Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга денов поминат на апчиња.
Дали живееме за да умреме Драга?
Никогаш незнаеме кога нешто ќе не погоди и ќе исчезнеме во еден миг. Засекогаш.
Која е таа неизмерна болка кога згаснува нечиј живот.

Толку размислувам и филозофирам на оваа тема последниов период.
Дека често заминуваат личности...
И како да го живеам животот Кајги?
Никако не бива. Еве ќе кажам...незнам како да го живеам за да не ми биде криво коа ќе умрам.
И да не речат луѓето...ете ништо не виде од животот.
Таа реченица сака да каже....џабе си се родил. Незнам. Ништо незнам.

Сакам да ми се среди хаосов у глава. Сакам да не чувствувам дека главава ми тежи сто кила на раменициве.
Сакам очите да не ме печат кога гледам у небо.
Сакам да почувствувам слобода. Сакам да почувствувам неизмерна среќа и опуштање на секое можно мускулче.
Сакам да се радувам на моите успеси. Сакам да ЖИВЕАМ Кајги.
Сакам да ЗНАМ како да ЖИВЕАМ.

Зошто не напишале некоја книга и за тоа. Учам непотребни правила и законитости. Зошто за ова не измислиле?
Цело ова наше постоење е толку чудно. Како во сон. Како да сме несвесни за тоа што уствари е животот. Туку живееме зошто мораме...онака функционираме...се трудиме по малку и тераме некако.
Изморени сме...посебно деновиве имам силен нагон да се селам од државава. Политика ме утепа.
Секој си има свои планови, обврски и проблеми...тие на секој два дена им текнува ајде избори, ајде гласање....ајде ГЊАВАЖА.
Тортура врз народот. Ама ги боли уво за се`.
Каков неред еј? Заморува....замара!
Продадени души...напатени луѓе...факултет оставаат и трчаат во партија. По цел ден таму и гладни и небањати и поспани.
Глупа нација....незнам каква е оваа ситуација?

Денес ми е испукан филмот од се` Кајги.
Може те оптеретив малку...и те испозамарав. Ама имам толку за кажување а, немам на кого. Жртва си и ти.
Добра ноќ.
 
Кајграноу
Кој га измисли тј закон дека на утакмице не смееф флашичке мали сс воду да се унесеф, куде што услови су катастрофа и нема чешма,син/керка му/ву да ву гу : D да се угуши сс техаце без ич воду неколко саата у гужву од људи од над пет иљаде човека, напета атмосфера, сс мноо пцување и драње, засиптанти грла, а вода нигде гу нема, а уста ти суви. Сала капе ама киша гадна : D
Да даде онј што не постои а викаф дека постои, да се убие од траву, а воду да не види, стоке гадни што измислуеф глупави примитивни правила, док судие ќорави,и они плус појјаки, па па ги помагаф еј
демек бреј

А увек врне кд играмо сс емзете
 
Драга ете две малечки невести...шо ни напраиа турскиве серии ќе станеме полиглотска нација јазици од серии учиме...

Иначе денес дедо ми е позитив на денот, си отишол чоекот пред некоја недела да си плати домачен телефон у т-мобил, и му се стаиле 3-4 души го напнале за мобилен телефон, и стар чоек шо ќе праи си купил мобилен, оној за стари и слепи бројкиве ко копчиња за тестатура му се, али нема везе тоа и сеа се учевме нели шо како се врти и све и ок беше не е толку страшно, арно ама денес му кажал нешто телефонот за говорно сандаче, и ете го дедоми на врата иде, го пресретнува мајками и онда он го пуца прашањево...Абе кај е клучот од поштенското сандаче телефонот ми кажа пошта имало...?! И ја слушам мајка ми вришти, трчам ја да видам шо се десило, мајка урла од смеење, а дедоми стои збунето и не му е јасно, зашо не му го даваат клучот а пошта имаме у сандаче...:pos:...и така цел ден си се смеам:ROFLMAO:

И морам да ти кажам кајгана нешо си ептен тапа деновиве...:confused:
 
Драга,
Ме мрзи да си напраам нешто за јадење. Изгледа пак ќе земам смоки со јогурт да јадам :P
Џаболебарски ден иначе. Ќе правев нешто, и се премислив. Ај утре.
Има надеж за поголем придонес. Ама што, поголем дел треба у плико и да се чува. Не е интересно.
Никогаш не сум била добра во чекање, ама животов очигледно упорно пробува да ме смени. :cautious: Треба да водам инат? Или не вреди?
 
Драга, неможам да ги сфатам машките што не пратат каков било спорт, што прават во текот на денот, викендот.....едноставно спортот е најдобрата споредна работа на светот и стварно ме иритира некогаш кога ќе слушнам некој- Ај бе доста вие со фудбалот, дај кажете некој шушатурлук (трач), мислам малку педерски е од страна на машко, или не?

Немам против и женско кога прати фудбал, обожавам кога мојата понежна страна прати фудбал, едноставно ме разбира кога не треба да ме бара на телефон, и кога сум нервозен зошто е така :).


Туку светов, општо заминува во насока во која не треба да оди, нема повеќе деца кои уште како мали лупаат со топката од 9 часот насабајле, до 9 навечер, а би сакал да слушнам детски џагор насабајле како се караат за фудбал, дали било гол или не, макар и да ме разбудат од спиење....светов е чудно место за живеење.
 
Мали кафански мудрости vol.2

Доаѓа жена у години во кафана, си седнува на маса. А штаче жена сама у кафани? Нормално на ракија. Па каже:

- Една ракија и мала кисела вода.

Пар секунди и се поправа:

- Е извини дечко, дај ми обична вода, не смеам газирано, пијам некои лекови.

P.s Одлета малата у Лондону. Ми ја остави песнава:

 
Беше зора 6 април, 1944 година,таа тешко ранета,после борбите кај рудниците во Пробиштип.
Беше донесена на шаторско крило на губилиштето во Штип,пред насилно насобраниот народ. и ѕверски убиена.
-Пали
Беше погодена со три куршуми во главата и еден во градите.
Тукушто имаше наполнето само 16 години.
Беше борец на третата македонска ударна бригада.
НАДА МИХАЈЛОВСКА беше родена во Куманово,на 8 март 1928 год.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom