Добрата глума е тука, номинациите за оскар не се за џабе , Џеки е номинирана за споредна улога иако требаше да добие оскар за Анимал Хаус.На Бредли ова можеби му е најдобрата улога досега а и ДеНиро си е ок.
Зошто филмот успева ?
Сценариото..т.е. темата која е присутна , ментално здравје -биполар ,оцд,пост-трауматик итн.
Може публиката да се поврзе со филмов(директно или индиректно) да го симпатизира тоа ,а да не го оцени реално.
Сценариото не ми е нешо посебно,го одржува балансот на филмот , но...Тупење за американо фудбал повеќе отколку во фудбал филм.Обидите за хумор делуваат awkward и неможе да се долови комедија елементот освен на моменти.
На бокс офис добро се држи филмов - континуирано наоѓа публика.Лесно се идентификуваат со карактерите,тоа е џек-потот на филмов.Во време коа менталните нарушувања се на врвот,филмов си најде свое место.Па затоа држи моментален рејтинг од 8.0 ,кој ќе паѓа со тек на време.
Просек филмче.