Сателитска Тв почнав да гледам пред 30 години, а активно 20+ години, некаде до 2012, од кога почнав да гледам Ип Тв. 2012 од саем во Тајван, за првпат го видов (Андроид Пц) minix. Кога им реков на луѓето, кои цел живот се со сателитски, дека се откажувам од сателитска за да гледам Ип Тв и видео содржина преку оптика, ми се смееа. Денес е голем интересот да се гледа и зарботи од Ип Тв.
Прва македонска Ип Тв е од тоа време беше Хуго, даваа по некој добар филм ( Господарот на прстените или нешто слично).Затоа што веќе постоеше прва Мк ИпТв, јас (и во зезање) тврдев дека јас ќе направам прв/и Мк порно Ип Тв канал/и, но и дека ќе направам повеќе пари од сите, затоа што луѓето највеќе пари трошат на забава , квизови, реални шоуа во таа област. Јас знаев што е иднината. Сателитската и интернетот се комуникациско средство помеѓу луѓето. Во моментот кога сателитската почнаа да ја третираат како средство кое дава производ од комуникацијата помеѓу мене и тебе (а комуникацијата меѓу нас стана пречка), е од тогаш започна цензурирата и да се кодираат услугите. Интернетот го прегази шерингот, поради можноста за комуникацијата без пречки (помеѓу нас), но никогаш не може да ги замени техничките можности на сателитската. Сега како што стојат работите , се повторува истата работа. За интернетот постои намера повторно да се третира како средство кое дава производ од комуникацијата помеѓу мене и тебе ( да се воведе масовна цензура). Во моментот кога интернетот ќе е пречка ние да комуницираме, интернетот луѓето ќе го заменат со друго средтво за комуникација. Таму ќе отидат луѓето, таму отидат и парите. Потребата за ние да комуницираме без пречка (цензура), ќе ја донесе новата технологија за комуникација како замена за интернетот. Затоа темата за дримбкс и цццам ја перцепирам како дел од сателитски комуникации. Како да дискурираме за грамофонски плочи. Да се размениме мислење , искуство,совет, информациии и по малку форумско дружење или зезање. Па можеби и некој би сакал нешто плус да прочита или да научи.