Темата за филмови кои не ви се допаднале, ме мотивираше после подолга пауза да ставиме нов филм за дискусија.
И воала уште едно дело на Кјубрик ќе биде предмет на дискусија овде. Станува збор за:
Последната интересна работа која ја прочитав за филмот на Кјубрик е дека авторот на книгата се покајал заради начинот на кој му било портретирано делото. Воопшто не бил задоволен со работата на Кјубрик и изјавил дека никогаш не требало да ја напише книгата бидејќи била искористена за сосем поинаква поента која пропагира секс и насилство.
Чисто колку да ви доловам дека човеков не е сам во ставот и Стивен Кинг не бил задоволен како било прикажано неговото дело The Shining. Кога станува збор за адаптација на книги, Кјубрик го биело глас дека си прави по свое и многу бега од првичните дела кои ги адаптира.
Како и да е. Ова е култен филм кој е со децении предмет на дебата. Па ме интересира, што мислите за него? Дали е доловена потребната поента? Кои се дупките во приказната? Дали ви се допаѓа или не и зошто? Се играло ли намерно на карта шок, за да му се издигне гледаноста или тоа е составен дел од приказната?
Друго. Во кој временски период е поставена приказната, кое е општеството кое се критикува, а кое всушност не е ни доволно прикажано во филмот, туку има само една единка со неколку човечки сателити?
Ако погледнете ќе видите дека публиката на филмов се дели на онаа која го смета за ремек дело и го мрази од дно на душата. На која страна припаѓате вие?