DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Едно инфо околу филмов, не знам колку знаете, но Расел го има правено филмов од лично искуство. Неговиот син е болен од она од што боледува Бредли Купер во филмот. Де Ниро пред некој ден во интервју се расплака кога зборуваше за тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене ми стрчи само делот со танцувањето затоа што тој момент го приближи кон романтичните клише приказни. Да имаа некаква друга активност ќе беше подобро. Ако памтам добро се работи за прилагодено сценарио, така да веројатно е книга во прашање. Исто го гледав видеото во кое Де Ниро се расплака, и сега ми е јасно како успеале да ги направат сите оние фамилијарни сцени да изгледаат така реално.

Филмчето е закон иначе, глумата е супер, ќе се радувам на секој Оскар што ќе го добие.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мене ми стрчи само делот со танцувањето затоа што тој момент го приближи кон романтичните клише приказни. Да имаа некаква друга активност ќе беше подобро. Ако памтам добро се работи за прилагодено сценарио, така да веројатно е книга во прашање. Исто го гледав видеото во кое Де Ниро се расплака, и сега ми е јасно како успеале да ги направат сите оние фамилијарни сцени да изгледаат така реално.

Филмчето е закон иначе, глумата е супер, ќе се радувам на секој Оскар што ќе го добие.
Мислиш ќе добие некаков друг Оскар освен оној на Џенифер Лоренс? Тешко некако.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За сценарио, мислам дека има номинација. Многу сакам еднаш еден ваков филм да ги истепа „големите фаворити“ за најдобар филм. Во некоја послаба година би имал шанси.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Жално ќе биде филмов да не добие ниеден Оскар, а со оглед на конкуренцијата има големи шанси за тоа.
Иако пред да го гледам бев голем скептик за него и мислев дека само го форсираат, дефинитивно ми е фаворит за Оскар за најдобар филм. И тогаш и сега мислам дека ќе биде најголемиот губитник на Оскариве.
Џесика со Zero Dark Thirty сакам да го земе оскарот за најдобра женска улога оти го заслужува (можда не со овој филм, ама лани го заслужи), ама дефинитивно ако биде поразена од Џенифер Лоренс нема воопшто да ми биде жал, оти Џенифер растури. Не очекував толку добра глума од Бредли и од неа, ме изненадија пријатно.
Ама ако не друго за сценарио мислам дека не му бега оскарот, ако веќе во другиве категории се "јасни" победниците.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Џесика со Zero Dark Thirty сакам да го земе оскарот за најдобра женска улога оти го заслужува (можда не со овој филм, ама лани го заслужи), ама дефинитивно ако биде поразена од Џенифер Лоренс
Еееее.... до кога со тоа? Ете ќе го добие и догодина ќе викаш: сакам Џенифер Лоренс да го добие оскарот, не го заслужува ама лани го заслужи... :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Добрата глума е тука, номинациите за оскар не се за џабе , Џеки е номинирана за споредна улога иако требаше да добие оскар за Анимал Хаус.На Бредли ова можеби му е најдобрата улога досега а и ДеНиро си е ок.
Зошто филмот успева ?
Сценариото..т.е. темата која е присутна , ментално здравје -биполар ,оцд,пост-трауматик итн.
Може публиката да се поврзе со филмов(директно или индиректно) да го симпатизира тоа ,а да не го оцени реално.
Сценариото не ми е нешо посебно,го одржува балансот на филмот , но...Тупење за американо фудбал повеќе отколку во фудбал филм.Обидите за хумор делуваат awkward и неможе да се долови комедија елементот освен на моменти.
На бокс офис добро се држи филмов - континуирано наоѓа публика.Лесно се идентификуваат со карактерите,тоа е џек-потот на филмов.Во време коа менталните нарушувања се на врвот,филмов си најде свое место.Па затоа држи моментален рејтинг од 8.0 ,кој ќе паѓа со тек на време.
Просек филмче.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Еееее.... до кога со тоа? Ете ќе го добие и догодина ќе викаш: сакам Џенифер Лоренс да го добие оскарот, не го заслужува ама лани го заслужи... :)
Абе океј и мене ми се глупи тие споредби, ама реално рани растури со неколку улоги.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Нема шанси филмов да добие Оскар ! Нема добра приказна за тоа. Искрено повеќе очекував од филмот и ме израдува кога видов дека комедија-драма е номиниран за Оскар-најдобар филм ама ме разочара. Едноставно можеа подобра приказна да вметнат, повеќе кулминација во филмот....За актерите намам зборови :cuc: врв се !!!
Jennifer Lawrence ми станува омилена актерка :icon_lol: , додека за Bradley Cooper и Robert De Niro веќе се докажано добри актери.
Па и јас да ги земам овие актери ќе направам ВРВ ФИЛМ :)
 
А

Анноун

Гостин
- Убаво би било да изненадат од академијата и да му дадат оскар на Расел .
- Ако Џенифер не земе оскар - а земе Наоми Вотс , ок е .
- ако Џенифер не земе оскар - а земе Џ.Ч ради улоги од лани - КРАЖБА!

Јас кажав , филм кој најмногу ме изненади , а не очекував ништо кога го пуштив . Прекрасни масовни сцени , глумењето приказна за себе . Што и друго може да се очекува од таква екипа. Со сето срце ќе навивам за филмот на Оскарите , посебно за горниве две категории.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Филмов е добар во недостаток од квалитетни филмови во последниве неколку години, ама сигурно дека не е материјал за Оскар.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Филмов е добар во недостаток од квалитетни филмови во последниве неколку години, ама сигурно дека не е материјал за Оскар.
Ma nemoj? :D

Ne, seriozno, ova mozese da bide 1.05 koeficient za oskar, da otidoa na drugata strana, imase podloga, da odlucija da go pravat darkerski filmov definitivno osvojuvase. Ne deka mi preci, prilicno vedro filmce, I komedijata uz dramata bese vo prava doza.

Kako I da e, fantasticno filmce. Naomi uste mi bese bolja, ama J-Lo bese sosema vreden protivnik. Bradley I De Niro takodze fantasticni, samo Waltz imase dosta poveke minutaza a I raka na srce, podobro odglumi.

Sto drugo.. muzikata vo filmov e odlicna. Kako sto rekov vedrinata, porakata, cuvstvata in between - rezultatot sto go dobivme, krsenje stereotipi deka romanticnite filmovi pod default se sranje. (y)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Многу ми се допадна филмчево, како што рече Џимеј поназад, би го сместил во нековенциални љубовни филмови. Единствено би го променил крајот, со тоа ќе си имаше 9/10, доста се хепи ендингс...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.594
Поени од реакции
17.433
Филмот е прејак, мене многу ми се допадна а го гледав пред 1 месец.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Мене ми стрчи само делот со танцувањето затоа што тој момент го приближи кон романтичните клише приказни.
Тој дел ми се допадна бидејќи монтажерот многу убаво си играше со кадрите и го направи интересен за гледање (не навлегувам во значењето).

Инаку филмот не ми се допадна, многу галама за ништо, позитивна страна е само добрата глума на Бредли. Навивав да не добие Оскар Џенифер ама не ми се исполнија желбите, еден од најпреценетите филмови според рејтинг на ИМДБ што сум го гледал !

Приказната со спортот беше премногу досадна, не заради тоа што се работи за Рагби туку затоа што е глупа. Суеверие кај Коцкар, поголемо клише АМАН
 

Kajgana Shop

На врв Bottom