Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Во врска со она писмото што Скај го постираше во врска со детето што им пишува на родителите за развод, можам да кажам слободно дека е едно од најнелогичните и најлошите работи што ги имам прочитано. Демек себични се родителите што сакаат да се разведат. Да, сакаат да бидат среќни, нема ништо лошо во тоа. Бракот завршува затоа што не функционира. И точка. Или детето ќе биде посреќно кога ќе гледа тензија, карање или во најблаг случај пасив-агресив однесување каде нема ниту почит, ниту топол дом?
Никогаш не разбрав зошто луѓето го гледаат разводот ко нешто трагично. Напротив, не е. Работите стануваат лоши, се распаѓаат и луѓето си тераат по свој пат. Подобро е така за сите. Најважно е за детето да останат во цивилизирани односи.
Ако нешто никогаш не сум сфаќала се мелодрамите и тажните фаци ко да пропаѓа светот кога ќе чујат вести за развод! НЕ, РАЗВОДОТ НЕ Е ТРАГЕДИЈА! Аман.
И за да не го тупам во понатамошни реферати, ќе го ставам еден од моите најомилени цитати на сите времиња:
Ова е она што секогаш сум го зборела, само ѕверов многу подобро го има кажано.
И како бонус:
И за крај, попрво ќе умрам сама со библиотека книги до мене, отколку да живеам во пекол произведен како резултат на лош брак, макар и 10 деца родила. И да, не значи дека јас ќе бидам помалку мајка или другата страна ќе биде помалку татко, само затоа што сме решиле да не се мачиме и да пробаме на различни патишта да си ја бараме среќата.
Фала многу, пријатно!