Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Пиеме вечерва во кафана, и во позадина свират строго кафански песни. И после 6-7 такви, еден мој другар така поднапиен вели: " на овие песни на човек му иди да си ги отепа децата, и да не му е мака " :pos::pos:
За дел од секундата се најдов под маса од смеење :D
 
Пред некоја вечер седевме на една клупа до Белведере и времето беше таман свежо. Одамна не бев излезен навечер за да шетам покрај езеро и таман нешто се зазборувавме, Николче од Коњско застана пред нас и почна да си пее песнички. Николче е локална легенда, малку повеќе е летнат од умот ама и тој не сака. Мене ми е жал и се правам дека го слушам кај што ја пее "дојди мала на охридски ѓевреци", а Боби почна да кажува за некој човек од Азија негде што никогаш не јадел и не пиел, туку се хранел од сонцето. Гледал демек во сонцето сабајле и навечер и така 20 и кусур години терал. Му викам - Тие срања на точка мочка ги имаш прочитано и вервиш во нив.
- Не бе ова вистина е, шо? Да не не мојт да имат таков чоек, ми вели.
- Имат бе, имат. А ко ќе е облачно дента, гладен останвит?, му враќам и таков пресреќен го ваѓам мобилниот (имам апликација со звуци од ситкоми) и пуштам смеење со аплауз.
Додека ги доживувам своите пет минути слава, Николче е распеан "а можевме, повеќе да имаме сега...".
И си мислам дека се е до тие искрени моменти на задоволство, пред се од самиот себе, кога ја сокриваш последната насмевка од тој момент за да те чува понатаму во случај на незгодни времиња.

А поминав едно такво. Само што му го заборавив името на медицинскиот техничар. Секој ден се дружевме и додека лежев таму ми правеше анкети за којзнае што и поставуваше луди прашања.
- Дали имаш скали дома?, му беше првото прашање. Пет минути се мислев... Имам, ама никогаш немам помислено на нив. - Дали имаш паднато во последнава година? - В кладилница на сите ливчиња. И еден испит во јануари. - Спортуваш? - До на кафе шо одам само...
- Болести на срце? - Не.
- Туберкулоза, бубрези, нешто на белите дробови?
- Немам ништо од то.
- Други заболувања освен овие кои ги набројав?
- Имам. Запиши таму "душата му е во критична состојба. Да не му ја оштетувате. После тој сам ќе си ја негува".

Николче од Коњско завиваше некоја песна од Тоше и си мислам дека Боби можеби е во право затоа што еднаш прочитав за човек што никогаш не се уморува додека трча и може да истрча до бескрај. И еден друг на кого не му студело никогаш.
Еднаш кога излегував од дома, пред врата Луи (мачорот што ми прави друштво веќе две години) и девојка му Хитлерка (црно бела е и грда) се клецаа и беа залепени, одвај врата отворив. Почнав помош да викам. Требаше да излегувам, а овие се тресат како да нема утре. Стрико ми вели дека Хитлерка најверојатно се породила затоа што стомакот и е спласнат. Вечерта пиеме кафе в кујна и со мајка ми правиме муабет за мачоров и и велам дека Хитлерка е породена ама не знам кај се мачињата. Таа ми вели - Мажјакот ќе ги задавит малите мачиња за пак да се парит со женката. Инаку таја не го остават ако ги цицат.
И седам така и ми се враќаат сликите од претходно, Луи, Хитлерка, страстите во воздухот и поврзав два со два...
- Мамо задавени се мачињата изгледа...
- Од кај знајш?
- Знам, ЗАДАВЕНИ СЕ МАМО, ЗАДАВЕНИ СЕ! И ме фати една таква манијакална смеа што морав да излезам надвор за скришум да се насмеам. Не сакав пред моиве, да не речат после дека сепак, и покрај се, синот им е среќен.
А кога бев мал и гледав во картата од светот мислев дека позади континентите целата земјина полутопка е Тихи океан и е голем од Америка до Азија и си мислев којзнае дали некој може да преплива пола свет. После кога првпат видов глобус ми стана јасно.
 
Драга,
Супер ден имав. Си купив нови балетанки пошо на моите на сред одење ѓонот се распадна па почнаа да се одлепуваат и ќе останев боса :pos: И јадев таи храна. Убава беше. И пиев саке :D Јако тоа упм :X3: А јас така без кондиција... Не го испив цело. И гелови за туширање си купив од омилената ми продавница :P И пред да си идеме дома Старбакс нормално.
Можеше да заврши подобро. Ама ај ќе го заборавам делот кога дојдов дома и што се` не најдов. Нејќеш да знаеш...
Вака ко за прв ден, ок беше. Мислам дека може да бидеме другари. Али незнам дали ќе бидеме онака добри другари. Како и да е, ќе идам по геј барови сигурно :D Треба да биде бааги забавно. Само или он ќе треба да почне да збори погласно или јас на ушно треба да идам :unsure:
 
Нека не ви е криво на Жељко што не отидовме, значи приметувам нешто многу гз лижи типот во последно време на Македонија.. А иначе концертот беше многу тапа, значи кулминација беше кога улета и Лепа Брена и шта да ти причам више, уште Есма фалеше и сите ќе беа на број. Единствено што вредеше беше Бора што незнам како залута на ваков шабанско/полушабанско/лигавешки концерт. Јас залутав со мајка ми на концертов дека имавме гратиси (секако ќе има кога не можат да напунат па ајде гратиси преку спонзори), и дека реков дека нема да ја шитнам и ќе ја дружам негде :) Значи добор провод имаа секако шминкериве што се по дискотеки, девојчињава што плачат по „ѕвездиве„ и уште некои рендом фаци што морале да излезат од дома на нешто...
 
Драга,
Не ми е јасно како Жељко напуни стадион. Не дека имам против дечкото нешто, немам, дури симпатичен ми е ама не верував дека има капацитет тука да собере 2-30 000 публика.
 
Не сум свесен колку сум сјебан со спиењево -.-
 
Пепси е дупли профил на Форест. There, i said it!
Зарем мислевте дека реално може да постои толку глупа личност?
 
Драга, знаеш колку е јако да те бапнат 4-5 грча у нога, во спиење? ИЧ!
Имам потреба да се издерам од болка, колку што ме држи глас. А немам глас, фатен ми е и упм. Зборам ко мушко. Никогаш не ми било вака. :place:
Десново колено не можам да го оптегнам, а камо ли да се мрднам од кревет. :unsure:
Ќе си продолжам со спиење, па ако сакаат грчевиве... feel free да ме докрајчите. :вонзем:
Љута сум Кајги, не ти кажувам случки. Ај нека не се познава денот по утрото. Не сакам да сум ваква. :noze:
 
Кајги кажи и дека е нормално да има грчеви и да не може да исправи нога кога поголемиот дел од денот го поминува на коленици.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom