Имаш две резервации за на одмор, на 4ти и на 9ти Јули, но таа на 4ти е 50 евра поефтина и ќе си имаш повеќе џепарац за трошење. Вадат соопштение од факс дека јунската сесија ќе се одржи од 23ти Јуни до 4ти Јули. Океј е, само 2 испити ти останаа до дипломирање и треба ептен да си баксуз за да ти се падни некој баш на последниот ден. Се останато ти одговара. Вадат распоред и едниот од испитите се паѓа нормално на 4ти Јули. Контактираш со професорот дали можи да ти излези во пресрет за порано да полагаш и во надеж бидејќи кај него ќе браниш дипломска ќе ти излези во пресрет. Среќа ти излегува во пресрет и одиш да полагаш усно на 23ти Јуни. Учиш деноноќно два дена, ги пропушташ најјаките фудбали досеа шо паднале на светското, одиш на факс и професорот не е дојден. Бараш телефон од администрација, му ѕвониш и ти вика дека е во гужва и „ќе се слушниме покасно“. Во меѓувреме резервацијата за од 9ти Јули е канселирана мислејќи дека е средена и готова работата, а за да ја канселираш таа од 4ти плаќаш пенал еднократна сума од 20тина евра.
Одличен и исполнет ден.