DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Whiplash

Тапани, удри на тие тапани...

Стварно добар филм, за мене најдобар од 2014 година засега и верувам така ќе остане, неправда ќе е ако не развали на оскарите. Најпрвин ќе кажам малце за приказната на филмот, а потоа по ред ќе ги искоментирам елементите во филмот како глумата, режијата, музиката и нешто околу тоа и на крај ќе си изнапишам моите очекувања за некои сцени и очекувањата кои ги имав за крајот на филмот во спојлер.

Филмот е приказна за младиот Енџру кој сака да стане славен дечко, сака да стане легенда и е во оркестарот на строгиот Флечер (барем мене ми остави строг карактер). Енџру се труди максимално, дури ги учи ударите на песните напамет но Флечер намерно му ја зголемува конкуренцијата на Енџру за да го мотивира повеќе. Енџру живее само со својот татко, неговата мајка го оставила кога тој имал 1 година и Флечер тоа му го споменува низ целиот филм. Во филмот не се врти се околу кариерата на Енџру и тапаните, туку режисерот се обидува и да ги обработи емоциите на Енџру, и успева во тоа.

Глума: Преј, браво бе, браво. Мислев Телер го бива да глуми само во романси но сеа го променив мислењето, растури дечкото, а за глумата од J.K.Simons немам зборови, ме остави со подотворена уста, секој чест чичко Симонс, ти си легенда за мене. Ќе развалиш на оскарите во твојата конкуренција, сигурно.

Режија: Одлично сработено, јас прв пат се среќавам со овој, а верувам и многумина од вас, но мене како за прв пат ми е супер, се опфатено, само штета што пред тоа направил краткометражен филм па сега неможе да развали на оскарите во категорија најдобар филм, но тоа е, филмот си заслужи голем аплауз од сите.

Музика: Whiplas и таа почетна мелодија уште ми се вртат во глава. Јас додека чукаше Енџру на крајот замижав и си замислував дека пред мене се тапани и почнав да чукам ко луд на празно, ми беше јако иако сестра ми ме направи луд.

Е сеа делот со спојлерите го отварате на ваш ризик.

Кога направи собраќајка очекував да умре и таму да заврши филмот, мрднав маусот и видов дека уште многу има до крај.

На крајот очекував од ниникаде да дојде Никол и да го залапа на сред сцена, но тоа не се случи и сум задоволен бидејќи тоа не се случи, ќе ми го расипаше уживањето на крај :D

11/10
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
У 19 дена е снимен филмов, just saying.
И јас ова го сретнав ама го избезумив. За зачудување е. Ко че ми текни на холивуд и целото тоа шминкање, дотерување, мазнење, па макар и за ретард филмови со буџети.

Филмов ми е ептен симпатичен со својата скромност, кој заситува пак нескромни апетити на филмоманите.
 
W

wicked_1

Гостин

thats it, базиран е на претходен short movie на истата тематика, ама сепак се прави посебен сет, глумци, со целосната скрипта и нова продукција. И егзекуцискиот тим бил многу умешен сето ова да го изведе за смешни 3.3 мил буџет.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.822
У 19 дена е снимен филмов, just saying.
И замисли у тие 19 дена да создадеш филм кој продуцира таков набој што мислиш дека уствари гледаш трилер, а бојхуд кој е сниман 12 години не успева ниту емотивно да те поврзе со ликовите. Се е совршено, од репликите до кинематографијата, камерите, музиката, глумата... Најдобриот дел е што Whiplash ко филм не пробува морално да ги искупи или оправда ликовите за она кое што тие го прават во филмот, ниту на било каков начин пробува да им помогне, напротив се се сведува на тензија помеѓу двајца фанатици и нормално џезот ко подлога за билдап кон една моќна кулминација. Уствари филмов е огромен трибјут за еден од најдобрите тапанари на сите времиња Бади Рич.

Читав некои колумни од критичари на Њу Јорк Тајмс кои пробуваат да го оцрнат филмот со тоа што критикуваат дека се дава многу лоша слика за уметниците и дека филмов е тотална спротивност на тоа што џезот сака да го постигне, па дека Ендру воопшто не е сличен со Чарли Паркер, дека Чарли Паркер не седел сам во соба без пријатели и вежбал сам, туку го правел тоа со негови колеги итн... Па на крај се нафрлија на тоа дека филмот ни презентира mediocore jazz алудирајќи на свингот ко правец во џезот, можда ако свиреа нешто од Колтрејн и Мингус филмот ќе беше боље испуштајќи дека интензитетот на емоцијата која што овој филм ја пренесува е немерлив.
 
баш ќе го ставав ова, добро влага оркестарот после соло-то а?:))))) ежења
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.545
thats it, базиран е на претходен short movie на истата тематика, ама сепак се прави посебен сет, глумци, со целосната скрипта и нова продукција. И егзекуцискиот тим бил многу умешен сето ова да го изведе за смешни 3.3 мил буџет.
Џеј Кеј Симонс глумел и во краткиот.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
И замисли у тие 19 дена да создадеш филм кој продуцира таков набој што мислиш дека уствари гледаш трилер, а бојхуд кој е сниман 12 години не успева ниту емотивно да те поврзе со ликовите. Се е совршено, од репликите до кинематографијата, камерите, музиката, глумата...
Уф, овде морав да реплицирам :( Јас на пример никако не се поврзав со ликот на детето во филмот затоа што беше класичен душбег.
Филмот се гледа дека беше снимен за 19 дена. Да потрошеле уште еден ден - два, да ја сределе сцената кога вечераат фамилијарно затоа што е катастрофа невидена, најлошо напишана сцена, онаков разговор и реплики последно меѓу циге и сунѓерот беа ко му кажвеше дека му го открил гурманско катче па овој му свртил грб. :icon_mrgr:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Јака беше та сцена не заебавај :D Убав муабет сврзија, се скасаа онака, за зацртаните им цели. Плус тука акцентот беше турен дека никој не го рецкаше братов демек тропањето е глупава, небитна работа барем така го доживејв некако. Му влегваа во зборо шо би рекле битолчани.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Sungerot Bob напиша:
cige........ ти беше член за кого никој не знаеше, јас те сожалив . Ти не ни знаеше за натпреварот Гурманско катче, јас ти кажав преку ПП и ти се израдува за тоа. некако те бутнавме во натпреварот. Беше среќен што те направив активен член
Ова е short version од муабетот, есенцијалното.
:pos::pos: Најјак.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom