Тотално ја утна споредбата или не ми ја сфати поентата.
Зборам на пример за дечко кој има малку поизразени бицепси, ама проаѓа покрај некои двајца "костури на батерии" кои си се тешат на некој начин со "Eј, види го овој, се замишља билдер"!
Или за навистина згоден дечко, дотеран, среден за кого двајца ружни суртуци би рекле: "Eј, види го овој, се замишља манекен".
Е што се замишља де? Дечкото е убав, ама на нив им е криво.
Или згодна девојка, стегната, во кратка сукња и качена на штикли мора да е курва? Ама две ругоби кои имаат вишок килограми и у живот не облекле кратка сукња и не се качиле на штикли ќе ја наречат така. Ќе ја наречат и другите кои на некој начин се чувствуваат загрозено од неа.
Или еве ти најубав пример: седат маалски лузери на клупа, си поминува ново Мercedes CLK низ маалската улица и коментираат: "Еј сељачиште, се цепа!" Е што се цепа де? Си помина најнормално човекот, вас не ве ни виде на лузерската клупа, не па да се цепа. Ама, зависта некако мора да се манифестира...
За коментарите околу тоа кој како бил облечен и што уживаме да бидеме "модни критичари" е друга приказна.