"Eј, види го овој..."!

Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Воопшто тоа не ми се допаѓа , мислам дека луѓето тоа го прават од завист особено ако они не се така храбри да се спротистават на обичните однесувања. Ако сум постара ,се радувам на децата со модерен дух и моите внуки и внуци ги охрабрувам да бидат посмели во облекување и однесување но се разбира со тоа да не му пречат на никого. На времето кога тоа беше необично, јас сама го однесов мојот син да му дупнат уше ,дури и од блиските имав негативни коментари за тоа .Затоа бидете смели во она што сакате да го изразите дали преку облека ,однос ,формирање на тело ,се е ваше лично и ако со тоа не повредувате никого само напред ,тоа сте вие а за злобните коментари не водете сметка тие ви завидуваат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Често го употребувам :) ама самиот во себе си го викам. Иначе, да ме слушаат одоколу, неее. Алергичен сум на такви работи.
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Точно така. Сите тоа го прават. Едноставно ко да си немаат свој живот и зборуваат за другите. Пули си ја својата работа и немој да се занимаваш со другите. Нивна работа е што прават,како прават,како одат,како изгледаат........
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..да...кажуам некад на глас некад у себе(почесто у себе)..а и за мене сум слушнала ...:vozbud:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Коментирам. Некои чудни ликови и појави едноставно мислиш намерно се такви за некој да ги искоментира.

Иако повеќе сакам да коментирам ликови кои се убаво облечени и средени. И нормално тука и и малку им завидувам на нивната способност да искомбинираат материјали, стилови, бои..:pipi:
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
паааааа ако го знам некој (ако знам нешто за него) може нешто такво да му речам, а ако не го знам тогаш.....си ќутам, дека не го знам што и како е
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
мислам дека како народ сме такви секогаш имаме нешто да кажеме за другиот едноставно тоа ни е како право неоспорно од никој тешко тоа дека ќе се смени едноставо сме ние тоа е во нас не тера да го кажеме тоа дали од љубомора дали затоа што сме искомлекисирани за нешто:toe:
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Да јас имам обичај да го употребувам "Eј, види го овој сељаков"! и Еј, види која клошарана!
 

^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Тотално ја утна споредбата или не ми ја сфати поентата.
Зборам на пример за дечко кој има малку поизразени бицепси, ама проаѓа покрај некои двајца "костури на батерии" кои си се тешат на некој начин со "Eј, види го овој, се замишља билдер"!

Или за навистина згоден дечко, дотеран, среден за кого двајца ружни суртуци би рекле: "Eј, види го овој, се замишља манекен".

Е што се замишља де? Дечкото е убав, ама на нив им е криво.

Или згодна девојка, стегната, во кратка сукња и качена на штикли мора да е курва? Ама две ругоби кои имаат вишок килограми и у живот не облекле кратка сукња и не се качиле на штикли ќе ја наречат така. Ќе ја наречат и другите кои на некој начин се чувствуваат загрозено од неа.

Или еве ти најубав пример: седат маалски лузери на клупа, си поминува ново Мercedes CLK низ маалската улица и коментираат: "Еј сељачиште, се цепа!" Е што се цепа де? Си помина најнормално човекот, вас не ве ни виде на лузерската клупа, не па да се цепа. Ама, зависта некако мора да се манифестира...

За коментарите околу тоа кој како бил облечен и што уживаме да бидеме "модни критичари" е друга приказна.
Потполно се согласувам. Мислам дека таквите коментари се хоби на искомплесирани луѓе. Или оние коишто немаат попаметна работа од седење и давање на глупи коментари. :tapp:
 
T

theTinule

Гостин
Мразам такви коментари. Не ги поднесувам луѓето што озборуваат на таков начин. Некад не ги ни забележувам таквите ,,појави“ околу мене. Може да се осудам да искоментирам ,,Леле глеј какви нозе има девојкава“ ама во позитивна смисла, а не да завидувам на нејзината убавина.
Не одрекувам дека ми пролатала некоја таква мисла мис памет ама не би прокоментирала на глас. Никогаш не би се осудила да си ги искажам мислите на тие што седат со мене :) Ќути и трај :):pipi:
 
Член од
10 април 2009
Мислења
337
Поени од реакции
16
Потполно се согласувам. Мислам дека таквите коментари се хоби на искомплесирани луѓе. Или оние коишто немаат попаметна работа од седење и давање на глупи коментари. :tapp:

Затоа на никој не треба да му е гајле што другите коментираат за него:) Нека кршат глава таквите!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom