Драга,
Малиов вика дека дури сега ќе видам какви колеги имам, ќе сме се тепале за огласи и пракси, а камоли работа.
Е, добро утро драги мој. Он поминал години со едвај 50 души на факултет, ко со два класа во средно да имаш интеракција. Јас поминав 4 години со само 200 души од мој смер. Колку души сум запознала на студентски кога сме дремеле, во читална, на предавања, кои само 2-3 после тоа ги имам видено. Тие со кои цела прва година ја поминав на предавања, сега сум на не подолг муабет од 5 минути. Колешка, која ми стана и една од најдобрите другарки, со неа сега сум на едно здраво.
Зборот ми е дека, сум видела се и свашта од карактери на факултет, среќаваш нови личности многу брзо, а исто брзо и некако тие контакти се забораваат. Сум била сведок на многу забивања на ножеви во грб, што други едни на други, што и во мои лични искуства. Но, никогаш не сум се приврзувала кон нив, зашто ништо не може да опстане во таа форма во која што започнало, свесна сум дека секој си е најверен другар сам на себе, а колегите се едни јадни, љубоморни и искомплексирани особи, поготово тие со над 9ка просек во индекс. Тие кутри се толку преплашени од тебе, толку нејќаат ти да си во нешто подобар од нив, што лажат, значи лажат за најнебитни работи. Тука ги гледаш уствари колку се они ситни души, залепени во некој нивен филм. Не сум очекувала помош од никој реално, ретко кога сум ја побарала, уште поретко сум ја добивала. Изговорите се прајслес.

Има и фини колеги, секако, не генерализирам, јас сум една од нив.

Денеска на студентски се начукаа овие од прва година позади мене на шалтер, тие кутри уште поима си немаат, а тетката на студентски си беше зела пауза, ко да и е некако многу и тие некој саат време работа што треба да ја работи. Битно, им реков дека нема потреба да чекаат на оној шалтер за нивен смер, зашо за еден печат за потврда за студент и тие за автобуска што се, на секој шалтер може да им мавнат. И поише од пола си завршија работа децата, која сигурно немаше денес да ја завршат зашо јас уште 15 минути дремев на студентски, додека таа се прибра. Мака ми е од факултет веќе, таа нивна администрација, процедури, бла, бла ....
И забегав малце од она што мелев. Да, така си е тоа, сега чекам и овие што ми се во близок контакт после дипломирање да се откачат некако, зашо реално ќе немаме корист еден од друг. Секако, тоа ќе значи понатака и запознавање на нови фаци, а јас реално никогаш не сум имала проблем со тоа, ко шо реков. Во средно тепав време со едни, во фази од факултетот со сосема различни, така што, јасно ми е како функционира светов мене уште одамна.
Ииииииии, вчера бев вредна, направив палачинки (американски). Да се пофалам само. Слики, ме мрзи, али декорирав со банани и тој чоколадниот сируп.
