Еве го сведокот за атентатот на Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktor22
  • Време на започнување Време на започнување
Абе какви се финти не ке измислат...ееееј


абе овие од влада и опозиција...т.е бране и гРујо сеа којзнае кај пијат кафе со бучко,љупчо и останатата багра...



верувајте ми ИЧ не се непријатели....знам зш сум видел..
 
секоја фама без разврска е во суштина одвлекување на вниманието
хелоуууу отворете очи којзнае што се дешава во меѓувреме:helou::helou::helou:
 
ти шо мислеш дека се дешава???

абе ни го сменија името....


готово е..


сеа само ке одвлекуваат внимание..за да нема референдум...не за друго!
 
Ај да ставиме пари, кој би бил.

Бранко ли, преку неговите луѓе во ДБК, за да присвои некоја позиција, па сега му откажа љубов на Фрчко, и овај го кажа со „Ќе вииш ти, сега се ќе кажам“

Мијалкови (причините барајте ги овде http://makedon.blog.com.mk/node/12089), кои се исто така во тие кругови. Па сега БЦ во акција со ЉФ, во перфектен тајминг му додаваат топка на братучедот Груевски пред избори.

Трети лица и служби, корени од екс ју.

Битно нешто негде мрда, некој пушта некои конци, некој ги превзема, ќе има јавање.

Битно, во лошо време вакви вести, (а ко ќе размислам кое време било добро за нас).

Јас гледам дека Фрчко фино лепо отишол да си каже, па ај да видиме како ќе се спотера работата. Ако не се спотера, нешто ќе смрди, некој на паркинг место да тепа ќе биде тепан итн. така оди тоа.
 
Како може на ваквли глупости да ми верувате на фрле, прво човекот тогаш беше министер за внатрешни и ако тој ги знаел тие информации можел веднаш да дејствува, второ како министер има дирекна контрола на дбк и ако тој не знаел што се случува во дбк тогаш значи бил апсолутно никаков министер. На крај доаѓате до решението дека човекот сака постојано да биде во центарот на вниманието и во врска со името се зацапа до гуша во гомна со неговиот негаторски став и навлече огромна омраза кај народот па ај сега демек ќе изигрува спасител на ќорчо и мисли народот така ќе заборави на неговите прогрчки ставови. Мрш бе гнидо нетреба воопшто да се појавуваш, јас незнам како ти идат студенти на час и со кој морал им предаваш.
 
..ако тој ги знаел тие информации можел веднаш да дејствува, второ како министер има дирекна контрола на дбк и ако тој не знаел што се случува во дбк тогаш значи бил апсолутно никаков министер. ...

За дали ги знаел информациите, тоа сигурно, само чекал поволен момент можда, :)

А дека можда и не знаел, стои и тоа, оти не мора да значи дека ако се под него, не се моќни, може да биде и обратно :)

Е сега може некој од тие решил да оди да сере без да види да не има некој зад газот :) кога таму Фрчко, со слика во рака.

Е сега ќе биде интересно. Чекаме да видиме што ќе ни донесат денешните и утрешните вести (реакции де, на владата, полицијата, судот итн).

Морее, значи да ти е мерак да слушаш вести, подобри се од ЦСИ, ФБИ, МОССАД срања од серии. Позаплеткани работи здравје. Пуштајте ТВ и :tv:
 

Ама затоа СПОСОБЕН кретен!


Од кога го познавате Фрчковски?
Го запознав во 1991 години. Тогаш, јас и моите соработници, по буквално молење од страна на Лазе Китановски, го презедовме обезбедувањето на СДСМ. Со Фрчко имавме чести средби од тогаш, повеќе од 300 за 3 години.
Што се случуваше со Фрчковски на почетокот?
Изгубен. Помнам кога го назначија за министер, беше четврток или петок, дојде во ресторанот "Златна вилушкаè. Таму седевме јас, Бранко Црвенковски и уште неколкумина други. Инаку, јас во тоа време играв фудбал во "Сообраќајнаè, па му велам на Фрчко: "Ајде сега доаѓај со нас и ти малку да се зајакнеш физичкиè. Тој ми возврати: "Ќе смеам ли и јас таму да играм?è. Сакам да кажам, не беше свесен три месеци дека е назначен за министер.
Дури тогаш доби возачка дозвола и тоа без да полага. Се радуваше како мало дете. Една недела не ја тргаше од неговото биро. Му ја даде Слободан Богоевски и тоа со криење од Павле Трајанов..
Споменавте 300 средби. Има ли некоја особена?
- Во 1992 година отворија кафеана "Скопски меракè, со добра чорба. Бранко Црвенковски ми кажа дека Фрчко ќе одел таму на некој средба, па ми рече да отидам и јас. Се договорив со Фрчко, и бидна.
Го чекавме кај Жена парк јас, неговиот возач Диме, Славчо Саздов, тогашен помошник-министер за финансии и Јован Милевски, мој долгогодишен пријател, професор на Факултетот за безбедност. По долго чекање, дојде Фрчко со влажна коса, се пофали идел од швалерај, и конечно заминавме во кафеаната. Таму дојдоа и неговите најблиски соработници од МВР, Мите Апостоловски, Добри Величковски, Слободан Богоевски, Станој Богоев и Павле Трајанов. Само што седнавме, веднаш соработниците почнаа да му предлагаат "бизнисиè. Понуди за панцири, куршуми, лисици и што уште не за соодветен профит. Единствено Павле Трајанов само си молчеше. Кога виде со кого си има работа, стана и си замина.
По кратко време, откога сфатив дека сме во бизнис-елитата на МВР, станавме и јас и Јован Милевски и си заминавме. Му се јавив вечерта на Бранко Црвенковски, и му кажувам што беше средбата. Тој само рече: "Што се впушта во такви игри Фрчко по кафеани, кога може да си одржи колегиум на работаè.

Велите дека се занимавал со криминал?
- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолетè јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Димеè. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблемè.
Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?
- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Бекоè за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај сў е документирано, дури и во МВР.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DC2986B63E7B174D8DF53DDEFACE4CF6
 
А ако според сведокот што го посочува фрч се дојде до решение на атентатот дали ќе се гони кривично фрч за соучество бидејќи 13 години го знел ова е не го соопштил или во спротивен случај за давање на лажни информации. Сепак ова на фрч му е меч со две острици или ’’сам себе го убијал’’, бидејќи ако се дојде до решение треба фрч да одговара за соучество а во спротивен случај за давање на лажни информации

Би сакал д видам како ќе заврши ова
 
Neka dade Frcko odgovor koj izvrsi atentat na ministerot Mijalkov,na Skopskiot gradonacalnik ne znam kako mu bese prezimeto,daloi bese Kekenovski ili taka nesto,na Mudinovi vo Strumica,pretsedatelot Boris Trajkovski i uste mnogu drugi nerazjasneti ubistva...Togas na vlast bese SDSM,sega vie upotrebete ja vasata imaginacija!
 
Хммм...ај да видиме што ќе биде...иако сум убеден дека нема ништо дфа биде, ама...ајде, нека помине и ова...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom