Дојде и тој ден

Го загубив можеби најверното пријателче во животот.
Она мало,беспомошно кученце кое го најдовме напуштено сега повеќе не е меѓу нас.
Тоа е маалското куче по име Шарка која буквално ја одгледавме сите од мојата улица.Се грижевме постојано за неа а она ни возвраќаше со една искрена верност и територијална одбрана по целата должина на улицата.Царуваше со неа во овие изминати десеттина години.
Многу пати знаев да седнам до неа и да и ги кажувам сите проблеми кои ми се случуваат.А она само седеше крај мене и постојано безрезервно ме слушаше, но знаев дека одговор никогаш нема да добијам.Кога ќе завршев само ќе ме погледнеше и ќе замрдаше со опашката.Едноставно знаев дека ме разбрала на некој начин.Тоа беше еден вид потврден одговор.Во тие моменти се чуствував полесен, почист.
Многу пати знаев да и соберам ковчиња од локалните кафеани.Кога ќе ме видеше од далеку со ќесата знаеше што и следува.На среќата и немаше крај

Немаше ред кој ден кој да и даде за јадење, едноставно си добиваше цел оброк секој ден.
Ја однесовме и на ветеринар.Моравме да ја кастрираме.Дали сме постапиле правилно.Јас би рекол ДА.
На почетокот и одеше многу тешко.Лаеше постојано и никој неможеше да припари на улицата.Со тек на време и се изострија сетилата и научи да ги распознава луѓето.Ги знаеше веќе ѓубретарите со камиончето.
Ромите кои собираа шишиња.
Нашите пријатели.
Едноставно знаеше веќе кој е добронамерник а кој нечесник.
Си имаше и сопствена куќарка,а зимно време во најстудените денови ја прибиравме на топло.Се привирзаме многу за неа, а и таа за нас.
Веќе оваа година се чуствуваше дека нешто не е во ред со неа.Све потешко и потешко се движеше.Постојано мируваше и ја правеше онаа тажна фаца секогаш кога ќе ја погледнев.
Ја однесовме на ветеринар.
Ни соопштија дека би живеела уште максимум два месеца.
Не поминаа ни три недели..
Почина позади едно баракче кое е напуштено со години, како да не сакала да гледаме како страда.
Во моментиве ми текна на една статија која проструи не така одамна низ навивачкиве форуми и добив некаква инспирација.
Имено кучето Луканикос кое учествуваше на сите немири во Грција и кое претставуваше вистински херој, пред некое време почина.Неговите соучесници во знак на благодарност му посветија еден огромен графит.
Одамна немам земено спреј во рака, така ми стојат дома.Можно е веќе да се исушени.Ако ништо друго би нацртал нешто, макар би напишал и неколку збора.Сакам да има нешто за кое би не потсетувало за овој наш херој.
Прочитав дека кучињата живеат просечно 12-13 години.Ова наше милениче живееше сигурно преку десет години.Според некои табели пресметав дека тоа се отприлика како 60-70 човечки животи.
Сметам дека ова куче ја исполни својата мисија.
Ми олесна.