Драга, во оваа тема пишувам секогаш сериозни работи и работи од срце, но мислам дека од ова нема посериозно да напишам...
... никогаш не сум седнал да возам кола. Иако тоа го сака од мал, ниту другар ми кој го познавам 13 години и речиси толку време ми е најдобар другар со кого споделувам се, уште не положил за возачка и не седнал да вози. Ниту неговата девојка, дел од нашето непроценливо друштво кое најмногу си го сакам. Ниту мојата бивша, која е нивна другарка. А сепак, вчера откако со првите двајца бевме седнати цело друштво, заминаа да се најдат со мојата бивша и да одат на роденден кај нивни другар. Јас и другиот дел од друштвото си се прибравме дома. Утредента кога еден од нашите другари не стави у чет и напиша нешто, ми се преврте светот. У моментот кога пиша дека моите пријатели ги удрило кола, пот ми се створи во рацете како вода, стравувајќи да дочитам што ќе пишува следно. Све тоа за да дознаам дека 15 минути откако се разделиле од нас, чекајќи на автобуската, кола изгубила контрола и се удрила во нив. Другар ми останал со скршеници и потрес, а неговата девојка на интензивна нега во критична состојба. Подоцна дознав дека имала и трета личност, секако, мојата бивша, која за среќа поминала со полесни повреди. И се јавив, сакав да ја видам како е, иако ме убедуваше дека е добро и дека нема потреба за тоа. Сеуште сакам да ја видам, се надевам откако ќе закрепне ќе се видиме, и само сакам да ја гушнам, ништо друго. Според тоа што рекле родителите, и му пренеле на другар ми за тој да ми пренесе мене, викаат дека сигурно ќе се опорават, иако девојката е во критична состојба и тоа го тврдат медиумите. Сигурен сум дека ќе преживеат, меѓутоа страв ми е од последиците. Се надевам нема да има никакви физички или психички. Нормално, прочепкав по нетот и најдов уште пред да бидат емитувани вестите. Настрадале од 19-годишно копиле без возачка во Ауди, кола која не ни била негова, туку на 17-годишниот сопатник, па откако удриле во друга кола и изгубиле контрола, па удриле во моите пријатели, си се извлекле без никакви повреди. Ќе го видам кој е, еден ден ќе го видам и ќе го запамтам. Ако им се случи нешто на моите пријатели, ако претрпат некои последици, ќе се осигурам копилето да добие фобија од влагање во кола, на кој било начин. Нека се моли да останат живи и здрави.
Да настрадаш ни крив ни должен заради некое лигаво, мамино копиле. Нема никогаш да го заборавам ова.