Euro truck simulator 1/2 ( Truck games )

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Играва баш си е топ. Колку само релаксира ако си нервозен или пак за пауза од учење. Вас ви е досадна зошто вие ќе фатите да играте по 3-4 часа дневно, па нормално дека ќе ви е досадно по толку изиграни часа. Ова се игра отприлика околу 1 сат за да разбистриш мозок.
Оние игри ко NFS да не се подобри случајно. Ич не се реални, возиш со 300 км на сат и се маваш во зид и послем пак продолжуваш.

:facepalm:
 
Euro Truck Simulator сум ги играл претходните. Не се нешто посебно, за пофалба им се моделите на камионите како однадвор така и внатре во кабина. Ама има една друга игра со камиони строго паркирање на шлепери со огромни приколки, возење по тесни патишта со големи кривини, Scania Truck Driving Simulator, сигурно не е досадна и не само што не е досадна е прлично тешка за визење, има стази каде што треба на рикверц да влезиш во 3-4 кривини со приколка и да паркираш. Пробајте се вие што не сакате вакви игри па ќе прајме муабет. :D

И таа ја имам свртено :sneaky: инаку дефинитивно е потешка за играње меѓутоа тоа е добро бидејќи е потешко (y)
 
На Dark King и Ilumious им се допаѓа ова

Ко викам ја ѕвезда сум. Само прекарот ми го спомна и одма 2 лајка. А камо ли вистинското име.

Инаку играва би ја пробал, оти да не. Не се ограничувам јас е ова не го играм или она не го играм. Ем работа ми е да играм се`, ем сакам да играм се`. Иако баш овие денови неможам да ја пробам баш оваа игра. Па ако сакаш мое мислење, ќе треба да почекаш. :D
 
и постер од гола женска на лев sид

Ќе си монтираш на монитор онакво, сонце кога има што се спушта и тука ќе ставиш слика од голо момиче:icon_lol:, а може и некоја егзотична слика, Хаваи на пример:D
 
Ќе си монтираш на монитор онакво, сонце кога има што се спушта и тука ќе ставиш слика од голо момиче:icon_lol:, а може и некоја егзотична слика, Хаваи на пример:D
хахах, таму ми стои Возачката Дозвола, нема место. :)
 
Ја симнав играва и решив да видам што симулира, односно што симулатор е.

Земав еден Џо(а)б и трнав од Торино до Верона. Ми вика дека до таму има 350(нагаѓам, не ми текнуе колку покажа)км и околу 350мин. Значи дека ако возам со 60км/ч ќе стигнам на време. Возам по тоа патиштата со просечна брзина од 88км/ч, што значи дека логички, а математички кога километрите ќе ми се намалат за 88, и времето преостанато ќе се намали за 60 мин. Тука им го побив симулаторското околу ова. Возам со 88, и наместо да се намалува како што треба, ова се намалува за секој км, по една минута:tapp:. Вака НЕ, ова не е симулација. Срам ги било. И за крај, доста и беше. Папа чао, си рековме со играва.:D

Па NFS Hot Pursuit 2010 излага поголем симулатор од ова.
 
Од сабајле ја возам. Подобар симулатор од WoS America, со многу повеќе можности, многу повеќе градови... Двојкава е измислена за разлика од кецот. Just, предобар симулатор. :D

ets2.png
 
Брат ми ми го има заглавено камионот што си го купив има некое чаре да се одглави ?? на еден рид го има качено и не сака ни напред ни назад да оди .
 
Брат ми ми го има заглавено камионот што си го купив има некое чаре да се одглави ?? на еден рид го има качено и не сака ни напред ни назад да оди .

:pos::pos::pos: леле е ова не очекував да го слушнам :D Вака мислам дека тоа би го направил пробај да го продадеш камионот и после одново да го купиш и ќе те даде кај гаражата твоја :)
 
Брат ми ми го има заглавено камионот што си го купив има некое чаре да се одглави ?? на еден рид го има качено и не сака ни напред ни назад да оди .

Стегни F7 и ентер. Шлеп служба ќе те однесе до најблискиот град, многу саати ќе потрошиш и скапо ќе платиш. :)
Ако имаш пратка, откажи ја. F6 и ентер. Не вреди да каснеш за доставата. Губеш пари, а и experience поени.
 
Фала ти многу .. не ми зеде скапо 400е само :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom