Кајг, предности да имаш музика и добри слушалки: не мора веќе да слушаш бобан рајович, цеца, курац палац во автобус... И пензионери кај се расправаат за сардина партито што сами го организираат секој вторник и петок.
Него назад на другиот поглед, ова беше за автобусите.
Сум јадел шамари, овој беше апла сочен, од нејзиното височество: Реалноста. Кутрата сака да се свестам дека грешам многу, али кој бе, ќе одам бос низ стакло и жилети само да стигнам до некаде, не е битно колку ќе боли. Епа шо да ти прам сеа, it's me, nothing else and everything wrong, but yeah, that's me. Море три дена ме лупаат истите шамари. И редно беше да видам зошто:
За да сум среќен... А дали сум среќен? Па да, валда... Дали знам што е да си среќен... можда, можда е само некоја илузија создадена во чудната сива маса наречена мозок, психата, некои психотропни супстанции успат или малку повеќе кафиња. Па, што е да си среќен бе? Или, хмм... Дали некогаш сум бил среќен. И на тоа не се сеќавам. Сега ми е подобро од тогаш, тоа подобро е релативно дали е среќа или душевен мир (аа не, ова не работи кај мене, ете пак бајрам на умот) или што ти ја знам бе, се се дешава.
Сума сумарум испаѓа мазохистичка природа, а не сум и до толку дагоебам. Или па ако гледаш така, после секоја дешавка на патот до дома се мислиш кај си заебал, а знаеш дека си заебал. А уствари не си заебал. Уствари се било океј. А и тоа е релативно

или не било океј... Или наједноставно, ти не си океј и се те води дека ништо не е океј.
Ајт