Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Блиску до станицата кај што планирав да отепам време, застанав и не мрдав. Изгледав сомнително иако димев цигара. Времето и ситуацијата беа толку сомнителни, што не ги вадеше ни една обична цигара. Е, до толку! Ја спукав цигарата до пола некаде, кога забележав човечка силуета кај што се шукара околу еден стар автомобил. Мојата кондиција налагаше да не сум во можност да скопчам што таа силуета прави со самата себе си и од каде потекнува, ама некои освежувачки моменти од претходно установија можност да перцепирам. Го познав. Бурекџијата. Стариот добар бурекџија. И нему му бев сомнителен, и демек работи нешто, а всушност испитува што прави некоја будала ко мене во четири сабајле кај дуќанот негов. Си реков, да му ги скратам маките. Извадив пиштол и го вперив во него...

Не бе, каков пиштол, да ви се плукнам во идејата глупа. Зачекорив кон него и му свикав, за да не го доисплашам, и да ми го позне гласот. Ме препозна. И двајцата имавме низа реченици кои требаше да ги размениме. Тој чувствуваше потреба да ми објасни како тоа работел нешто околу колата негова, па видел некој, па не се интересирал кој е, туку така, онака, само... а јас сакав да му објаснам зошто стоев на место каде што не би требало да се стои, дали било ден, дали било ноќ. Му велам, од дома порано сум тргнал за на работа (?!), и ми се припалило цигара вака успат. И како што им велат на војниците од ЈНА – ако ти се припалува циагара, запали, ама застани, не е во ред да ја пушиш во одење – тоа сум го направил и јас.
 
Ептен ми се дебилни фациве што продаваат морал за тоа како милиони луѓе умираат поради немање пристап до вода а некои познати фаци си се прскаат со вода за забава.

Го пишуваш ова на фејсбук.Фејсбук како дел од интернет.Интернет што е дел од компјутер. Што работи на струја.

Ако ептен ти е криво што умираат луѓе во земји од третиот свет продај го компјутерот и парите што месечно ќе ги заштедиш за плаќање на интернет/струја можеш да ги донираш кај сакаш.
Ако веќе до толку ти е гајле за луѓето низ светот.
 
Секој ден се трудам да бидам што е можно подобар човек... и, реалноста ме мава со монтипајтоновски тег од 16Т и ме враќа назад во вистинскиот живот, меѓу вистинските луѓе.
 
ДК,
Едни двајца во темана за ТоталТВ го решаваат проблемот со пренос на ЛШ
proxy.php
 
од неспиење почнав да ја гасам столната лампа нагоре по прекинувачот наместо надоле
 
Многу ми се јаки мочковци на 30-40-50 години шо до Гевгелија не стигнале, а се доживуваат себеси како егејски македонци, и се фураат како се солуњани и кукушани. Абе шупаци недоквакани и недораснати.
 
Драга,

Многу ме нервира колку е суров овој свет.

Едно дете од 7 години оди три пати на одмор, а некој како мене не бил на одмор 10 години, па уште упорно секое гледање те прашуваат кај ќе одиш, кога ќе одиш.
Како јас да не сакам да се одморам и да уживам!

Се молам само да ме олабават од такви иронични и задкулисни срања.

Однапред благодарам!
 
За сите што со јадење гомна позади грб сакаа да ме уништат, треба уште многу да учат, за да се откажам во моите цели и намери. Поздрав со сликата од спојлерот до нив :свиркам:

10547448_790721730980518_8433824269151974246_n.jpg
 
Драга Кајгана,
Една од работите кои што највеќе ги мразам се пајаците и комарците.
Се сеќаваш ли дека ти кажав минатото лето дека дома ми влезе тарантулски пајак голем 10 цм ........., е од тогаш се што е наречено пајак го елминирам....., пајаците од такт ме вадат.

Сега се враќам дома, бев во ВеЦе, се измив, се средив и така уморен се решив да си легнам. Одејќи кон соба ми претрча пред нозе нешто црно и грозно......... кога гледам пајак, некоја мини верзија од оној ланскиот. Земав тепалката за муви, го акнав и си профолжи со трчање, акнав уште еднаш и се собра, ама уште мрдаше. И ова лето ми се згрози животот.

Сега верувај имам одвратно чувство..... се ми се чини дека нешто ме облазува....... ќе неможам да заспијам :sick:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom