Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
абе кара,

идам у општина да прашам за лична карта што треба....стаиле еден од наполи на шалтер за информации кај што одат странци. тоа ти е исто ко кај нас да стаиш некој од струмица и на дијалект да им цепа на странцине, иди разбери го :(

иначе да :) ДОБИВ РЕЗИДЕНЦИЈА! частам пиво, бујрум, сите :D
 
Конечно го поправив вуферот и филмскиот маратон за ова лето може да започне со Game Of Thrones како прв на листата.
 
Пред некој ден размислував да станам вегетаријанец.
И после тој ден пак размислував да станам вегетаријанец.
И веднаш по тој друг ден пак размислував да станам вегетаријанец.

И сетне појдов на свадба. И го донесоа главното јадење сочинето од стек, телешко, грашок, морков, компир.

И сетне сфатив кој к*р сум размислувал во минатите денови.
 
10525746_10203103241440101_240565101568881105_n.jpg



Зошто? :(:mad:
 
Се скоцкав, изненадно да му одам на домаќинот на работа, нашминкана, дотерана во фустанче и со ШТИКЛИ. Излегувам, ме изнаврна. Среќа имам водоотпорна шминка. Влегувам во маркет како влажен стаорец и од каде да знам дека штиклиштата се лизгале? „Заденсав“ малку на тоа плочките, ме изнагледа народот... Откако се стабилизирав си мислам: Ако ти е, гуско една, кога се правиш нешто што не си! Следен пат да паднеш, да ти се смеат сите, да те снимаат и да го стават видеото на јутуб!

Е така. За да не ги соблечам чевлите ради болка и да плачам на среде пат, влегов во слаткара да си ја почастам душичката со парче торта. Нема да се фати, доволно калории потрошив со тоа што набив толкава километража со штиклиштата.

Ајмисјугајс!
marteens_mujer.jpg
 
Последно уредено:
Кеј,

Малце ќе филозофирам зошто деновиве сум малце неарен и ми фали на некој да му се изприкажам.И така кеј животот тече , а јас улетав во слепа улица.Пред мене ѕид огромен,не може напред,а јас мразам назад зошто сум магаре и егоистично копиле што не знае да се извини.И тешко ми е , ми се вртат сите работи низ глава , филмот оди наназад , размислувам што би било ако би било и оп тука веќе се соземувам и сфаќам дека така не размислуваат победниците.А јас не сум лузер,или можеби нејќам да бидам а сум ? Не јас сигурно не сум зошто ти си тоа што сакаш да бидеш,а јас зошто сум магаре ќе го рипнам ѕидот и ќе му се измочам од другата страна.Фала што постоиш у овакви моменти,идам сеа да се истрчам.Ciao bella
 
Драга Кајгана, дежаву бу ал ни си ту:D
Парва позраф/незраф да ти се повратил на форумов, можда бил низоземска:ROFLMAO:
Утре ќе весламе негде кун онаму во длабоконо, абе да се ојачаме знајш бицепси, рамо и газој да пукат:pos:. А никако да си легнам да одморам за да станам саглам да се спремам, ту бе уш ко ќе ми текнит дека немат удолници кој ќе веслат до онаму.
 
Ќе знам еден ден дека сум успеал во животот, кога ќе седнам на местото на господинот. #Respect
a75zxyq_700b.jpg


Немачка вчера стана светски шампион во фудбал, така да тоа е добро .. Другово турбулентно иначе. :)
 
Ди Кеј, знаеш за она што велат дека кога ќе отидат на одмор ги полнат батериите? Е мене сега ми е така. Имам енергија сега дупло од пред месец дена. Сега уште едно турбо и да дипломирам и да најдам работа. Делува амбициозно, но не и неостварливо, посебно ако веруваш во себе.
 
Ок, можеше и други денови да ја свиткам ногата, но не, сепак ја свитав пред да си одам од градов смрдлив. Среќа некој праша дали имам? Неам. Но барем не сум Ригел Кент. Чао.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom