Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Многу се смешни овие со дуплите јузери. Член од Јануари или Фебруари 2014, а со среден аватар, кирилична поддршkа, и со заклучен профил.

Демек, се снаоѓаат.

Ако веќе правите дупли јузери, глумете малку неснаоѓање. Прв пат ви е, аман.
 
Последно уредено:
Не се двоуми,не губи време џабе, истреси го пепелникот од колата,додека чекаш на црвено светло на семафор,
на тој позади тебе во другиот автомобил дај му идеја, а што си ја видел од тој пред тебе, докажи дека си Македенонец,
(слика не е потребна,оти е секојдневна појава во живо)
 
Здраво!
К-к-к-кајгано!
Физика натпреварот се одржува на 26-ти. Денес е 6-ти!
Уште 20 дена.
Страв ми е да помислам!

Леле, што ќе направам јас таму???
Ќе стигнам ли воопшто на републички?

Досега мислав дека можам дури и да победам! Но сега ми „фуфка“!...
Страшно е!!!:confused:

Можам да претпоставам дека „срцето ќе ми излезе“ од страв таму...Исто како тогаш кога рекоа дека на 21-ви мај 2011 ќе биде крај на светот....а јас поверував и си ги броев деновите што ми останале...на прсти.:unsure:

Физиката и математиката ми се трета љубов. Но осеќам дека ќе ги замразам.

К-к-кајгано!
Ќ-ќе испогрешам се' таму! П-па п-п-после ќ-ќе с-си ја тр-трескам-м гла-ла-вата од ѕ-ѕидот к-како нек-која б-б-б-будала!:vozbud:
Ч-чао!
 
Драга Кајгана...
Недела е денес, убав неделен ручек, време кога сите комплет се собираме и ручаме заедно. Тоа е единствен светол момент во најдосадниот ден во неделата.
Башка надвор дожд... не ми се мрда никаде. Пијам кафе на терасата, си пишувам...
И, го чекам понеделникот.
 
Колку убаво мириса дома, после една напорна генералка. :pipi:
Што убаво исчистила мајка ми, алал и' вера. :P

Мајка ми: - Таблета, пак го обновила огласот.
Јас: - Од кај знаеш дека сум го обновила огласот?
Мајка ми: - Кое г*мно?

Она тоа сум знаеш дека сум го обновила, слушнала како знаеш дека сум г*мно. :pos:

Ништо не се гледа, ништо не се слуша и нема потреба да се зборува. :icon_lol:
 
Љубов е она што го бараш додека го немаш, а не го сакаш кога го имаш. Кога ја нема љубовта си рамнодушен, а кога ја има, тогаш осцилираш околу рамнодушноста, но аритметичката средина на осцилациите е секогаш еднаква на рамнодушноста. Но што не тера да избереме љубов пред рамнодушност ? Тоа што сите се плашиме од монотонија !:pipi:
 
Драга,

Некад у животот стига дел каде што мораш да бидеш суров.
Не зборам за тинејџерска драма момент, зборам за преминување на точка на толеранција. Долго време си трпел некој и нечиви срања, и долго време ти се складирале у тој куп на срања што таа особа ги има кажано/направено/бидено.
Ама едно, едно срање особено, е доволно големо за веќе да ти прелие и да решиш дека таа особа и покрај сите нејзини доблести и покрај сите допадливи мани, е составена од истото - срање.

Кажав срање? Е, епа срање.
Фино, ама пуштив вода. Кој ги ебе.
А има ли подобра ситуација, од онаа во која ти ништо не можеш веќе да изгубиш?

Незнаат осаменине бездомници, колку им е понекогаш,на долгорочен план, подобро.
 
Кратка хорор приказна: Јас кога пејам на караоке.

Го видов видеото од себе кога пејам караоке, гарантирам дека мојот глас пробива звучен ѕид!:icon_mrgr:

Иначе, оваква сум цел ден:

slide_335008_3365104_free.gif
 
Пензионерите не само што замараат по автобуси, туку и по маркети. Денес еден пред мене на касата застана и ме прашува дечко колку пари е тоа овошниот јогурт? Му кажав и почна: хммм мајката кај немате пари па претерувате, некој нема за леб вие јадете јагоди и ананаси. И сам си пцуеше низ маркетот.
Како со негови пари да ми го купува, па ќе ми кажува што да јадам. :tapp:
 
Драга, во оваа тема пишувам секогаш сериозни работи и работи од срце, но мислам дека од ова нема посериозно да напишам...

... никогаш не сум седнал да возам кола. Иако тоа го сака од мал, ниту другар ми кој го познавам 13 години и речиси толку време ми е најдобар другар со кого споделувам се, уште не положил за возачка и не седнал да вози. Ниту неговата девојка, дел од нашето непроценливо друштво кое најмногу си го сакам. Ниту мојата бивша, која е нивна другарка. А сепак, вчера откако со првите двајца бевме седнати цело друштво, заминаа да се најдат со мојата бивша и да одат на роденден кај нивни другар. Јас и другиот дел од друштвото си се прибравме дома. Утредента кога еден од нашите другари не стави у чет и напиша нешто, ми се преврте светот. У моментот кога пиша дека моите пријатели ги удрило кола, пот ми се створи во рацете како вода, стравувајќи да дочитам што ќе пишува следно. Све тоа за да дознаам дека 15 минути откако се разделиле од нас, чекајќи на автобуската, кола изгубила контрола и се удрила во нив. Другар ми останал со скршеници и потрес, а неговата девојка на интензивна нега во критична состојба. Подоцна дознав дека имала и трета личност, секако, мојата бивша, која за среќа поминала со полесни повреди. И се јавив, сакав да ја видам како е, иако ме убедуваше дека е добро и дека нема потреба за тоа. Сеуште сакам да ја видам, се надевам откако ќе закрепне ќе се видиме, и само сакам да ја гушнам, ништо друго. Според тоа што рекле родителите, и му пренеле на другар ми за тој да ми пренесе мене, викаат дека сигурно ќе се опорават, иако девојката е во критична состојба и тоа го тврдат медиумите. Сигурен сум дека ќе преживеат, меѓутоа страв ми е од последиците. Се надевам нема да има никакви физички или психички. Нормално, прочепкав по нетот и најдов уште пред да бидат емитувани вестите. Настрадале од 19-годишно копиле без возачка во Ауди, кола која не ни била негова, туку на 17-годишниот сопатник, па откако удриле во друга кола и изгубиле контрола, па удриле во моите пријатели, си се извлекле без никакви повреди. Ќе го видам кој е, еден ден ќе го видам и ќе го запамтам. Ако им се случи нешто на моите пријатели, ако претрпат некои последици, ќе се осигурам копилето да добие фобија од влагање во кола, на кој било начин. Нека се моли да останат живи и здрави.

Да настрадаш ни крив ни должен заради некое лигаво, мамино копиле. Нема никогаш да го заборавам ова.
 
Прво слегување и в казино, на прашањето дали ќе пуштам и јас реков никогаш во животот. Ама добар коцкар е за разлика од некои други златото на него е не е заложено...

Кога ми загорешчи се раслеков куров ме боли по маица, а и се чувствувам комотно во сопствено тело, вика брат шо си напрајл не се познава многу наоблечен ама вака очите и излегоа на онаа земи заоблечи се :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. А бе пиво пијаме и чичиритки мезиме :icon_lol:.

 
Брате @Ставрогин кулминацијата е кога постот за дупли јузери ти го лајкаат дупли јузери . :icon_lol:

И драга, да знаеш дека со 720p беше направена една фотографија вчера во Рамстор. И да прашам дали знаеш дека порачавме помфрит и похован кромид, оти мислам дека и Грујче дозна од толку повтарање. У случај да не знаеш. И трк сега на линкот од Донев да кликате сите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom