Вчера беше еден од оние денови у кои го гледаш сето скопје онака згужвано и тесно, како што го знаеш. ги гледаш истите фаци од камерите за протестите кои се онака фаци, учествуваат у све кул у градов, после онаа со која те варал бившиот, симпатична стварно, после оној што има милион следачи а ипак ти пишал "фала за ова она" по пп после честитањето роденден на фб, онаа со која сте иделе секаде заедно ама не сте више другарки пошо имаш време само за бест френдс, оној хари паметниот од форум ама те мрзи да се поздравиш, напушена верзија на оној струмичанец што делувал кул на фб, онаа колешка од бивша работа што ја избегна за да не се распрашува, оној симпатичен пар што секаде се лапаат, типката од аксц, и секако рандом средношколци што штубаво си го тераат филмот. Онака сите ги знаеш, ама вистински никој. Али, што има везе.
Драга,
Не сум нешто многу побожна, освен пред испити, ама Водици ми е најубав празник. Кој не бил Охрид за Водици, не знајт шо зборвам. Толку уба и пријатна атмосфера немат на ниеден празник според мене.
Од мала ме влечкале на пристаниште, и сите родители дури ги молеа децава да не се капет, мојве ме тераа. Ќе поминев со дедо ми два дена порано да се пријавам Св.Софија за капење, па мајца ко ќе ми даеа, радости, радости. После капењето собирав појќе пари него на крај на година ко ќе поминев со сведителството. Радости, деца.
Не влегувај во архивите коа знаеш дека прикаската е завршена. Си играш со нешто што повредува или со спомени или со фактот дека сфаќаш колкаво копито си бил тогаш. Ако не е едното, 100% е другото. И онака задоволно си се смешкаш дека на некој начин не си веќе тоа ти. Исто како што некој иден „јас“ сега онака цинично ми се смешка и ми вика - you were a fool to fall in love.
Но тоа е. Некои работи не ги контролираш. И тука треба да се препуштиш на болката. И да си признаеш еднаш веќе дека секогаш буквално секогаш си почетник во се`. Cause life, that's why.
So says Saladin
Кога одиш со пакет влошки и две големи чоколади на каса и го добиваш тој женски "I feel you" look од касиерката.
Веројатно една од најфасцинантните и најретките работи на светот, онака, две женски створења се разбираат со поглед.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.