Не знам ни од каде да почнам. Тотално еден од моите омилени филмови и Бил Фостер (Мајкл Даглас) еден од моите омилени ликови. Филмот кој го опишаа со линијата „Авантурите на обичниот човек во војна со секојдневието“ јас го опишувам со линијата „Мајкл Даглас е испизден и си оди дома!“
Falling Down е приказна за падот на човештвото - падот на стандардот, на моралните вредности, на урбаниот човек кој некогаш хранел фамилија со една работа а сега живее со прекувремена работа и задолжување, под секојдневен стрес и максимално искористен од работодавците. Свесен за проблемите во општеството но немоќен да промени било што, доаѓа време кога нешто лесно може „да пукне“ во неговата психа, што се случува и со нашиот (анти)херој.
Бил Фостер е јак мадафака, според мене најдобрата улога во кариерата на Мајкл Даглас. Бил Фостер е типичен кајганџија кој постојано мрчи за сите неправди кои се случуват околу него. Но кога еден ден Бил Фостер е отпуштен од работа после години служба, заглавува во сообраќаен метеж, не може да стигне на роденденот на ќерка му и горештината му удира во глава, нешто пука во него. Се обидува да стигне дома но овој ден, нема намера да премолчи и да прости никаква неправда.
Nick: Just what kind of vigilante are you?
Bill Foster: I am not a vigilante. I am just trying to get home to my little girl's birthday party and if everyone will just stay out of my way, nobody will get hurt.
Според мене, Бил Фостер е херој на обичниот човек, не е анти херој како што некои го доживуваат нити пак обичен лудак. Бил Фостер има одлична перцепција за работите, знае кога го лажат, знае кога го крадат, и реагира на тоа. Некогаш фактите му се измешани или работите му се нејасни, затоа што сепак е обичен човек кој има тежок ден, но во главно ја погодува поентата.
Mr. Lee: Take the money.
Bill Foster: You think I'm a thief? Oh, you see, I'm not the thief. I'm not the one charging 85 cents for a *stinking* soda! You're the thief. I'm just standing up for my rights as a consumer.
Не знам која сцена да ја изберам, дали расправијата за лименка кока-кола, идиотите во фаст-фуд ресторанот, старците на теренот за голф... сите легендарни, но некако најкул сцена е онаа со улицата:
Bill Foster: What are you doing to the street?
Construction Worker: We're fixing it! What the Hell does it look like?
Bill Foster: Two days ago it was fine. Are you telling me the street fell apart in two days?
Construction Worker: Well, I guess so.
Bill Foster: Pardon me, but that's bullshit. You see, I don't think anything's wrong with the street! I think you're just trying to justify your inflated budgets! I know how it works! If you don't spend the projected amount this year, you don't get the same amount next year! Now, I want you to admit, THERE'S NOTHING WRONG WITH THE STREET!
...во која на крај има уште една хебено јака поента, кога детето ќе му покажува како се пука со базука
И на крајот:
Sergeant Prendergast: Let's meet a couple of police officers. They are all good guys.
Bill Foster: I'm the bad guy?
Sergeant Prendergast: Yeah.
Bill Foster: How did that happen?
Не бе Бил, братче, нека не те лажат комуњарите, не си ти the bad guy. Ти си само обичен човек кој решил да не биде послушен повеќе, да застане против системот и против неправдите, по секоја цена. Може си малку луд, ама затоа ќе останеш еден од легендарните ликови на филмското платно. Колку само ни фали еден Бил Фостер на нашите улици...
Знам дека филмот нема да предизвика голема дискусија затоа што дел од вас го имаат гледано одамна а поголемиот дел воопшто го немаат гледано, но се надевам дека додека е поставен некој ќе се нафати да го изгледа. Ќе ми се заблагодарите подоцна