Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу неубаво ова да не си спан 2 дена како што треба + да имаш налокано кафе колку за три живота. Една минута се смеам, другата ми се тресат рацете, третата не можам пенкалото да го кренам, за некој што не пие кафе во големи количини како мене ова ми зема огромен данок. Навистина не сакам да сум во кожата на тие што во ПМС се вакви :S
 
Драга Кајгана,
До прееска мислев дека со ова АЛС ајс букет челинџ има бар 1% нешто добро, затоа што луѓето полесно ќе дознаат што е тоа АЛС, но одкога го видов видеово...
http://www.youtube.com/watch?v=WQlvW0aFnKo&feature=youtube_gdata_player
...сфатив дека во ова нема ништо корисно, освен мајмунлук и подбивање.

Хуман си ако помогнеш, а не ако на сметка на некои болни ти се забавуваш.
 
КејЏиЕн, во секое друштво има оној еден што...
Е, јас сум таа што зборува за време на филм т.е. се расправа со ликовите околу логиката која (не) ја користат и ги уништува(м) романтичните сцени, if any.
И ми земале цуце за да ќутам. Ќ'умрам! :D

Кога сме веќе кај филмови, соништава мои се ко Стивен Кинг новели.
Не знам дали е знак да се плашам или да станам режисер. :cautious:
 
Премногу сум уморен од учењево. Ме отепа минативе 2 недели. А кога ќе ми текне дека треба уште една....па и уште кога ќе ми речат родителиве: "Нема поарно од тоа да седниш и да учиш". А демек подобро е од цел викенд да гледаш фудбал па да излезиш во кафана/пицерија, па кафич, па дискотека и среќен дома да си одиш. Да ти се плукнам во викендот и во наредниот што претстои.
 
Дефинитивно најлошата слика во животов...........се надевам дека детето ќе остани живо.

Абе да се испосерам јас во тие моторите огромни да се испосерам.
 
Од кога почнав да се бавтам со свадбиве уште поодвратна ми стана самата помисла да правам свадба било когаш во живот. Ебаве генеричките луѓе ко на производна лента сте штанцани.
 
ДК,

Денес (вечерва) на Пиволенд, до масата кадешто седевме имаше:

1) тепачка на околу 10-тина души што резултираше со доаѓање на полиција и еден тип со свиткана/скршена нога;

2) љубовна драма што резултираше со тоа што девојката му залепи шлаканица (цела 5-ка) на типот, при што другар му го оддалечи од неа, другарка ѝ ја оддалечи од неа, а потоа сите пак се собраа заедно и типот и девојката се смирија;

3) група постари граѓани (сигурно на 65+ години), од коишто се истакна еден маж и две жени (сите со 65+ години), сите пиволендирани (читај: земја од пиво), при што мажот се соблече (и му се виде месото што му висеше на половината), жените се смееја (и им се виде недостатокот на забите), а потоа мажот ги залапа и двете жени паралелно (ок, сериски - прво едната па другата).

Доста е не-Интернет за денес.

[ЕДИТ] А почна вечерта со тоа што следниот автомобил одеше пред нас... требаше да го сфатам знакот...

20140823_220928.jpg


[/ЕДИТ]
 
Последно уредено:
Што убаво ми легна Чаирскиов Донер... Абе мераци. А да ти кажам право, се мислам дали да ги фукнам и оние ѓеврецине што ги земав од Фурна Чаир :LOL:

cookie_eat.gif
 
Последно уредено:
Драа

Сакам барем на саат ипол да иам женски мозак, да виду што е толко комплицирано у овј живот, у овј свет.
Нели сфе треа да е сложено, зшто бе да биде едноставно?

Феминистке, донт хејт ми : )
А што е разлика измеѓу девојке кои не се замараф сс феминизам и феминистке?
Овија фтори сакаф увек да су одозгора:ROFLMAO:
 
Picture 1757.jpg ЕКСКЛУЗИВНО за членовите и гостите на Кајгана, први снимки од еден од новите возеви на М.Ж.
Се гледа дека владата се потрудила да набави од некој светски реномиран производител по најнова циркус технологија.
 
Драга Кајгана,

Да ти ја претставам мојата нова играчка, Lenovo Y50 UHD ;) Денес ми стигна на брод, ја порачав од B&H за 1400$ :)

До следниот шопинг ;)

п.с. #ТежокЖивотМорнарски
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom