Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги,ја мразам моменталната состојба во која се наоѓам.
Не можам да кивнам од што ме боли раната која којзнае кога ќе почне да заздравува.
And I'm so angry.
:mad:
 
И така Владата прави рекламни спотови од секоја можна област, редно време е да направи една серија спотови на следнава тема:
Лична хигиена.

Изми ги забите и користи мастики, затоа што твојот здив е ужасен наутро во ЈСП.
Користи дезодоранс, затоа што твоите пазуви може некого да онесвестат.
Туширај се редовно, затоа што кога се разминуваш со луѓето на улица нема да те гледаат попреку и нема да ти велат дека смрдиш ко твор.
Личната хигиената е светост, дезодорансот е потреба, биди фраер не дозволувај да те покажуваат со прст.

Сигурно има уште по некоја реченица ама ова е главното.
Одвратно е како млади луѓе, дотерани дами и господа, не водат сметка за лична хигиена. Па топло е побогу, како се поднесуваат самите и се доведуваат до ваква ситуација.

*Hank Moody општествено одговорен граѓанин не бара никаква надокнада за оваа кампања, доволно е само да се сменат работите на подобро.
 
10453438_412036042269371_443111768012966673_n.jpg
 
Луѓе, баталете ги Панчев и Златко, на полноќ пуштете радио Слободна Македонија и глејте фудбал. Коментираат Тони и Део, се мочав од смеење прееска (додуша Јанко им беше гостин али јбг).
 
ми требaат:
-маркери за подвлекување
-стикери
-претискачи

И сладоледот отспротива.
 
Немам друга работа, се расправам со Американци за фудбал :facepalm:. Му праќам видеа од ултраси и кореографиите на Борусија Дортмунд, тој мене ми праќа видеа од пијани навивачи на Бронкос кај што се тепаат на улица и вика и во Америка има фанатични навивачи :notworthy:. Замисли драга, фудбалот им бил досаден пошто само си ја подавале топката и секогаш утакмиците завршувале 0-0, а рагбито и бејзболот супер интересни и забавни, па плус и многу лесни за разбирање и следење. 'Murica :tapp:.

Најубаво да си поминете сите утре на концертот на ултра-мега-балканската-вселенската и универзумската ѕвезда Јоксимович. Еј, настан на годината го направија концертот негов бе. До толку ли има безволен народ во државава што консумира само тоа што му се сервира?
 
Цеца може слободно да ми позавиди на бројот на сликите кај што сум со микрофон (даљинско) у рака. :coffee:

Иначе Драга, утрото ми започна со баклава. Ај нек се угоде, од утре здравје продужуваме со диета. :D
Пу, пу. Не важи. :oops:
 
Драга,
Комшо реновира куќа па машината уште у 7 ја уклучуваат и ми ствараат бучава под прозор. Ќе прашувам да идам и во сабота на работа гледам ја. :icon_lol: Кога веќе се будам рано, бар нешто корисно да правам...

Еј да, сонував како цртам и го памтам цртежот... може не е лошо да земам да пробам да го нацртам тоа, што викаш? Така и си мислев.
Ае драга бај :love: Идам да експериментирам нешто во кујна, не знам што ќе излезе од тоа, а со цртањето после ќе видиме што ќе бидне. :noze:
 
Гледам киндер јајце со нова амбалажа и си викам - Охооооо! Кога отварам ми го поделиле јајцето на два дела, едниот дел со едно лажиче крем и две никакви чоколадни топчиња :facepalm:, другиот имаше некоја напарави сам играчка - навидум саат или алка со налепница од човече што лета :facepalm:. Абе луѓе што треба да направи човек за пак да се осети ко дете?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom