Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ааај нема лек, ааајјј ајјјј за менее, не знам како друг да љубам без срце.
Ааај ти си цвет, ааајј а јас не, цвет во коса не носам, само вел на лице



Само уште 13 дена, 2 часа и 45 минути.
 
Драга,

Ме трогна постот за кучето.
Мислев дека само јас сум будала што си зборувала со неговото, али добро е што не е така. Моето деновиве ќе полнеше 14, али не стигна ни до 13 години.
Секогаш кога е потопло си пијам какао, кафе, сокче или чај во двор на скали. Некако во навика ми стана, посебно преку лето кога сум дома. И секогаш во некој момент очекувам да и ги чујам шепите по бетонот и како се струполува до мене да си легне. Струполување, зошто беше ко од небо да паѓа. :D Ваљда го очекувам тоа зошто кога и да се појавеше некој во двор, за нецела минута ќе изникнеше од некаде и си седеше до тебе, сакаше друштво. Брат ми ја полеваше со вода, интересно му беше ваљда на детето, ја кубеше, но никогаш не го закачи, ваљда го гледаше дека е мал глупчо. На мајка ми од инат и ги заебуваше цвеќињата во двор, дека оваа ја караше често. :D
Мислам дека имаше една година кога се изгуби, некако ја беше прерипала оградата, а освен со каивче, поинаку не излегуваше надвор од двор. Ваљда не знаеше да се врати сама. Беше баш некој ден пред Нова година и тоа беше за мене најтажната Нова досега. Кој и да излезеше по некоја работа, обавезно и го земавме каивчето во случај да не ја сретнеме низ улиците. Дури и мајка ми излезе неколку пати само за да ја бара. :D Мојата желба за таа Нова година беше да се врати дома. И може не верувам во Дедо Мраз и слични работи, али после некој ден ја најдовме. Изгладнета, измрзната, абе тоа беше такво цивкање од нејзе едно саат време, душа да ти пукне.
И ми недостига.
И кога ќе имам можност, дефинитивно ќе имам уште едно куче. Можда и две.
 
Вчера си идам дома испотен, мијам нозете, одам до кујна бос со водени нозе и пијам лименка пиво на екс. Еве денес неможам од кревет да станам, ме пресече настинкава... вистинско чудо е што не кренав температура.

Него гледам повеќето ти пишувале за миленичиња, па ај и јас да спомнам дека поминаа дваипол месеци одкако ми почина папагалчето. Ех Драга незнаеш колку ми фали тоа мало педерче сега во моментов да е до мене, додека лежам... можеби на некој ќе му биде смешно што сеуште жалам по една мала птица, ама само јас си знам како ми е на душава :(
 
На времето чував зајак и ми се посра папуча,знам дека се викаше мики и за 3-4 недели јадеше колеж.Да се разбереме не го закла никој од нас туку го вративме зошто живеам у стан и урлаше цел стан.Еве веќе 10 години ја убедувам мајка ми за куче ама нејќе да чуе.Ај да се средиме да капнат пари од негде па друго ќе биде тогаш.
 
Драга...

... од мојот скут моментално тебе и твоите форумџии ги поздравува Господин Предало а.к.а Грицко.

20141130_205700.jpg

20141130_205733.jpg

Откако ми умре Шаре дома падна договор дека најверојатно никогаш више нема да чуваме маче за трајно. Ама летово најдов едно бебе кое мјаукаше блиску до Илинденска, под опасност да го згази некоја кола, и не можев така да го оставам, па прибирајќи го дома реков дека ако не го вдоми никој, ќе презими кај нас и кога ќе се стопли ќе го пуштам на слобода. И така прасево си седи кај мене, веќе има околу 5 месеци. Тешко дека некој ќе сака да го вдоми, а уште потешко ќе ми биде да го оставам. Како и да е, бисквитчево моментално си е на топло и си води безгрижен живот, единствена грижа му е кога ќе му биде фрлено топче да го тркала :D
 
Денеска е ден за легање шо би рекол Д...

Ми треба мотивација и тоа многу, а сабајле имам обврски што морам и што не се морални туку сам на себеси наметнати, уствари сите обврски ми се сам на себе наметнати, никој во животот не смее да ми рече што како :icon_lol:.

Него дај ми дај како Џо Роган те молам само слушај го.

 
кајги, има ли нешто македонско во Македонија?!

daMwUjGm9Po.jpg
 
Можеби единственото место каде можам да напишам слободно некои работи без да размислам дали некој ќе ме осуди. Меѓутоа дали нешто јас навистина знам е најтешкото прашање...
Премногу размислувања помешани со емоции. Се прашувам сите луѓе ли се вака? Му требаат ли на светот луѓе како мене? Зошто се толку пресериозно сфаќам?
Вреди ли да ја анализирам секоја човечка постапка? Вреди ли да се мачам со тоа што не знам да изреагирам како што навистина сакам?
Осамен ли сум? Има ли навистина сродна душа за мене? Ќе ме сфати мене некоја? Дали стварно ми треба мене таква типка? Што би правел со неа?
Имам ли многу работи пропуштено? Искомплексиран ли сум? Глуп сум или паметен?
Ќе бидам инжењер или ќе возам такси? До каде сум напреднал јас во струката?
Само малку од прашањата кои нон стоп ми се вртат.
Денес лајкнав еден популарен пост на темава што ми избегал и не сум го прочитал, навистина не е ништо исто како што некогаш сметав. Се ми дојде пребрзо, како да не сум способен да издржам. На моменти ми иде да плачам ко дете, меѓутоа и тука одма против тежа некое машко чуство да не бидам пичка. И размислив и сватив дека се немам расплачено скоро 7 години. Веројатно ќе издржам и сега.
 
stole me tagnal i vika oti sum glup....so prajme sea razmisluvam za vtor akaunt kaa agda i stavro da gradam kariera i reputacija
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom