DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.196
Мислам да ги прошетаме номинираниве. Следен на дискусија ќе го ставам Whiplash. Роки за тапани.
Неколку дена нека стои па ќе менуваме.
 
W

wicked_1

Гостин
@џимеј како предлог од мене следен нека е I Origins, има некоја фракција од два/тројца бунтуваат без причина :))))

онтопик: мило ми е шо не одзимаа непотребно време со љубовната приказна и се држеа до главниот плот, Мајлс Телер визуелно изгледаше како да не може да се носи со улогата ама баш напротив, изглуми феноменално, не беше у сенка на Ј.К Симонс.
 
H

HoT IcE

Гостин
Нема што многу да коментирам за филмов, ми беше еден од најдобрите за 2014 и ЏК Симонс растури со улогата. Па и Мајлс Телер. Приказна ништо ново, али добра лекција учи филмов.

Се согласувам со Викед, стај го I Origins да ги мериме со wot :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Прекрасна драма, на музичка подлога, онака која задира подлабински во животов, и што се човек треба да превземи понекогаш, за да успее на крајот.

Феноменална глума, која успешно поттикнува кај гледачот измешани емоции, и не само тоа, лично кај мене некои од нив беа онака оксиморонски поставени. Во еден момент учителот го сакав, во друг го подмразував, во еден момент го оправдував, а во друг речиси за истата работа го обвинував, и онака дури го гледаш несвесно си бранува филмот, си гази (иако претпоставуваш дека на крај позитивно ќе финишира). Има опфатено неколку сензитивни теми низ кои се преплетуваат секојдневни прашања на кои одговорот беше ито како добро претставен и сервиран. Оној момент кога некој ќе ти го дигне егото, па ќе почнува да те удира малку од малку славата во глава, па ја имаш онаа слизгавица и спуштање повторно на земја, онаму каде што припаѓаш, и се со една цел, да се извлече максимумот од тебе, за да не останеш на крајот задоволен со нешто натпросечно и млитаво.

Единствена замерка имам во однос на музиката. Со малку повеќе труд и ангажирање на неколку професионалци, ќе можеле да го подигнат ито како нивото во тој дел. Мислам на оној технички аспект, и додавање на поголема сложеност, и префинетост на звуците од тапанот, кои ќе го оправдаа она врвното џезерско и квалитетно дејствување на тапарчево. Вака ако го гледаме само звукот како звук е ок, и добар но ништо спектакуларен, како шо беше и далеку од спектакуларно солото на крајот нели :D Но ова е најмал проблем, само го додавам како моја замерка за дошминкување на филмот во тој аспект.

Опасна добра драма, значи опасна и доста поучна :)
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Причината за тие 6 номинации се само поради фактот дека филмот е 12 годишен проект. И на некој начин е уникат, колку што јас знам немало ништо слично.
Секако дека е така, но сепак фактот дека филмот е работен 12 години не значи дека автоматски заслужува 6 номинации, а уште помалку 6 Оскари. Баш заради тој факт би требало да има некое поголемо дејство во сценариото. Уникатен е, точно, но уникатен е, да речеме и Mr. Nobody во 2009та, па сепак тоа не му донесе ниту една номинација. Како што реков, "Boyhood" има одредено значење и носи некои важни животни пораки, но сепак сметам дека малку е преценет.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Пишав и во ранкингот за топ 5 филма годинава. Немам уште неколку претенденти за оскар гледано, ама ова е најмадафакерскиот и најамбициозниот филм досега, иако на прв поглед делува скромен. Скромно Sunday afternoon филмче кое служи за занимација дури си во потрага на филм.
Но Whiplash e далеку од тоа.

Whiplash ќе ги погоди сите оние кои во растењето низ институциите на воспитувањето, било формално или неформално, начекале ментор, идол, за кој се би дале за тој да климни потврдно со главата дека тоа што го правиме е добро. За чие одобрување би заминале подалеку од сопствените граници, за чија пофалба се чини дека е целта на нашето постоење. Како драма толку едноставно и реално ги доловува тие моменти на дигање во облаци, па спуштање 2 метри под земјата па пак дигање па пак спуштање, и покрај тоа што нема некоја којзнае која конкретна applicable дешавка која е заслужна за тоа. Сето тоа се случува брзо и неосетно, да не можеш а да не навиваш за Ендру да стани НАЈМАДАФАКЕРСКИОТ ТАПАНАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА. Но, дел од тебе, оној реалниот знае дека нема да се случи тоа. Пасивните и депресивните тонови чак и сигурираат дека кога-тогаш ќе се случи нешто катастрофално (кај сообраќајќата за момент помислив дека умре, готово) кое ќе ни даде порака колку блиску се успехот и неуспехот. По некоја минута повторно пресврт на емоции, и така филмот те вози и ти прави емоционален roller coaster до немајкаде. Јас како човек што не сум многу по музиката и многу многу не ја владеам, со филмов посакав да бидам и најдов шмек и во тој сегмент.

JK Simmons РАЗВАЛИ, РАЗВАЛИ! :cuc: Заслужено (најверојатно) ќе го земи оскарот за најдобра споредна машка улога.

Сума сумарум, филм кој мора да го гледате и пред кој не верувам да остани некој рамнодушен или да даде негативна критика. Ако има таква, едвај чекам да видам кое ќе е објаснувањето.

И уште еднаш :cuc:
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
@џимеј како предлог од мене следен нека е I Origins, има некоја фракција од два/тројца бунтуваат без причина :))))
Да го ставиш I Origins во темава е исто како да ставиш човек пред стрелачки вод и да го стрелаш.
го замислувате њот со врзани очи, нели?

Туку може тука за I Origins, го замолив џимеј да го постави а се уште не ми останало време да пишам.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Whiplash на површина изгледа како лесен филм но е исполнет со животни поуки, неочекувани ситуации и одлична глума. Музиката иако не сум љубител на јез, оној почетниот ритам на песната Whiplash уште ми свири во глава.

Колку од вас ги извадија тенџерињата и лонците од шпаиз за рехерсал? Ајде наши сме си, нема срам тука. Секој успешен тапанар почнал со лонците на мајка му. :D
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Whiplash на површина изгледа како лесен филм но е исполнет со животни поуки, неочекувани ситуации и одлична глума. Музиката иако не сум љубител на јез, оној почетниот ритам на песната Whiplash уште ми свири во глава.
Мислиш... You know it by heart? :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ја мислев Miles Teller го бива да глуми само во романси. Ме изненади.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom