Оној кој одговорил дека воопшто не ги помислил тие или слични на нив изрази, лаже. Едноставно таков ни е менталитетот- македонскиот феномен- озборувањето.
Јас на пример не употребувам такви зборови како - сељачиште, курва и слично, но знам некогаш да прокоментирам со најблиските другарки на пример - Еј види го оној како е облечен. Чудно би било (зборувам во глобала за нашиов народ) да не ги прокоментираш некои луѓе кои по некоја психичка или физичка особина "отскокнуваат од нормалата", Си наоѓаш занимација, предмет за сеир, полнење его, безброј причини можат да се најдат зошто го правиме тоа и секогаш не мора да значи дека му/и' завидуваме на личноста, повеќепати тоа е начин на потполнување на слободното време.