Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Ме нема на форумов ко фер и исправна арбитража на светсково у Бразил, знам, ама тоа е. Многу обврски периодов, а богами и многу утакмици, многу серии, многу игри, многу испиени кафиња... Што е многу, многу е.

п.с. бонус слика:

10438533_775480485817278_8730425512888843102_n.jpg


:pos:
 
Последно уредено:
Драга,
Јас не пратам фудбал. И сум горда на тоа! Среќа не сум во Македонија, ќе ми пукнеше главата од муабети за фудбал сегде. Големата работа. Среќа овде неморам да ги читам, само си скролам :D
Нејќу дрво. Како материјал за правење било што, мразам дрво! Како растение нека си стои надвор и ќе го обожавам, ама да земе некој да го преработи да прави материјали за градење/кујни/полици/маси/столови/тракатанци-што-фаќаат прашина НЕ ФАЛА! Уште па необработено :mad: Да е обработено и офарбано да не му се гледаат тие линиите и да не знам дека е дрво, ќе преживеам. Ако не, ќе се задоволам со пластика, метал или било што друго. Никогаш не сум го сакала, а особено не сега откако фатив да ја чистам терасата (патем направена од дрво нели и тоа петпарачки). Убаво изгледа сега (бар делот што е исчистен), мислиш ново дрво сум ставила. Ама мачно е да се чисти бе. Чим завршам со чистење има да ја фарбам. За другата тераса нема чаре, ќе ја трпам дур сум тука. Иоанака поретко ќе се седи таму зашто не е заштитена од комарци.
Кога сме кај комарци, си купив спреј за заштита од тие бастардс, и тоа природен спреј и не отровен за кучињата и убаво мириса пази :X3: Мислам дека ми новото омилено нешто.
Денов ми е тапа иначе. Ми се степаа 2 кучиња :place: Глупава еднава ја скокнала оградата додека бев надвор со другите и се враќам и оп, изненадување... Дур отидов да ја фатам еднава, веќе се нападнаа. И ај ги одвоив еднаш, ама ми се лизна од рака, и пак. И пак таа глупавата и доаѓа на другава што едвај ја држам, иако е уствари послаба. Како сум се дерела немаш појма. Ама џабе, не слушаат кога се у тоа френзи. Се исплашив многу у пм. Срцево не 300, 500 на саат. Ми требаше да седнам откако ги одвоив. И така си поплакав малку. Неубаво чувство. Среќа само глупавата имаше мала рана на образот, без крв. Иако изгледа дека е малку подлабоко, можеше да биде многу многу полошо. Мило ми е што можев да ги одвојам, зашто иначе ќе се откажев од чување кучиња. Ги сакам сите, ама стварно сакам да и заврши терапијата на глупавава и да ја однесеме кај што треба (со надеж дека ќе ја засакаат таму и ќе си остане). Неможам веќе жими се. И да отиде стариов, и само 2 кучиња. Никад нема да чувам повеќе од 2.
И незнам како некои луѓе сакаат да бидат домаќинки. Не сум тој тип што мора да излезе од дома и го фаќа сафра, ама дефинитивно домаќински живот не е за мене.
Стигнаа фактурите дека сме платиле. Ај сеа нека пратат кога да идеме до Атланта :D Аман више.
 
И стварно кармава да ти била бич, бичосан. :D Мене почнаа да ме газат по патика, ееееј. :pos:Али коа више газиш, згазни ми ја цела нога, а не цела тежина врз малото прсте. :place: Цел живот нешто му се случува нему. Да можеше да збори, вакво ќе беше. :ROFLMAO: Кај мора секој ден мене да ме трпи, па уште другите. :pos:

Кајганчич, вчера со петни жили се трудев да им влезам у тоа е-дневникот. Да ѕирнам во тоа оценките. Али зезнато нешто им беше, нејќеше за жива глава. Секако ја мојава не им ја давам. :D Бар додека е жива. :P Но, гледаш ли они колку се тоа добри? И колку само мислат и се грижат за мене? Нејќат да ми го расипат распустов уште на почеток. Стрцки. :love: Од септември како има да учааам. Леле како има да учаааам. Лелеее, еј. Како ќе учааам. Ауууу. Кока кола сум за нив бе, еј. :ROFLMAO: Ма каква кока кола, Скопско! :icon_mrgr: Само нека ме држи ова мислењево дека ќе учам барем за време на школската година, а не само на распуст коа сме... тогаш све ќе биде у реду. Кога сум веќе со оценкиве... Од кај искочи зборот отценка? Страшно почна да ме иритира. :гик:

Патем пред некој ден, еден чичко и една девојка несакајќи ќе се судреа на кеј. И чичково и' се изнавика: Па имаш ли ти очи? o_O (нешто у тој смисол, не памтам точно). Али ептен беше лут, мислиш којзнае што било. И мене тука ми се исцрта една слика пред очи, што ќе беше - јас да бев на местото на девојчето. Ауч, ме заболе. Одма ја избришав сликата. :pos:Ко прво, они за малку ќе се судреа, а ја да бев, дефинитиваменте ќе се судрев. И којзнае шо ќе беше со мене. :ROFLMAO:

Сум заборавила дека вчера киселата вода ставив во замрзивач. И ете, сега чекам да се одмрзне, само малку текшко и' иде. :D Цела е во тврда агрегатна состојба (ова демек знам хемија:pos:). Ако ја стаам сега на шпорет и ја уклучам ринглата... ама на соодветно место, подалеку малку, можда и ќе се одмрзне. :rolleyes: Баста Шумеќо, Баста! Пор фавор! Не експериментирај, ќути и трај таму. Не барај беља. До вечер кај и да е, ќе премине и во течна агрегатна состојба. :ROFLMAO:
 
I can't believe the news today
Oh, I can't close my eyes
And make it go away!

Оти не можам?

Btw Кеј,
Конечно запознав доволно cute, sweet and interesting man. Баш каков што би посакала.
Штета што е грк. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom