И стварно кармава да ти била бич, бичосан.

Мене почнаа да ме газат по патика, ееееј.

Али коа више газиш, згазни ми ја цела нога, а не цела тежина врз малото прсте.

Цел живот нешто му се случува нему. Да можеше да збори,
вакво ќе беше.

Кај мора секој ден мене да ме трпи, па уште другите.
Кајганчич, вчера со петни жили се трудев да им влезам у тоа е-дневникот. Да ѕирнам во тоа оценките. Али зезнато нешто им беше, нејќеше за жива глава. Секако ја мојава не им ја давам.

Бар додека е жива.

Но, гледаш ли они колку се тоа добри? И колку само мислат и се грижат за мене? Нејќат да ми го расипат распустов уште на почеток. С
трцки.

Од септември како има да учааам. Леле како има да учаааам. Лелеее, еј. Како ќе учааам. Ауууу. Кока кола сум за нив бе, еј.

Ма каква кока кола, Скопско!

Само нека ме држи ова мислењево дека ќе учам барем за време на школската година, а не само на распуст коа сме... тогаш све ќе биде у реду. Кога сум веќе со оценкиве... Од кај искочи зборот отценка? Страшно почна да ме иритира.
Патем пред некој ден, еден чичко и една девојка несакајќи ќе се судреа на кеј. И чичково и' се изнавика: Па имаш ли ти очи?

(нешто у тој смисол, не памтам точно). Али ептен беше лут, мислиш којзнае што било. И мене тука ми се исцрта една слика пред очи, што ќе беше - јас да бев на местото на девојчето. Ауч, ме заболе. Одма ја избришав сликата.

Ко прво, они за малку ќе се судреа, а ја да бев, дефинитиваменте ќе се судрев. И којзнае шо ќе беше со мене.
Сум заборавила дека вчера киселата вода ставив во замрзивач. И ете, сега чекам да се одмрзне, само малку текшко и' иде.

Цела е во тврда агрегатна состојба (ова демек знам хемија

). Ако ја стаам сега на шпорет и ја уклучам ринглата... ама на соодветно место, подалеку малку, можда и ќе се одмрзне.

Баста Шумеќо, Баста! Пор фавор! Не експериментирај, ќути и трај таму. Не барај беља. До вечер кај и да е, ќе премине и во течна агрегатна состојба.
