DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Мило ми е што има луѓе што го видоа филмот проѕирно, и сфатија дека не е ништо посебно. Не е лош, ама не е ни "добар" добар филм.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Само што го изгледав...
Во принцип, јас ги сакам типичните американски драми, но овде ме уби монотонија, цели 2 и нешто саати...Итан некако беше вистинско освежување во филмов, а и омилен лик ми беше...Иако на почетокот делуваше како дилајла, сепак имаше многу среќни мигови со децата, едноставно се трудеше околу нив...Вториот брак му беше баш квалитетен и нормален, за разлика од Оливија...
Детето Мејсон во тек на целиот филм ми беше како изгубено некако, растргнато, несреќно...
Оној дел кога Оливија беше со тој стариот, професорот, од моментот кога косата на Мејсон му ја ишиша мислев филмов ќе добие тек на This boy's life, ама се зафркнав....
Значи бев во очекување цело време да се случи нешто интригантно, тензично, заплет некој, да гледам - да не трепнам, ама тоа не се случи во цели 165 минути...
Многу развлечени кадри, монотонија...
Јас очекував многу повеќе од филмов, како прво заради рејтингот на IMDb, а после ради тоа што на форумов е форсиран од многу членови и секаде го поврзуваат со номинациите за Оскар...Богами ако го номинираат овој, о Gone Girl на пример заслужува дефинитивно неколку добри номинации...
И уште нешто- Канон, Бог знае колку платиле за рекламата!
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Коцка, тебе брејкинг бед ти стана одбивна кога стана мејнстрим, не очекував дека ќе ти се свиѓа хајпнат филм. Не сум прочитал твое позитивно мислење за познат филм. :nesumjas:
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.710
Поени од реакции
12.707
Ај ќе сфатам зошто ви се допаднал или не. Зошто бил добар или досаден. Ама дека feelgood филм е ... е тоа не можам да го сфатам. Мене филмов ни во еден момент не ме напраи да се чувствувам добро :) Можам да ја видам привлечноста во тоа да ги „посетиш“ сите одлуки кои што си ги донел како дете па до ден денес, впрочем и тоа е филмот. Огледало на 90% од животот и растењето на машките деца, и стварно не можам да сфатам што има филгуд во тоа.....

Не ми остави толкав впечаток како филм за еволуцијата на едно дете колку што ја претстави целосната слика на оваа генерација. На оние нас што израснавме со Хари Потер и технологии и секакви ми ти глупости околу нас. На оние нас што баш поради тоа станавме премногу неблагодарни и антисоцијализирани суштества. На оние нас што растевме во време кога родителите беа позбунети од нас поради промените што се случуваа со неверојатна брзина во она што го карактеризираме како нормално општество. Претставување како во ниту еден момент не чувстуваш сигурност, дури и тогаш кога мислиш дека си успеал. Па сега дете на 18 години неможе да има „нормален разговор“ (или тоа што се сметало за нормален разговор до пред 10-15 години ) со својата фамилија, поради тоа што претерано брзо општеството ги тера да пораснат. Да на 20години тој веќе има добар дел од искуствата што треба да ги доживее долго потоа.

Не верувам дека тоа било почетната идеја на режисерот, едноставно имал среќа да го документира овој заебан период. Да остави точна слика за тоа што значи едно семејство и како тоа (не)функционира во почетокот на милениумот. Од тој аспект филмот стварно вреди. И ја не би го сместил како Oscar-worthy филм, ама дека е во топ5 филмови, само поради значајноста која ја има, сигурно е. :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Сеа ко ќе ти влезе и тебе wot, гледам ќе јадеме негативни за различно мислење. #вемеро
 
Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Не можам да се ставам ниту на едната, ниту на другата страна. “Boyhood” навистина е бавен филм и нема да најдете ниту една случка која посебно се истакнува и ќе ја паметите со години. Додека пак, филмот има големо значење и на одличен начин го пренесува растењето на едно момче со неговата мајка, последиците од тоа што неговите родители не биле спремни да имаат деца и неговото соочување со тие последици. Глумата и не е нешто посебно, а и не верувам дека многу ќе се поврзете со било кој од ликовите. Саундтракот е одличен, па севкупно, би го оценил овој филм како 4/5, иако сметам дека овие 6 добиени номинации се премногу за овој филм, кој само до некаде ги исполни моите очекувања. Во секој случај, се издвојува од секој друг филм што сум го гледал, па затоа ја имате мојата препорака да не го пропуштите ова дело.

Содржински осврт на "Boyhood" - http://filmskirecenzii.com/movie/boyhood/
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.703

Причината за тие 6 номинации се само поради фактот дека филмот е 12 годишен проект. И на некој начин е уникат, колку што јас знам немало ништо слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom