Имам еден комшија чиј живот се поклопи целосно со една од епизодите на Six Feet Under. Пред 15-тина години почина неговата сопруга. Од тогаш живее сам во ептен малечка куќарка со 2 до 3 соби, веднаш наспроти мене. Има мал двор во кој одгледува неколку цвеќиња кои веројатно се единствените живосии кои постојано го опкружуваат и му задираат во животот секој ден.
Скоро секое попладне кога е времето убаво, седнува на скалите од неговата куќа и ужива во сонцето и тишината на нашата нема улица. Онака седи без да го насочи погледот во некоја посебна точка. Кога пак ноќта ќе надојде, прави обиколка околу градот која обично ја завршува со неколку круга низ прилепската чаршија. Секогаш кога ќе се сретнеме го поздравувам. Обично врзуваме муабет од неколку реченици од типот-Шо прајш арен - Да добар сум - Вие добри - Да се можи -Шеткаш - Малку..........или пак нешто за спортов актуелно што се случува, бидејќи колку што знам човеков има само радио во куќата, телевизија јок, па ако нешто слушнал ќе праша за некоја моја импресија од визелната страна.
Јас со сигурност сум еден од максимум 10-те чоеци со кој човеков си вика здраво воопшто, покрај продавачката од локалната продавница, домашниве мои и чат пат некој комшија или евентуално познајник. Има еден син кој никогаш ниту дошол, ниту го видел, туку му испраќа по некој денар преку поштарот, онака колку за преживување. И така тој се носи со преживувањето со кое се носиме и ние обичните смртници преку отсуство на било каква емоционалната поврзаност со луѓето, присуство на отуѓеноста, или да бидам поконкретен не може да се нарадува на свадби/крштевки/веридби/убави случувања на блиски и подалечни, но од друга страна не може ниту да се натагува на смртта од некој, загубата, повредата, или лошите случувања. Тера еден таков живот во една права линија без никакви промени. Тера чудна монотонија, си земам за право така да ја наречам бидејќи кој не би дефинирал така нешто кое се повторува скоро 15-тина години секој божји ден. И во епизодата од Six Feet жената си живееше сама, мирно и спокојно, се до мигот кога несакано се задави со храна и почина. Трупот и го пронајдоа по одредено време, во целосно распаѓање, целосно сам со по некоја мравка/инсект околу себе и на себе, баш како и нејзиниот живот............За нештото да биди уште потрагично на нејзиниот погреб не присуствуваше никој, затоа што и немаше кој да присуствува, па така мајката од фамилијата (оние кои ја гледале серијата знаат) која се занимава со погребалните работи ги собра нејзините 3 деца, и ги седна да ја ислушаат молитвата на попот, од сожалување кон жената која доколку не се случеше ова ќе беше испратена во вечното почивалиште туку-така, празно.
Грдо нели? Човек си, живееш, оставаш некоја трага во просторот и времето, или барем мислиш дека оставаш, за крај да заминеш како да никогаш и да не си живеел меѓу луѓето. Онака како пеперутка која се лупа во светилката за да изгори и да се претвори во обична прав, разнесена од ветерот.
Секој со маката и со животот нели.........Можеби човекот си вика Кој ти кур овој дегенов турвиор размислувал за мене и мојот живот, за мојата смрт. Кој ти кур се нажалил кога мене ми е супер и вака. За крај ќе завршам со eдна мисла од Орсон.