Во врска со ова „не треба да учествуваме на Евровизија, со тие пари треба амбулантни возила да купиме“ итн една работа не разбирам: знае некој со сигурност со чии пари ние го финансираме учеството? Јас колку што знам тоа не е финансирано од владата туку од МТВ (со нивниот буџет што си го имаат, од радиодифузната такса итн)? Бар по правило ова е натпреварување на ЕБУ и учествуваат сите нејзини членки, вклучувајќи ја и Македонската телевизија, и во принцип телевизиите ги сносат овие трошоци и од нив е финансирано, не од владите..? Ако и кај нас е така случајот, тогаш стварно не сфаќам по која логика не одењето на Евровизија ќе ги финансира тие болници итн. Ако не одиме значи само повеќе пари ќе останат во касата на МТВ и ќе завршат по нивните џебови (или пак со тој буџет наместо учество на евровизија ќе финансираат нешто друго, пример ќе ја пренесуваат Премиер лигата, ова као пример го давам), не гледам на кој начин наионалната телевизија ќе финансира болници и купува амбулантни возила, тоа по ни една логика нема да се случи и не е нејзина одговорност. Тоа е исто ко да се буниме зошто имаме женска репрезентација во фудбал и да бараме од ФФМ да ја укине и наместо да им плаќа трошоци за патувања и играње натпревари, со тие пари да купи амбулантни возила. Едноставно но сенс е од нив да бараме такво нешто, и да ја укинат женската репрезентација не е тоа одговорност на ФФМ да финансира такво нешто и само ќе им останат повеќе пари за други ствари во фудбалот.
Втора работа, учеството нели не коштало 150.000 евра или колку. За земја од 2 милиона тоа е 0.075 евра од човек!!! Смешно е човек да збори дека Евровизијата била крива што немаме амбулантни возила или што не се покриваат трошоците за лекување на некои болни, едноставно
тие работи треба да бидат финансирани и покриени без оглед на тоа дали идеме на евровизија или не, не е проблемот до евровизијава туку до владата што не прави ништо за тие проблеми!!! Пример на детено што умре оти не собрале 40.000 евра, на 2 милиона жители тоа се факинг 0.02 евра од човек (1 денар по човек), не може владата да немала буџет да го плати тоа и да зборите дека евровизијата била крива што немало веќе пари да му се плати лекувањето. Проблемот е што не се нафаќаат да ги платат тие трошоци (срамота!), а не што идеме на евровизија. И да не идевме на евровизија они немаше ништо да направат за детето, едноставно не е до тие потрошени пари проблемот.[DOUBLEPOST=1558768358][/DOUBLEPOST]
Чекајте малце, не ве сфаќам. Евровизија е циркус бидејќи сите си гласаат меѓу себе, ама срамота било што не сме дале поен на Србија?
Фала курцу некој со мозок да се најде тука. Стварно се запрепастувам од таквите коментари. Цело време се бунат колку била политизирана Евровизија, и во исто време се револтирани како тоа не сме и дали 12 поени на Србија оти требало да се подржуваме

Башка не знам од кај тоа дека другите сите така си ги делеле поените (освен Грција и Кипар). Норвешка и даде 12 поени на Шведска (која беше втора)? Не, на факинг Чешка и ги даде. Шведска (жири) им даде нешто на Норвежаните? Не, а по телевоутинг беше прва Норвешка! Некој од Скандинавциве даде поен на Исланд? Јок. Швајцарија и Австрија им дадоа 12 поени на Германија? Не, 0. Нас ни ги дадоа 12ките. И после Евровизија била политизиран циркус и само на комшии си давале наместо да вреднуваат музика (а пази, први завршивме по жири на „сите тие Скандинавци што меѓу себе си ги даваат поените“, додека Норвешка што беше победник од телевоутинг не беше ни во топ10 од жири од што цела Скандинавија им дава поени од ракав!), и срамота било што не сме им дале 12 на Србија, морало да им дадеме без оглед каква песна имале, јаоооо која логика чоече. На крај краева од публика им дадовме поени, жирито не им даде, а тоа е и целата поента на жирито, да биде објективно и да не гласа на соседска основа.