Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Каква е ова НЕДЕЛА...о драга,
жената гледам не отиде денес на работа а тоа е еднаш во годината во недела баш,
а надвор дожд истура ли истура (знам подобро ќе личи-звучи да е на српски ама нејќум бре си отанувам тоа што сум и оваа недела) реков веќе дека е дома, а по се изгледа и се и е токму штом и мекици направила,а еве гледам оставила месо и за пити-пастрмајлии,
Picture 1781.jpg па ај дојдими на пишии сега,или подоцна на пити,ти си знаеш.
 
И тебе исто, нели?
ај ...пака;)

Oy9_4LQywzQ.jpg
 
Дојде и тој ден :(
Го загубив можеби најверното пријателче во животот.
Она мало,беспомошно кученце кое го најдовме напуштено сега повеќе не е меѓу нас.
Тоа е маалското куче по име Шарка која буквално ја одгледавме сите од мојата улица.Се грижевме постојано за неа а она ни возвраќаше со една искрена верност и територијална одбрана по целата должина на улицата.Царуваше со неа во овие изминати десеттина години.

veovtc.jpg


Многу пати знаев да седнам до неа и да и ги кажувам сите проблеми кои ми се случуваат.А она само седеше крај мене и постојано безрезервно ме слушаше, но знаев дека одговор никогаш нема да добијам.Кога ќе завршев само ќе ме погледнеше и ќе замрдаше со опашката.Едноставно знаев дека ме разбрала на некој начин.Тоа беше еден вид потврден одговор.Во тие моменти се чуствував полесен, почист.
Многу пати знаев да и соберам ковчиња од локалните кафеани.Кога ќе ме видеше од далеку со ќесата знаеше што и следува.На среќата и немаше крај :)
Немаше ред кој ден кој да и даде за јадење, едноставно си добиваше цел оброк секој ден.
Ја однесовме и на ветеринар.Моравме да ја кастрираме.Дали сме постапиле правилно.Јас би рекол ДА.
На почетокот и одеше многу тешко.Лаеше постојано и никој неможеше да припари на улицата.Со тек на време и се изострија сетилата и научи да ги распознава луѓето.Ги знаеше веќе ѓубретарите со камиончето.
Ромите кои собираа шишиња.
Нашите пријатели.
Едноставно знаеше веќе кој е добронамерник а кој нечесник.
Си имаше и сопствена куќарка,а зимно време во најстудените денови ја прибиравме на топло.Се привирзаме многу за неа, а и таа за нас.

Веќе оваа година се чуствуваше дека нешто не е во ред со неа.Све потешко и потешко се движеше.Постојано мируваше и ја правеше онаа тажна фаца секогаш кога ќе ја погледнев.
Ја однесовме на ветеринар.
Ни соопштија дека би живеела уште максимум два месеца.
Не поминаа ни три недели..

Почина позади едно баракче кое е напуштено со години, како да не сакала да гледаме како страда.

Во моментиве ми текна на една статија која проструи не така одамна низ навивачкиве форуми и добив некаква инспирација.
Имено кучето Луканикос кое учествуваше на сите немири во Грција и кое претставуваше вистински херој, пред некое време почина.Неговите соучесници во знак на благодарност му посветија еден огромен графит.

loukanikos-immortalized-on-athens-wall.w_l.jpg


Одамна немам земено спреј во рака, така ми стојат дома.Можно е веќе да се исушени.Ако ништо друго би нацртал нешто, макар би напишал и неколку збора.Сакам да има нешто за кое би не потсетувало за овој наш херој.

Прочитав дека кучињата живеат просечно 12-13 години.Ова наше милениче живееше сигурно преку десет години.Според некои табели пресметав дека тоа се отприлика како 60-70 човечки животи.
Сметам дека ова куче ја исполни својата мисија.

Ми олесна.
 
Еј драга, драга

Многу убаво утро имав, со саканата го фативме денот уште по сабајле :D
 

  1. M-1 Каква телепатија еј баш истото ќе ти го викав. Јака си Самовилке, жими очиве не те лажа.
    вчера во 23:38 Избриши

  2. kjara
    Телепатија јет кога телето патит. :) По што патит јас ич не зна.
    денес во 12:13 Избриши

  3. M-1
    Незнам стварно по шо патит, сигурно би знаел ко ќе се најдам уз муабет следниот пат со некое теле, па ќе го опитам ак не. Освен стрико ако знајт а несакат да ни кажит? Сумљам.
    денес во 12:15 Избриши

  4. M-1
    Од Анчо пријателкава, вчера се запознавме.
    https://www.youtube.com/watch?v=awKs_7Tctho
    денес во 12:17 Избриши

  5. -
    --------------------------------
  6. научете охридски - на профилот на А...
 
драга не мзам да разберам бе некои луге најдов конечно некоја подобра работа постабилна и одма бе сите и другари и комшии и сите па како си со плата добар си не си за заленје нез бе драга како не им е срам да водат рачун за твоите приманја нека си гледаат за нив они
досега ниту ме интересирало ниту пак сум прашал некого колку му се месечните приманја да му водам математика едноставно не ме интересирало за разлика од некои ај(n)(n)(n)
 
Мислам дека го прочитав насловот на денот на макфакс "Белиот полицаец кој уби црн тинејџер даде отказ"
И да, неделава ми летнаа 8000ки за една утакмица, пошо Лацио нели умрени се па еден гол не можеа да дадат,ама па подобро вака, немаше да знам шо попрво да напрам со парите, вака кога немаш ништо не правиш си стагнираш. :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom