитување на автомобилот. - Но, тука се беше тргнато. Кој можеше да го нареди? Па, министерот. Се сеќавате ли каде беше министерот по атентатот? А и таа конференција за новинари беше подигрување. Видете што се случува во Србија, Босна, Хрватска,. . .
 
A kolku atentati na pretsedateli se razjasneti vo svetskata istorija????????
dobro mal procent no kaj nas nema da uspeat:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom