Euro truck simulator 1/2 ( Truck games )

L

.Lost Angel.

Гостин
Oва е за Euro truck simulator 2

Патување низ европа како крал :свиркам:, Возач на камион кој превезува важни товари на импресивни долги растојанија! Со десетици земји за да ги истражите.
Од Велика британија,Белгија,Германија,Италија,Холандија,Полска и уште многу повеќе, вашата издржливост,вештина и брзина... ако имаш се што е потребно за да бидеш дел од елитните возачи на камиони тогаш време е да бидете зад воланот и да го докажете тоа :)

Еве на што ќе наидете ако играте во следнава игра и уште многу повеќе.
  • Имате широк спектар на пренесување на товар во повеќе од 60 европски градови.
  • Можете да основате сопствен бизнис кој продолжува да расте, дури и кога ќа завршат вашите товарни испораки.
  • Изградете ја вашата сопствена флота на камиони, купи гаражи,изнајмување возачи,управување со вашата компанија.
  • Илјадници милји на вистинска патна мрежа со стотици познати знаменитости и структури
Еве што ви е потребно за да ја играте оваа игра :)

  • Operating system: Windows ® XP/Vista/7/8
  • Processor: 2,4 GHz Processor
  • RAM: 2 GB
  • Video card: GeForce 7600 GT
  • Sound Card: Sound device,DirectX ® 9.0c
  • Free space on hard disk: 1.5 GB
Производител: SCS Soft

Еве како изгледа играта:

-1881028343.jpg -1881029218.jpg 509346187.jpg 250020328.jpg

П.С се надевам дека објаснив малце поубаво за оваа игра :D

Па повелете со коментарите околу оваа игра :)
 
МИЛЕ КИТИЧ

Пијан бев кога го сменив корисничкото име
Член од
13 јули 2009
Мислења
4.230
Поени од реакции
1.836
чоек без навреда, ама игриве се смрт. значи ако сакаш да умреш си пушташ оваква игра. нема никаква акција, нема никаква задача, нема ништо. Само држиш стрелка напред и возиш. Подосадна игра у живот неам играно од truck simulator, толку е досадна, што досадата умрела од неа и борчот не ја бара борчот да си го наплати од неа.
 
Секој си има право на свој избор :)
--- надополнето: Oct 19, 2012 3:41 AM ---
Инаку играта можете да ја играте и со воланче :D
--- надополнето: Oct 19, 2012 3:49 AM ---

Еве мој gameplay :)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
5.844
Поени од реакции
4.592
Ова дури и не е толку лошо за ирање......знае да биде интересно на моменти.
Идете на замунда и пишете симулатор да видите за што све не направиле симулатори :pos:
Сепак врвот (дното) е стрит клининг симулатор........полошо и подосадно од тоа амин.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.074
Поени од реакции
7.023
Не е игра,симулатор е.
И тоа одличен симулатор.

Ова дури и не е толку лошо за ирање......знае да биде интересно на моменти.
Идете на замунда и пишете симулатор да видите за што све не направиле симулатори :pos:
Сепак врвот (дното) е стрит клининг симулатор........полошо и подосадно од тоа амин.
Симулатори ги има безброј, Live for Speed е еден таков симулатор, а некои Need for Speed видео игри, како што се Need for Speed: Shift и Shift 2: Unleashed исто така се сметаат за симулатори.

Информација за таканаречените хардкор или професионални гејмери:

Не секоја видео игра мора да биде исполнета со насилство и со мисии кои пумпаат адреналин преку виртуелни насилни акции или преку виртуелни прекршувања на законот и на јавниот ред и мир.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.434
Поени од реакции
7.685
Супер е играта бе и некој кажа дека немало мисија..како не. Има мисија,носиш испораки од град до град-држава,собираш кеш така можеш да го надградиш камионот или да купиш подобар.Секој судар или кршење на сообраќајот добиваш казна.. а што е добра игра за вас? Убиства,крв до колена,пукање..само тоа е игра.?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12.994
Поени од реакции
7.592
Супер е играта бе и некој кажа дека немало мисија..како не. Има мисија,носиш испораки од град до град-држава,собираш кеш така можеш да го надградиш камионот или да купиш подобар.Секој судар или кршење на сообраќајот добиваш казна.. а што е добра игра за вас? Убиства,крв до колена,пукање..само тоа е игра.?
Нешо шо не можам да го праам у живо.
Тоа е добра игра.
Возење камион ако не завршам факс не ми бега.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
809
Поени од реакции
1.035
Другарче многу ја играше 18 Wheels of Steel: Across Americа и ја обожаваше, еве сега вози камион низ америка и така заработува :D
 
На врв Bottom